Во Србија се гради фабрика за вакцини на „Синофарм“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе присуствува на церемонијата за полагање камен-темелник, за изградба на фабрика за производство на вакцини на „Синофам“. Објектот се гради со заедничко вложување на Србија, Кина и на Обединетите Арапски Емирати. Фабриката ќе се гради во земунската населба Соко Салаш, во делот на индустриската зона „Автопат“.

Гори фабрика за пелети во Пирот, Србија


Пожарникарите се борат да го изгасат пожарот што изби во некогашната фабрика за детски мебел „Столар“ во Пирот, Србија, каде сега се произведуваат пелети. Огнот гори во една од производствените хали на неколку стотини квадрати. За сега нема информации што го предизвикало пожарот и дали евентуално има повредени во пожарот. Синоќа, на неколку стотини метри […]

Тетово и целата земја завиени во црно, се чека што ќе покаже истрагата за големиот пожар


Најмалку 10 жртви однесе пожарот што избувна синоќа околу 21 часот во модуларната болница во Тетово. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари со седум возила. Надлежните најавија детална истрага за утврдување на причините на пожарот, а за денеска е закажана и вонредна седница на Владата. – Во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која […]

Двајца новинари приведени и претепани бидејќи штителе жени во Кабул


Двајца авганистански новинари, кои известувале за женските протести во Кабул, се приведени и брутално претепани од талибанските безбедносни сили, соопшти Хјуман рајтс воч. Таки Дарјаби и Немат Накди од кабулскиот медиум Етилаат-е Роз беа приведени и нападнати. Двајцата известувале за протестите на жените во главниот град на Авганистан, повикувајќи да се стави крај на кршењето […]

Граѓаните до полноќ ќе може да проверат дали ги има во Избирачкиот список


До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно […]

Бројот на новозаболени и починати од Ковид и натаму висок, до сега над 180 илјади позитивни и над 6 илјади починати


Повторно е критична состојбата со Ковид-19. Вчера починаа 24 лица, а беа регистрирани нови 702 заболени. Инаку, вакцинацијата се одвива непречено, а на 14 септември се очекува да пристигнат вакцините од „Фајзер“, како донација од Република Бугарија. Надлежните тврдат дека тие ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. На […]

Косово: Убиени во меѓусебна пресметка актуелен и поранешен кандидат за градоначалник од иста партија


Две лица се убиени во синоќешната престрелка во градот Пеќ во западно Косово, а според информациите кои ги објавија домашните медиуми, станува збор за пресметка меѓу лица од една иста партија – опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), јави дописникот на МИА од Приштина. Повеќе извори објвија дека во вооружениот инцидент, во меѓусебна пресметка со […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска закажани се седници на Комисијата за европски прашања, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе одржи две седници. На дневен ред на првата седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата […]

Промоција на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец


Во чест на 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија и 30-годишнината од независноста на Република Словенија денеска во Домот на културата „Илинден“ во населба Илинден ќе биде промовирана книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и еден од најплодните македонски публицисти, и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија и еден од […]

Седумдесет години од првата национална поставка (1951-2021)


Во објектот Даут пашин амам вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. Изложбата ќе биде отворена до 13 октомври, а свечениот чин на отворање ќе биде пропратен со музички настап. Од […]

Закажана вонредна владина седница за пожарот во Тетово


За денеска во 10 часот закажана е итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој синоќа целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Информацијата ја потврди и премиерот Зоран Заев кој на излегување од зградата на општината во Тетово изјави дека ќе заседава Владата. – Закажавме во 10 часот Влада, изјави Заев, кој не […]

Облачно со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, претежно во крајните западни и источни делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 16 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и посвежо со утринска температура до […]

Заев не даде изјава по пожарот во Ковид центарот во Тетово


Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување. Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции. Поради пожарот во […]

Заев за трагедијата: Борбата за животи се уште трае


Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук за пожарот во Тетово додека го водеше Кризниот штаб.   -Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.   Изразувам најдлабоко сочуство до […]

Премиерот Заев вечерва на итен кризен штаб во Тетово


Итен кризен штаб вечерва ќе се оддржи во  Општина Тетово, што ќе го води  премиерот Зоран Заев.   На состанокот ќе учествуваат вицепремиерот  Артан Груби, министерот Венко Филипче, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот Аријанит Хоџа, првиот полицаец Оливер Спасовски и други функционери.

Владата го откажа настанот за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, по веста за пожарот во Тетово


Владата го откажа настанот што требаше да се одржи утре по повод прогласувањето на Шар Планина за национален парк. По вестите за големиот пожар во ковид-центарот во Тетово, во кој има и жртви, од Владата соопштија дека манифестацијата се откажува. На настанот, утре попладне на Попова Шапка, требаше да присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот […]

Неофицијално има многу жртви во пожарот, Филипче досега потврди десет


Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница неофицијално има многу жртви а шпекулациите на медиумите се од 13 до 39 жртви. Министерот Венко Филипче потврди официјално само десет жртви оставајќи можност бројката да се зголеми.  – До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, […]

Македонските фудбалери ремизираа со Романија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено, 0:0 со селекцијата на Романија. Ове е трето реми за „црвено-жолтите“ во третиот и последен меч од септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство 2022. Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа подобри, имаа повеќе шанси, шеесетина минути доминираа на теренот, но повторно останаа без целиот плен. На другите […]

Повеќе од 30 пожарникари со седум возила го гасеа пожарот во модуларната болница – Тетово


Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но тоа се очекува да биде и официјално потврдено. – […]

Филипче: Има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот


Во пожарот кој избувна во Ковид центарот во Тетово има и жртви, но нивниот број засгеа не е знае.   – Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов – напиша […]