Кинески град од 9,5 милиони жители затворен поради три нови случаи на коронавирус


Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус, а испратени се и национални здравствени службеници за да се справат со ново можно жариште. Градот со 9,5 милиони жители во североисточна Кина денеска пријави три нови случаи на инфекција, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата. По првиот пријавен случај, властите почнаа […]

Том Хенкс го најави Филмскиот музеј во Лос Анџелес


Светската престолнина на филмот и дом на Холивуд – градот Лос Анџелес може да се пофали со музеи за сѐ, но досега немало ниеден посветен на кино. По многу одложувања, Филмскиот музеј на Академијата ќе биде отворен за јавноста следната недела. – Лос Анџелес конечно добива филмски музеј и крајно време беше за тоа! За […]

На гојазноста влијае квалитетот, а не количината изедена храна


  Гојазноста не мора нужно да биде резултат на внесот на преголема количина храна во организмот, покажа студијата на американски научници кои „епидемијата на дебелина“ во Америка ја припишуваат на обработени јагенихидрати, кои предизвикуваат хаос во метаболизмот. Според мислењето на група стручњаци, на чело со Дејвид Лудвиг, ендокринолог на Харвард и во бостонската детска болница, […]

Шефовите на француската и американската дипломатија можно е денеска да се сретнат на ГС на ОН во Њујорк, но засега не е планирана билатерална средба


Шефовите на дипломатиите на САД и Франција, Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дриан, денеска во ОН можат „да разменат мислења“  на состаноците со претставници на други светски сили, но засега не е планирана средба „очи во очи“ за кризата меѓу двете сојузнички земји. Двајцата министри ќе бидат заедно вечерва во Њујорк на традиционалната средба со […]

МВР: 224 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење, 20 без возачка дозвола


На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР. Изречени се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување […]

Силен земјотрес во близина на Мелбурн


Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, […]

Почина глумецот Вили Гарсон, познат по улогите во „Сексот и градот“ и „Пријатели“


Американскиот глумец Вилијам – Вили Гарсон, познат по улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Ова го објави неговиот син Нејтан Гарсон на Инстаграм. „Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој. Глумецот боледуваше […]

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, се најде на врвот на листата на најплатени фудбалери во светот во сезоната 2021/22 објави „Форбс“. Португалецот е на првата позиција со сума од 125 милиони долари пред оданочување. Од нив, 70 милиони се плати, 55 милиони се приходи од рекламни договори. По Роналдо следува напаѓачот на ПСЖ, Лионел […]

Над милион слободни работни места во Велика Британија: Се нудат 15 фунти за час, но нема кој да работи


Во полињата, во здравствениот сектор, зад воланот на камион: по Брегзит, Британија страда од акутен недостаток на работна сила. Нема кој да жнее, нема кој да вози камиони. Отворените работни места се веќе над милион. Бербата е во полн ек. Но, Ели Капер, која поседува фарма во Херефордшир, е многу разочарана. Недостатокот на работници во […]

Џонсон и Бајден ги синхронизираа своите политики кон Русија и Кина


Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во Белата куќа се согласија дека пристапот на двете земји кон Русија и Кина ќе продолжи да се базира на заедничките интереси на Лондон и Вашингтон, соопшти Даунинг стрит. – Премиерот и претседателот разговараа и за голем број меѓународни прашања, вклучувајќи ги Кина и Русија. Тие се согласија дека Велика […]

Интер ја забележа 1.500-та победа во Серија А


Интер синоќа на гостински терен ја победи Фиорентина со 3:1 во 5. коло од Серија А. За миланскиот клуб, оваа победа беше јубилејна 1.500-та во италијанското првенство. Интер успеа да стигне до таков резултат по 91 година 11 месеци и 15 дена по првата победа во националниот шампионат. Тоа се случи во октомври 1929 година […]

Германија ги повика земјите-партнери Тедрос да добие нов мандат на чело на СЗО


Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа вториот мандат на шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и ги повика другите земји да го поддржат овој поранешен министер за здравство на Етиопија пред да му заврши мандатот оваа недела. -Ги повикувам земјите-партнери да ни се придружат да го поддржиме назначувањето на извршниот […]

Столтенберг: Членките на НАТО мора да бидат обединети и покрај несогласувањата околу подморниците


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Њујорк изјави дека членките на Алијансата треба да останат обединети и покрај несогласувањата околу раскинувањето на договорите за продажба на француски подморници на Австралија, како дел од новото стратешко партнерство помеѓу САД, Велика Британија и Австралија. Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и […]

СЗО: Делта сојот ги замени останатите три загрижувачки варијанти


„Загрижувачката“ делта варијанта на коронавирусот, присутна во 185 земји низ светот, ги замени другите три загрижувачки варијанти – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО ). Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на […]

Пендаровски во Њујорк се сретна со Џес Бејли, поранешниот амбасадор на САД во Скопје


Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли. Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД. – Во Њујорк се сретнав со […]

Кина повеќе нема да гради електрани на јаглен во странство


Кинескиот лидер Си Џинпинг во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека Кина повеќе нема да гради нови електрани на јаглен во странство, како нејзин придонес во справувањето со климатските промени. – Кина ќе ја засили поддршката за другите земји во развојот на зелена енергија и нискојаглеродна енергија и нема да финансира нови проекти за јаглен во […]

Презентиран првиот Национален стратешки план на Грција за екстровертност – 458 активности за 2021 година


Од Западен Балкан и Европа до Блискиот Исток, САД, Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија се протега првиот национален стратешки план на Грција за екстровертност што содржи 458 активности за 2021 година, според генералниот секретар за меѓународни економски односи и екстровертност и претседател на Enterprise Greece, Јоанис Смирли, јави дописничката на МИА од Атина. Стратешкиот […]

Талибанците сакаат да зборуваат за Авганистан на Генералното собрание на ОН


По преземањето на власта во Авганистан, талибанците сакаат да зборуваат на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што дознава ДПА, ОН добиле писмо од талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки. Министерството за надворешни работи на милитантната група во писмото бара да учествува на 76-та генерална дебата, тврдејќи дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е […]

Oд понеделник, официјално, почнува изборната кампања, неофицијално, таа е во полн ек


Додека во ДИК течат подготовките за претстојните избори, од понеделник партиите ја почнуваат изборната кампања која ќе трае до 15 октомври. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години. Кампањата, неофицијално, е во полн ек – партиите, како оние од власта, така и од опозицијата, преку различни […]

Продолжуваат разговорите со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, Софија бара гаранции за Договорот за добрососедство


Разговорите со Бугарија за деблокада на нашите евроинтеграции продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка Влада во Софија. Предлогот на претседателството на ЕУ е основа за надминување на разликите, и покрај билатералните разговори што ги водат двете страни на министерско ниво, изјави вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во меѓувреме еврокомесарот за проширување […]