Попис на населението во Хрватска од денеска до 17 октомври


Хрватска – Во Хрватска денеска почнува пописот на населението, а оваа статистичка операција е предвидено да трае до 17 октомври. Денеска почнува првата фаза од самопопишувањето, преку системот е-Граѓани и ќе трае до 26 се птември, додека од 27 септември почнува втората фаза, кога попишувачи ќе излезат на терен. Како што појасни Државниот завод за статистика, […]

Гринпис: Руските пожари изгореа површина половина од големината на Германија


Пожарите уништија рекордна површина шумско и степско земјиште во Русија досега оваа година, област со големина што е половина од територијата на Германија, соопшти еколошката организација Гринпис. Оваа организација проценува, врз основа на сателитски податоци, дека изгореле повеќе од 17,6 милиони хектари, со што е соборен претходниот рекорд од 16 милиони хектари поставен во 2016 […]

Мицотакис од Солун најави зголемен раст за 2021 година и соопшти мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите


Низа даночни олеснувања; намалувања на ДДВ-то во одредени области; покривање на зголемувањето на цената на струјата; специјален план за поддршка на младите; 50 гигабајти интернет за вакцинираните тинејџери, набавка на уште шест француски воени авиони Рафал, се дел од мерки што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Солун, говорејќи на Меѓународниот саем, јави дописничката […]

Турција пример за целиот свет за третманот на бегалците, вели висок комесар на УНХЦР


Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации Филипо Гранди ја пофали Република Турција за одлучноста и посветеноста во напорите да обезбеди заштита на сите луѓе во неволја и рече дека Турција е пример за целиот свет, јави Анадолија УНХЦР соопшти дека Високиот комесар престојувал во тридневна посета на Турција и му се заблагодарил на турскиот […]

Бројот на активни случаи со корона-вирус се искачи на 13.406


Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупниот број на активни на корона-вирусот се искачи 13.406 лица. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови. Надлежните со постојани апели за вакцинација, […]

Музичко патување со Џослин Пук на „Манаки“


Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика во Битола ќе има работилница насловена „Компонирање филмска музика со Џослин Пук“. -Музиката е важна во животот на многу луѓе. Мојата музика обично се користи како друг глас во филмовите, фрла поинаква светлина на нештата, ќе рече Пук за филмската музика […]

Едукативна интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари


Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ денеска организира интерпретациска тура низ неолитското село и музеј Тумба Маџари. Во рамките на прошетката преку интерпретација и игри и загатки сите посетители на оваа невообичаена едукативна тура ќе имаат можност да се стекнат со искуство од прва рака, додека во живо ги посетуваат реконструираните домови […]

Истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври


Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии (ОИК). Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите. Откако […]

Јужноафриканската Република одобри вакцинација против Ковид и на деца од 12 години и постари


Регулаторното тело за здравство на Јужноафриканската република (ЈАР) ја одобри употребата на вакцината Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 години и постари, отворајќи пат за владата на земјата да ги имунизира тинејџерите. Регулаторното тело соопшти дека одлуката е донесена по ажурираната ревизија за безбедност и ефикасност во март оваа година. По слабиот почеток, кампањата […]

Промоција на книга за деца „До небото и назад“ од Ана Јовковска и Иванка НиБа


„До небото и назад“ е името на новата книга за деца која ќе внесе свежина во детската литература и илустрација, чија промоција е закажана за денеска на платото пред МКЦ во Скопје. Станува збор за книга која е дел од  едицијата сликовници за деца „Светулка“, а автори се Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Книгата […]

Времето облачно, на југозапад со услови за дожд, температурата до 29 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно, при што во југозападните делови на земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со дневна […]

Тешко повреден возач во сообраќајка на новата штипска обиколница


Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на мини обиколницата близу Штип, кај новиот мост на реката Брегалница, во која тешко е повреден еден маж. Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓорѓиев за МИА изјави дека несреќата се случила во 20.45 часот и биле повикани од страна на полицијата да интервенираат во извлекување на […]

„Тиквеш“: Принудени сме да го прекинеме откупот поради блокада од страна на поединци кои манипулирале со квалитетот на грозјето


Винарницата „Тиквеш“ денеска беше доведена во ситуација привремено да го прекине откупот на грозјето, иако е единствената винарница во земјава која оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката, факт кој јавно го потврдија и актуелниот градоначалник на Кавадарци и претставникот на здружението на лозарите, информира вечерва компанијата. […]

Момче од Куманово почина по пад од хотелски балкон во Тирана


 Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, кога 28-годишно момче од Северна Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, јави Топ чанел. Според истиот извор, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал. – Првичните сознанија од истрагата […]

Парада на гордоста во Атина


Под слоганот „Ова е тоа што нѐ обединува“, попладнево во центарот на Атина се одржа традиционалната парада на гордоста на која учествуваа илјадници граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Учесниците велат дека и покрај пандемијата, оваа година парадата беше една од помасовните. Граѓани на различна возраст, маршираа низ улиците во Атина, а парадата традиционално […]

Столтенберг: Борбата против тероризмот ќе продолжи


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им оддаде почит на жртвите од нападите на 11 септември во САД, велејќи дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на заканата од глобалниот тероризам, јави ДПА. – Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога, вети Столтенберг на церемонијата во седиштето на […]

Моралните оставки и неморалните прозивки


Ужасната трагедија во Тетово, во која загинаа 14 луѓе кои се лечеа од корона вирусот во модуларната болница и истрагата за причините зошто тоа се случи уште додека траат деновите на жалост станаа помалку значајна тема од оставката на министерот Венко Филипче, како и за оставките на заменикот министер и директорите на клиниката во Тетово. […]

Инциденти на протестот против задолжителната вакцинација во Солун, кусо пред говорот на Мицотакис


Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина. Попладнево во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, […]

(Фото) Тетовци им одадоа почит на починатите во пожарот и побараа одговорност


Тетовци денеска преку марш им оддадоа почит на починатите во пожарот што ја зафати модуларната болница и побараа одговорност за 14 згаснати животи. Тие на плоштадот во Тетово симболично засадија 14 дрвја, а во изгорената модуларна болница поставија венец, свежо цвеќе, а во чест на жртвите во пожарот имаше и едноминутен молк. Инаку, откако пристигнаа […]

Каталонските сепаратисти одржаа масовен митинг во Барселона пред разговорите со владата


Сепаратистите од Каталонија го одржаа првиот масовен собир во Барселона од почетокот на пандемијата на коронавирус, сакајќи да покажат единство и покрај поделбите во нивните редови пред преговорите со шпанската влада. Илјадници демонстранти кои го поддржуваат отцепувањето на Каталонија од Шпанија, маршираа со знамиња и транспаренти во центарот на Барселона, пренесува Бета. Луѓето носеа маски […]