Премиера на новиот проект на МНТ „Нема да биде крај на светот“ во Сараево


Премиерата на проектот „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, ќе се одигра денеска на сцената на САРТР  – Сараево. „Нема да биде крај на светот“ е најновиот проект што почна да се подготвува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ). Проектот во продукција на Перипетија продукција, a […]

Активни 13.008 случаи, надлежните апелираат што поголем број граѓани да се вакцинираат


Бројот на активни случаи во државава изнесува 13.008 од кои најголем број 5798 се во Скопје. Во Тетово има 1051 активен случај, во Куманово 914, во Струга 656, во Охрид 653, во Гостивар 569, во Струмица 511, во Кичево 480… Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 4.384 тестирање, регистрирани се […]

Облачно со дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. […]

Метју Палмер именуван за американски пратеник за изборните реформи во БиХ


Соединетите Држави го назначија поранешниот пратеник за Западен Балкан Метју Палмер да ја надгледува проблематичната програма за изборни реформи на Босна и Херцеговина во потег за кој Вашингтон вели дека е знак на неговата посветеност кон регионот, пренесува Радио Слободна Европа. Габриел Ескобар, кој беше назначен за заменик-помошник државен секретар за Јужна и Централна Европа […]

Франција ги повлече амбасадорите во САД и Австралија поради подморниците


Одлуката „е оправдана со исклучителната тежина“ на ситуацијата, изјави францускиот министер за надворешни работи   Франција ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија како одговор на нивниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и поништениот договор за подморници вреден десетици милијарди евра, кој Париз го имаше потпишано со Канбера. „На барање на претседателот […]

Децата во САД се здебелиле двојно повеќе за време на пандемијата


Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека кај децата и тинејџерите во САД  индексот на телесна маса (БМИ) се зголемува двојно повеќе од нормалната стапка за време на пандемијата Ковид 19, што укажува на тоа дека карантините и мерките за епидемијата имаат придонес во зголемувањето на телесната тежина повеќе од вообичаеното. Според […]

Научниците на ФДА не препорачаа трета доза од „Фајзер“


Научните советници на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) гласаа да не се препорача трета доза од вакцината Фајзер за повеќето Американци постари од 16 години, што е потенцијално значаен удар за администрацијата на претседателот Џо Бајден, кој веќе објави план за „поттикнување“ на имунитетот на возрасните пред советодавните комитети воопшто да имаат шанса […]

Пентагон призна дека во Кабул се убиени само цивили


Централната команда на САД призна дека сите жртви се цивили, меѓу кои и деца, но дека никој нема да одговара. Откако Пентагон со недели инсистираше дека во нападот со беспилотни летала во Кабул на 29 август убиени се терористи на Исламска држава, Централната команда на САД сега се огласи. Американскиот напад со дрон во Кабул […]

Заев – Ајкхорст: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение


Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот, беа главна тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелина Ајкхорст. Како што информираше премиерот Заев вечерва на својот фесјбук-профил, на работна средба присуствувале и заменикот на Ајкхорст, […]

САД ќе донираат милиони вакцини од „Фајзер“


 САД планираат да купат милиони дополнителни дози на вакцини од „Фајзер“ против Ковид -19, што ќе ги донираат низ целиот свет, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори. Потегот на САД треба да биде објавен на почетокот на следната недела, што се совпаѓа со состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, велат изворите […]

(Галерија) Очи во очи со живи статуи: „Статуафест – Скопје на улица“


Скопјани, но и оние кои денеска и утре ќе се најдат во центарот на градот, имаат можност од 18,30 до 21,30 часот на улицата Македонија да се сретнат очи во очи со живи статуи, во рамки на годинашниов фестивал „Статуафест“. Дел од атмосферата ја прикажуваат фотографиите што ги направи вечерва нашиот фоторепортер Борис Грданоски.  Како […]

Маричиќ: Пописот се спроведува успешно, дневно се попишуваат по околу 100.000 граѓани


Министерот за правда Бојан Маричиќ на вечерашното интервју на телевизија „Сител“ оцени дека пописот се спроведува успешно, без речиси никакви проблеми и досега се попишани околу 900.000 граѓани или околу 100.000 дневно. – Во текот на викендот ќе достигнеме до милион попишани граѓани од теренското попишување. Дополнително, има сериозна бројка и од онлајн попишувањето. Пописот […]

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето


Англискиот Манчестер Јунајтед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона. Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти. […]

Холандија: Уште еден министер поднесе оставка поради Авганистан


Министерката за одбрана Анк Бајевелд прво одбиваше да поднесе оставка, но не успеа да го издржи притисокот   Холандскиот министер за одбрана стана вториот член на кабинетот кој поднесе оставка поради дебаклот за евакуација во Авганистан. Анк Бајлевелд поднесе оставка во петокот, откако министерката за надворешни работи, Сигрид Кааг, излезе од кабинетот откако парламентот официјално […]

Повторно многу починати од короната – 29


Заразата во Скопје никако да стивне, во главниот град се пријавени 249 од 561 случај на позитивни лица. Почина и двегодишно дете, кое досега повеќе пати било хоспитализирано и оперирано   Можеби бројот на нови инфекции се намалува, но тоа оди со многу мало темпо, додека билансот на починати и натаму останува висок. Во последните […]

Шекеринска се сретна со Медлин Олбрајт


Министерката за правда Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права. – Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква […]

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп


Вашингтон денеска е во состојба на готовност пред собирот на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои ќе излезат на улица за да ги поддржат демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6 јануари. Црната ограда, што беше поставена околу комплексот шест месеци по смртоносните настани во седиштето на американската демократија, беше вратена на тоа место […]

Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари


Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер. -ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер. -Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се […]

МЗ: И покрај напорите на лекарите да го спасат, почина двегодишно дете донесено во тешка состојба на Детската хирургија


Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за дете […]

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“


Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, а денеска тимот на филмот одржа прес конференција на која режисерката Дума и екипата од филмот говореа за предизвиците, успесите, инспирацијата… -Вистинит настан беше инспирација за филмот и се случи во моето училиште, а случајот се појави и на вести. […]