Од Kовид почина 18-годишник од Гевгелија, регистрирани вкупно 31 починати, како и 256 позитивни од 2.778 тестирања


Во последните 24 часа регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.778 тестирања. Пријавени се 31 починат пациент и 545 оздравени, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Од 31 починат пациент 9 се од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 […]

Филипче: Ќе инсистирам на институционален пристап, точна анализа и проверка во однос на посетите во модуларната болница во Тетово


Ќе инсистирам на институционален пристап, точна анализа, проверка и секако разговор во однос на конкретното прашање за да ги изнесеме сите информации во јавноста, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со посетите во модуларната болница за Ковид-19 во тетово, во која што при пожар синоќа животот го загубија 14 лица. На денешната прес-конференција, […]

Четници се степале на хуманитарна изложба во Нови Сад, едните биле Еко, другите Њу ејџ


Две групи четници се степале минатиот петок на изложба во Нови Сад, која се одржувала во Кинескиот кварт. Изложбата Avenue of Memes била од хуманитарен карактер. Двете групи, Еко-четници и New age четници се судриле на 3 септември, а големиот инцидент бил спречен од обезбедувањето, пишуваат медиумите во регионот. Звучи како добра шега, но овие […]

Без вода дел од скопската населба Железара


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80 милиметри предизвикан од страна на инвеститор на улица „Гемиџиска“ број 49, прекин во водоснабдување имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Филип Филиповиќ“ во скопската населба Железара. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 18:15 часот и ќе трае до остранување на […]

Ријана ја повлече тужбата против својот татко


Ријана завчера ја повлекла тужбата против нејзиниот татко, што таа ја поднесе од неколку причини, две недели пред да се сретнат на суд, пренесува Би Би Си. Поп-ѕвездата го обвини нејзиниот татко Роналд Фенти за злоупотреба на нејзиното име во корист на негова компанија, па во 2019 година поднесе тужба за лажно рекламирање и нарушување […]

Африканска унија: Испратете вакцини во Африка, наместо да давате трета доза


Богатите земји би направиле подобро да испратат вакцини во Африка за да помогнат во борбата против глобалната пандемија на Ковид-19, наместо да акумулираат трета, засилувачка доза, за чија употреба се уште нема научни докази, изјави денеска директорот на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Џон Нкенгасонг. На денешната прес конференција тој рече […]

Починатите во болницата во Тетово биле на возраст од 29 до 79 години


Починатите во пожарот во тетовската модуларна болница биле на возраст од 29 до 79 години, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Тој потврди дека во моментот на пожарот во модуларната болница биле хоспитализирани 26 пациенти, а од персоналот имало и двајца лекари и четири медицински сестри. Дванаесет пациенти кои се евакуирани безбедно […]

Талибанците го обвинуваат Вашингтон за кршење на мировниот договор


Талибанците сметаат дека САД го кршат мировниот договор со тоа што на нивната „црна“ листа на терористи се уште се имињата на дел од новоизбраните министри во владата. „Фактот дека членови на новата авганистанска влада се на американската црна листа го крши мировниот договор постигнат во Доха“, се вели во соопштението на талибанското движење. „Сите […]

Фетел: Преговарам со Астон Мартин и многу скоро ќе одлучам за иднината


Пилотот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, не потврди дека ќе остане во тимот во 2022 година, иако се надева на успешно завршување на преговорите. – Немам новости. Комуницирам со тимот и мислам дека наскоро ќе добиеме одговор. Но, досега ништо ново. Ние преговараме. Навистина уживам да работам овде, имаме одлична атмосфера и верувам дека тимот […]

Сведоштво на девојка чиј татко и сестра биле во Ковид центарот во Тетово


Девојката, чиј татко бил меѓу пациентите што биле хоспитализирани во Ковид центарот во Тетово што синоќа изгоре, се огласи преку социјалните мрежи за да ја раскаже својата приказна.  Нејзиниот татко се спаси, а таа дала изјави за повеќе медиуми, но вели некои „ѝ ставале зборови во уста“. Нејзиното сведоштво го пренесуваме во целост:  Значи вака […]

Шведска и Чешка сметаат дека Северна Македонија треба веднаш да ги почне преговорите за членство со ЕУ


Приоритет на Стокхолм и Прага за време на нивното претседавање со Европската унија ќе биде Западен Балкан и напредок на земјите од регионот во реформите насочени кон почитување на европските вредности, најавија денеска министрите за надворешни работи на Шведска и Чешка, Ан Линде и Јакуб Кулханек. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Чешка […]

Бајден ќе им нареди на милиони владини работници да се вакцинираат


Претседателот на САД Џо Бајден, воведува построги правила за вработените во јавните институции и презема чекори и приватните фирми да го направат истото. Една од мерките која Бајден ќе ја преземе е потпишување на извршна уредба со која ќе се бара вакцинација на сите вработени во владата. Вработените нема да можат да се извлечат со […]

Обука на наставниците од Аеродром за спречување на насилството


Во рамките на проектот „Како до безбедни училишта“ денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа обука на наставниците и стручните соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром. „Општина Аеродром се грижи за беспрекорно одвивање на воспитно-образовниот процес, а особено за безбедноста на учениците. Оваа обука на наставниците е токму во таа насока – наставниците […]

Во Берово имало 19 тропски денови во август, во Гевгелија 29


Во август годинава средномесечните температури на воздухот биле натпросечни, а врнежите пониски за 50 отсто, соопшти УХМР. Според УХМР, во август 2021 времето беше екстремно многу топло и сушно на целата територија на државата. Беа регистрирани максимални температури од над 30 степени (тропски денови) во траење од 19 во Берово до 29 дена во Гевгелија […]

Дури 11 граѓани сакале да поминат граница со фалсификувани ПЦР тестови


 Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови приложени од македонски државјани на ГП Табановце и ГП Меѓународен аеродром Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. При проверка на ПЦР тестови приложени од македонски државјани на Граничниот премин Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни ПЦР тестови, додека […]

СЕММ бара точни информации а не шпекулации во медиумите за Тетово


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува на професионално известување од медиумите за пожарот во модуларната болница во Тетово, а од институциите навремено и прецизно информирање, со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти. Од СЕММ соопштија дека со голема загриженост ги следат прекршувањата на новинарските стандарди во […]

Затоа Роналдо има вакво тело, внимава на него како да е „Ферари“ – неговиот готвач ја откри тајната за неговиот изглед


Кристијано Роналдо има 36 години, но продолжува да ги поместува границите и да ги руши светските рекорди. Неодамна, по двата гола за Португалија, влезе во Гинисовата книга на рекорди, а исхраната му помага многу во сето тоа. Доволно е да погледнете една фотографија од Португалец без маичка и јасно е дека се грижи за секој […]

Мисајловски побара оставки од Заев и Филипче


Ниту еден живот не смее да згасне поради нестручност, некадарност и неодговорност при менаџирање со здравствениот систем, порача на прес конференција Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Иако нагласи дека на ваков ден не сака да внесува политика, сепак го направи тоа. -ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од тешки зборови во овие денови за неспособноста на оваа Влада.Не […]

На Владимир Талески му се заканува нов судски процес


Обвинителе акт за поренешниот градоначалник на Битола за превоз на ученици, набавка на масло за греење и за реконструкција на два моста   Анета Блажевска БИТОЛА – Обвинителен акт за незаконски спроведувани јавни набавки во општина Битола во период од 2014 до 2017 година​ е покренат против бившиот градоначалник Владимир Талески, бившиот секретар на општината […]