Со автомобил удрил во пешак во Охрид


Во средата вечрта, повреден е пешак на возраст од 659 години во Охрид, кога во него удрило возило „мерцедес“.  Во 20.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(59) од Охрид, удрило во пешакот В.К.(65) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во […]

Црвениот крст ќе им даде помош од 30.000 денари на семејствата на загинатите


  Црвениот крст на Македонија на семејствата на загинатите граѓани во пожарот во модуларната болница во Тетово ќе додели еднократна помош во висина од 30.000 денари по семејство. – Длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите и на повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 8 […]

Попишувачите денеска останале дома


  Попишувачите денеска повторно не излегле на терен за да ја спроведат статистичката операција, јавува „Плусинфо“. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за порталот кратко изјавил дека не може да даде повеќе детали зошто попишувачите останале дома. – Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. […]

Безбедносните сили на Косово понудија помош за Тетово


 Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај ги понуди сите капацитети на Безбедносните сили на Косово (ФСК) за помош на Тетово и на сите кои имаат потреба по големиот пожар во тетовската модуларна болница, во кој, според досегашните информации, загинаа 14 лица, јави дописникот на МИА од Приштина. Мехај преку својата страница на Фејсбук информира […]

Трговската размена над 9 милијарди евра, дефицитот милијарда ипол


Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9.440.427.000 евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 3.996.058.000 евра што е раст од 34,6 отсто во однос на истиот период лани, а увозот е 5.444.369.000 или 34 проценти повеќе. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1.448.311.000 евра.Покриеноста на увозот со извоз, […]

(Во живо) Теута Арифи прогласи тридневна жалост во Тетово


Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост. За тоа и за другите информации околу пожарот изјава на дава градоначалниката Теута Арифи. -Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што […]

Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница


Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. -Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со […]

Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово


Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и […]

Бугарскиот министер за надворешни работи упати сочувство за трагедијата во Тетовo


Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев изрази сочувство за синоќешната трагедија во модуларната болница во Тетово, јави дописникот на МИА од Софија. – Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во Ковид болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е […]

Демократски сојуз бара истрага дали зад пожарот во болницата стои човечки фактор


Демократскиот сојуз им изразува искрено сочувство на семејствата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово. -Во овој момент, најважно е истражните органи што побрзо да ги откријат причините за големата трагедија и, доколку се констатира дека зад тоа стои човечки фактор, итно да се преземат мерки за одговорност. Ковид-болницата во Тетово и […]

Украина го легализираше биткоинот


Украина е петта земја во изминатите неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути. Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски. Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што […]

Одложено денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“


Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата […]

Вучиќ-Заев: Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетотво, Србија нуди братска помош


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и, по повод пожарот во болницата во Тетово, во име на сите српски граѓани изрази сочувство до семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Белград. -Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово. Подготвени […]

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово


 Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел. -ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција […]

ОЈО: Обдукција на 14 жртви во Тетово, нема починати медицински лица


 За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, информираат […]

Спасовски: Посветени сме за брзо разрешување на ситуацијата во Тетово


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Тетово, кој ја зафати модуларната болница. Тој најави брзо разрешување на случајот. -Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите во пожарот во тетовскиот Ковид Центар и посакувам брзо закрепнување на повредените. Посветени сме на брзо разрешување на […]

Ова лето е најтоплото во историјата на мерењата


Европа годинава го имаше најтоплото лето во историјата на мерењата, но само малку потопло од претходните рекорди за периодот од јуни до август, објавија научници од Европската Унија. Европската програма Коперник за следење на климатските промени објави дека температурата од јуни до август е скоро за еден степен повисока отколку во истиот период од 1991 […]

Талибанците ќе дозволат заминување на 200 Американци и државјани на трети земји


 Талибанците се согласиле да дозволат 200 Американци и државјани на трети земји да заминат од Авганистан по завршувањето на американската воена евакуациска операција, и да ја напуштат земјата со чартер летови од аеродромот во Кабул. Тоа го соопштија денеска западни медиуми, повикувајќи се на свои извори. Според американскиот специјален пратеник за Авганистан, Залмај Халилзад, за […]

Тропската бура Минди стигна до американскиот брег


 Тропската бура Минди стигна до американскиот брег. Се очекуваат ветрови со брзина до 24 метри во секунда да ги зафатат Северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Бурата, формирана во Атлантскиот Океан, вчера ги погоди бреговите на Флорида, објави „Њујорк тајмс“. Островот Сент Винсент, 100 километри од градот Талахаси, бил прв на удар од стихијата. Метеоролозите […]

Експлозија во Загреб, повредено едно лице


  Непознат сторител, синоќа околу 2.20 часот во Загреб, главниот град на Хрватска, активирал засега непозната екслозивна направа, која оштетила неколку автомобили. Едно лице е повредено и превезено во болница. Не е позната тежината на повредите. Увидот е во тек, јавува загрепската полиција.