(Фото) Тетовци им одадоа почит на починатите во пожарот и побараа одговорност


Фото: Б. Грданоски

Тетовци денеска преку марш им оддадоа почит на починатите во пожарот што ја зафати модуларната болница и побараа одговорност за 14 згаснати животи.

Фото: Б. Грданоски

Тие на плоштадот во Тетово симболично засадија 14 дрвја, а во изгорената модуларна болница поставија венец, свежо цвеќе, а во чест на жртвите во пожарот имаше и едноминутен молк.

Фото: Б. Грданоски

Инаку, откако пристигнаа пред ковид-центарот, учесниците на собирот се приближија до остатоците од изгорената болница, при што на неколкумина им беше дозволено да влезат и да положат цвеќе.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски