Пендаровски во Њујорк се сретна со Џес Бејли, поранешниот амбасадор на САД во Скопје


Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.

Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.

– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион.
Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република Сeверна Македонија, наведува Пендаровски во објавата на ФБ.