Четници се степале на хуманитарна изложба во Нови Сад, едните биле Еко, другите Њу ејџ


Две групи четници се степале минатиот петок на изложба во Нови Сад, која се одржувала во Кинескиот кварт. Изложбата Avenue of Memes била од хуманитарен карактер. Двете групи, Еко-четници и New age четници се судриле на 3 септември, а големиот инцидент бил спречен од обезбедувањето, пишуваат медиумите во регионот.

Звучи како добра шега, но овие две групи постојат и споделуваат меми на Интернет преку социјалната мрежа Телеграм во кои промовираат радикални, екстремно десничарски ставови.

Изложбата била замислена како изложба на интернет меми од најпознатите страници на социјалните мрежи, а експонатите биле продадени на аукција, пренесува порталот Автономија.

Меѓутоа, меѓу поканетите на изложбата биле и некои од администраторите на страниците кои се членови на четничката група New age. Звучи како пародија, но New age четниците се група екстремнi десничари кои промовираат радикални ставови преку меми на социјалните медиуми.

За време на изложбата, членовите на четниците од New age го нападнаа основачот на групата Еко четници, исто така радикална десничарска група, прво преку социјалните медиуми, а потоа дојде до краток вербален и физички конфликт. На крајот, обезбедувањето ги отстрани од изложбата уште пред да пристигне полицијата.

Пред конфликтот, четниците од New age залепија налепници на експонати со заканувачки пораки до антифашистичките организации и ова не е првпат да направат инцидент. Оваа пролет, тие одадоа почит на „жртвите на српската омраза и сепаратизам“ како одговор на претходниот протест во Нови Сад против фашизмот.

Видеото објавено на социјалните мрежи прикажува неколку мажи во црни маици како се туркаат и се удираат со тупаници во пределот на главата.

Фондацијата Нови Сад 2022 им потврди на медиумите дека имало „краток вербален и физички конфликт помеѓу неколку посетители“, и додаде дека од учесниците во инцидентот 15 минути пред конфликтот било побарано да го напуштат Креативниот дистрикт каде што се одржувала изложбата бидејќи лепеле налепници преку поставките на изложбата.

Според Блиц, двете групи четници кои се судриле го продолжиле конфликтот на социјалните мрежи, каде што продолжиле да се навредуваат меѓусебно.

Се додава дека полицијата интервенирала по тепачката и зела изјави од насобраните и од учесниците, но не е познато дали против некого била поведена било каква постапка.