Бројот на активни случаи со корона-вирус се искачи на 13.406
Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупниот број на активни на корона-вирусот се искачи 13.406 лица. Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови.
Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата.