Силен земјотрес во близина на Мелбурн


Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.

Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви или поголема штета во земјотресот. Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот за населението во зона како Австралија, каде што тие не се навикнати на земјотреси.

Последователен земјотрес со сила од четири степени по Рихтер се случи по првиот земјотрес. Поголеми земјотреси се невообичаени во југоисточна Австралија.