За Муратов, Нобеловата награда за мир е заслуга на сите кои загинаа за слободата на говорот


Главниот и одговорен у редник на Новаја газета, еден од добитниците на овогодишната Нобелова награда за мир, Дмитриј Мутаров изјави денеска дека таа награда не е негова заслуга туку за весникот и колегите кои загинале за слободата на говорот. Тој додаде дека го барале од Нобеловиот комитет, но не одговорил телефонски. – Немав време ни […]

Русковска поднесе обвинение против Рашковски и уште шест други лица


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери. Ваквиот развој на настаните обвинителката Русковска го најави на 21 септември годинава, кога објави дека […]

Концерт на НОБ на свеченото затворање на 44. Денови на македонска музика


Фестивалот 44. Денови на македонска музика ќе биде затворен со гала концертот на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Пред гала концертот на свеченото затворање ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ. Од СОКОМ информираат дека на гала концертот на солистите и оркестарот на Националната опера и […]

Европол: Во Шпанија откриена печатница за фалсификувани документи


Припадниците на шпанската национална полиција и полицијата на Барселона, со поддршка од Европол разбија организирана криминална група која се занимавала со имотни деликти, илегална имиграција и изработка на фалсификувани документи. Криминалната мрежа била вклучена во фалсификување и дистрибуција на документи, а исто така тргувала и со оригинални документи, украдени во Шпанија, кои ги користеле луѓе […]

Две згради во штипската касарна ќе прераснат во модерни и енергетски ефикасни објекти


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети штипската касарна „Јане Сандански“, каде се наоѓа, како што рече, нашиот главен НАТО капацитет и изврши увид на армиските објекти кои се во фаза на целосно реновирање. Активностите во поглед на сериозното реновирање на две згради од касарната, информира, се одвиваат според планот, забрзано и очекува да […]

Торино домаќин на Евровизија, според италијанските медиуми


Италија – Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во италијанскиот град Торино, објавија неколку западни медиуми. Неколку италијански градови, меѓу кои и Рим, Милано и Фиренца, се кандидираа за домаќин на натпреварот, но според последните наводи, шоуто 2022 година ќе се одржи во Торино, северна Италија. Европската радиодифузна унија и италијанскиот јавен […]

Скопјанка обвинета за лажни негативни ковид-тестови на скопскиот аеродром


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа против 38-годишна скопјанка. Таа на 3 август годинава се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца. Иако знаела дека не […]

Шведска ќе одвои 500 милиони евра за Западен Балкан во наредните седум години


Шведската влада вчера донесе нова седумгодишна стратегија за реформска соработка помеѓу Шведска и Западен Балкан и Турција. Постојаната соработка со земјите од регионот има за цел да ги зајакне условите за демократски и инклузивен развој.  Соработката со Западен Балкан ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Финансирањето на новата […]

Северна Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите


На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите […]

Владата ја усвои информацијата за дигитално поврзување на Западен Балкан


Владата на Република Северна Македонија на денешната 110-та седница, одржана преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за извршени преговори за слободен проток на податоци и за интероперативен Западен Балкан за дигитална интеграција во регионот. За таа цел, како што информираат од владината прес-служба, Владата ги прифатила и усогласените текстови на изјавите за […]

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 22 лица, новозаразени се 1.691


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.691 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни денеска изнесува 9.515. Меѓу нив, 805 пациенти се во болница, а од нив 121 пациент се на респиратор. Едновремено починаа уште 22 пациенти. До денеска вкупно се тестирани 2.894.887 примероци, од кои 9.816 во послендите […]

Јанша ја обвини ЕУ дека претерува со владеењето на правото


Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, ја обвини Европската комисија за политичка злоупотреба на владеењето на правото. Во интервју за „Еуроњуз“, словенечкиот премиер, чија земја претседава со ЕУ во овој момент, рече дека напорите на Комисијата да ги натера земјите-членки како Полска и Унгарија да се придржуваат кон основните вредности на ЕУ се „блиску до кршење […]

ДЗС: Непримерни се тврдењата дека имало притисок врз Бугарите на пописот


Од Државниот завод за статистика ги оценија како непримерни тврдењата на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола дека од страна на попишувачите им се вршел притисок да не се изјаснуваат како Бугари, дека им се барале документи за доказ, дека биле навредувани кога се изјаснувале, па и дека им биле менувани изјавите за етничката определба, […]

Шилегов ја најави изградбата на новиот забавен парк со најголемиот ролеркостер на Балканот


Кон крајот на годината започнува изградбата на новиот забавен парк кој ќе биде на локацијата на стариот Луна-парк, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Според него, со овој проект градот станува регионален туристички центар. – За изградбата нема да се острани ниту едно дрво од паркот. Ќе го имаме најголемиот ролеркостер […]

„Не ми ги допирај очите“- почнува новата сезона на Скопје танцов театар


Вечерва во 19ч., во Музејот на современата уметност – Скопје во, во рамки на филмската програма „Кино-МСУ“ ќе се одржи танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар, со што започнува сезоната на настапи на компанијата. Кореографката Данчевска во најавата за претставата вели: „Не ми ги допирај очите“ се […]

Регионалната соработка ќе го олесни одржливото управување со отпадот


На покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора Ратко Митровиќ, во име на црногорското претседателство со Централната европска иницијатива (ЦЕИ), министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска учествува на Министерски состанок за животна средина во Трст, Италија. Во […]

Падна првиот снег на Пелистер


Ниските температури кои ја зафатија земјава периодов, придонесоа на повисоките места да има и врнежи од снег. Првиот снег падна на Пелистер, каде што температурите достигнаа и до 3 степени под нулата. Така утрово падна и првиот снег. Ниските температури ќе се задржат и деновиве. На пониските места ќе има врнежи од дожд. Фото: БабамБитола

Меган Маркл троши над 700 евра за нега на кожа


Англија – Дерматолози од британската клиника „Вера“ открија дека Меган Маркл имала најскапа рутина за нега на кожата во кралското семејство. Имено, производите коишто таа ги користи секој ден, чинат скоро 720 евра. На второ место е војвотката од Кембриџ, Кетрин (Кејт) Мидлтон, чии потреби и козметички  производи чинат нешто повеќе од половина од оние на […]

Жоан Лапорта: Се надевав дека Меси ќе игра за „Барса“ за без пари


Претседателот на „Барселона“, Жоан Лапорта изјави дека се надевал оти големата sвезда Лионел Меси ќе остане без пари. Во текот на летото, Каталонците направија напори да го задржат аргентинскиот напаѓач, но поради правилата на Ла Лига и поради нивната финансиска состојба, не можеа. Меси потоа ја прифати понудата на ПСЖ. „Го сакам премногу за да […]