Повторно високи бројки во Србија – 49 починати
Според официјалните податоци на српското министерство за здравство во последните 24 часа починале уште 49 лица во земјата, а бројот на новозаболени е 6.401. Вкупниот број на починати изнесува 8.631. Бројот на позитивни примероци од тестирањето и натаму е многу висок – 30,3 отсто.
На респиратори се 279 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 6.584 лица. Во србија од почетокот на епидемија потврдени се 994.708 случаи на инфекција.