„Нетфликс“ освои најмногу „Еми“ награди


Англија– „Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија. И двете ТВ-серии освоија по 11 награди. Серијата „Тед Ласо“ ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), […]

Околу 30 милиони автомобили во САД на проверка за неисправни воздушни перничиња


Американската национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата истражува сомневања дека можно неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија „Таката“ можеби се вградени во приближно 30 милиони возила во САД. Станува збор за автомобили произведени од околу 20 компании меѓу 2001 и 2019 година. Меѓу нив се и Хонда мотор, Форд, Тојота, Генерал моторс, Нисан, […]

Организаторот на протестите во Тетово почна штрајк со глад


  Блерим Ахмети, организаторот на протестите во Тетово по пожарот во модуларната болница почна штрајк со глад. По протестите во кои беа повредени  четворица полицајци Ахмети доби осумдневен притвор. Од затворот за Алсат телевизија информирале дека неговата здравствена состојба во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за […]

Булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ, пуштен за сообраќај


Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз на булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај, соопштија од Град Скопје. Овој многу фреквентен дел од булеварот „Крсте Мисирков“ изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај […]

Истражување на „Брима“: СДСМ во предност пред ВМРО-ДПМНЕ во општините


Aгенцијата „Брима“ направи анкета за политичките ставови на населението во  Македонија во пресрет на локалните избори кое покажа дека, на прашањето за кандидат на чија партија би гласале во нивната општина,  19,8% се изјасниле за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, […]

Земјотрес во Босна и Херцеговина


  Ноќеска, три часа по полноќ, Босна и херцеговина беше погодена од земјотрес. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 25 километри од Тузла, и 13 километри од Грачаница, а бил со јачина од 3,6 степени според Рихтер, јави радио Сараево. Според сведоштвата на грашани на страницата ЕМСЦ, земјотресот бучел. „Чуден татнеж пред земјотресот“, напиша еден граѓанин […]

(фото) Црвениот килим на Еми: Изглед за (телевизиски) Оскар


САД-Во очекување на ТВ наградите Еми, познати како Оскари во телевизиската индустрија на кои се очекува „Круната“ да ја освои наградата за најдобра драмска серија, како и трофеи за актерите кои ја глумат кралицата Елизабета (Оливија Колман) и младата принцеза Дијана (новодојдената Ема Корин), синоќа во Лос Анџелес блесна црвениот килим, во сите бои на […]

Некој пука во руски универзитет – има загинати


Непознато лице почнало да пука во Пермскиот државен универзитет во Русија. Како штоо јавуваат руските медиуми, има загинати. „непознато лице влезе на територијата на Пермскиот државен универзитет и почна да пука на студентите и професорите. Има загинати и повредени“, вели неименуван извор од Итната помош. Во извештаите се јавува дека луѓето бегаат од универзитетот, пренесе […]

Во Хрватска за една недела се самопопишаа повеќе од 500.000 луѓе, се појавија и лажни попишувачи


За помалку од една недела во Хрватска се самопопишаа повеќе од половина милион граѓани. Така, до вчера, предку апликацијата е-граѓани, се самопопишале 546.000 луѓе. Најмногу луѓе се попишале во Загреб, а постоа следуваат другите жупании. Самопопишувањето трае уште оваа недела, а потоа почнува втората фаза односно излегување на терен. Имено, попишувачите од оние кои се […]

Меси беше заменет, па одби да се ракува со тренерот на ПСЖ, Нејмар не му дозволи да изведе пенал


Шест натпревари, шест победи со гол разлика 18: 6. На почетокот би се рекло дека атмосферата во клубот е идилична, но далеку од тоа …   Во шестото коло од Лига 1, ПСЖ го совлада Лион со 2: 1 и задржа 100 процентен учинок. Парижаните очигледно не сакаат да препуштат ништо на случајот оваа сезона, […]

Шекеринска во Вермонт на средби со политичко-воениот врв на државата и на Националната гарда


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во американската сојузна држава Вермонт откако имаше средби во Пентагон со секретарот за одбрана Лојд Остин и со неговите блиски соработници – потсекретарот Колин Кал и помошничката секретар Лора Купер, како и во Стејт Департментот со новиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. – Шекеринска во Вермонт […]

Без струја утре делови од Кисела Вода, Чаир, Карпош и Сопиште


Од 8 до 15.30 часот утре (21 септември) без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел ул. „Ѓорѓи Сугаре“ 16 и од ул. „Михаил Чеков“ број 4 и 9 во општина Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија а.д.. Од12 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците […]

Морисон: Пропаднатиот договор со Франција е во интерес на Австралија


Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека е во национален интерес на неговата земја да го раскине договорот од 2016 година со Франција за купување подморници. – Јасно е дека другата страна во договорот (кога ќе биде раскинат) ќе биде вознемирена и разочарана. Јас го разбирам тоа, но исто така, сигурен сум, ќе биде јасно дека […]

Скопје е регионален центар на литературата: Се одржува „ПРО-ЗА Балкан“со врвни автори


Авторите Мирча Картареску, Јоана Николае, Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ, Оливера Ќорвезироска, и издавачите Гојко Божовиќ, Диана Матулиќ и Андреј Хочевар, се гости на Интернационалниот литературен фестивал кој се одржува на повеќе локации во Скопје Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ беше отворен синоќа во  Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот, како и домашни автори се […]

Пештера во САД продадена на аукција за два милиона долари


Познатата „Пештера на цртежи“ во Сент Луис, САД, украсена со илјадници години стари карпести слики на ѕидовите, е продадена на наддавање. Од 1953 година, пештерата и околината се во сопственост на семејство од Сент Луис, кое го користеше како ловиште. Купувачот, кој претпочита да остане анонимен, ја купи пештерата и околното земјиште за 2,2 милиони […]

Објавена книгата „Мојот предизвик Охрид“ од Вера Стојчевска-Антиќ


Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави најновата книга на проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ – „Мојот предизвик Охрид“, во која авторката говори за нејзиниот долгогодишен афинитет кон Охрид, почнувајќи од својата двегодишна возраст, па сѐ до 2021 година. -Осумдесет години го исполнуваат времето минато крај охридските убавини, исполнети во натамошниот раст, со формирање семејство во саканиот град, […]

Русија: Пет партии влегуваат во Државната дума, „Единствена Русија“ со убедливо водство


Пет партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално – демократската партија, „Праведна Русија – за вистината“ и „Нови луѓе“ влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија. – Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, […]

Претседателот Пендаровски ќе учествува на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации


Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија  на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. В четврток, 23 септември, шефот на државата ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на ОН, која се одржува на тема „Градење отпорност […]

Во секој момент на Интернет демнат 700.000 педофили


Зголемувањето на големата поврзаност и растот на неизбежните социјални мрежи во прв план ги извлекоа опасностите од педофилите, кои ги демнат наивните деца ширум светот. Благодарение на развојот на технологијата и интернетот, светот стана многу помал отколку што беше пред само 20 или 30 години. Со помош на компјутерите или се присутните мобилни телефони, едно […]

Италија ја победи Словенија во финалето на Европското првенство во одбојка


Во финалето на Европското првенство во одбојка одиграно синоќа во Катовице, репрезентацијата на Италија ја совлада селекцијата на Словенија со 3:2. Резултатот по сетови: 22:25, 25:20, 20:25, 25:20 и 15:11. Ова е прв трофеј од еврошампионатите за „азурите“ по 16 години и вкупно седма титула. Италијанците триумфираа шест пати помеѓу 1989 и 2005 година. Покрај […]