Повторно многу починати од короната – 29
Заразата во Скопје никако да стивне, во главниот град се пријавени 249 од 561 случај на позитивни лица. Почина и двегодишно дете, кое досега повеќе пати било хоспитализирано и оперирано
Можеби бројот на нови инфекции се намалува, но тоа оди со многу мало темпо, додека билансот на починати и натаму останува висок. Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај, што значи 12,7 отсто од примероците. Починаа 29 лица, од најмладото е дете од 2 години.
Според градови: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.
Меѓу починатите 13 лица се од Скопје (88, 76, 70, 70, 69, 68, 67, 66, 56, 54, 53, 40, 2), тројца од Куманово (84, 69 и 39), по двајца од Тетово (69 и 68), Струмица (76 и 68) и Охрид (88 и 67), по едно починато лице од Гостивар (71), Кичево (62), Дебар (60), Кратово (72), Радовиш (67), Крива Паланка (69) и Ресен (72). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, најмногу во Скопје – 201.
Двегодишното дете кое е меѓу починатите е родено со конгенитални малформации, со дијагнози на бактериска сепса кај новородено. Хоспитализирано и оперирано е во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на Клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со Ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis, информираа од Министерството.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 186.010, бројот на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а на активни случаи изнесува 13.008.