Гори фабрика за пелети во Пирот, Србија


Пожарникарите се борат да го изгасат пожарот што изби во некогашната фабрика за детски мебел „Столар“ во Пирот, Србија, каде сега се произведуваат пелети.

Огнот гори во една од производствените хали на неколку стотини квадрати.

За сега нема информации што го предизвикало пожарот и дали евентуално има повредени во пожарот.

Синоќа, на неколку стотини метри од овој пожар горела и семејна куќа, јавуваат српските медиуми.

Акцијата за гасење на пожарот во некогашната фабрика што произведувала деткси креветчиеа е во тек, а целта на пожарникарите е да не дозволат пожарот да се прошири на околните згради, кои се една покрај друга.