Во Србија се гради фабрика за вакцини на „Синофарм“


 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе присуствува на церемонијата за полагање камен-темелник, за изградба на фабрика за производство на вакцини на „Синофам“.

Објектот се гради со заедничко вложување на Србија, Кина и на Обединетите Арапски Емирати.

Фабриката ќе се гради во земунската населба Соко Салаш, во делот на индустриската зона „Автопат“.