Предизвици со сивата економија се уште постојат, има уште многу што да се направи


Сивата економија е најмногу застапена кај нискоквалификуваните кадри, кај младите и кај пензионерите, а граѓаните не се свесни дека со работењето во неформалниот сектор се изложени на повеќе ризици и немаат правна заштита. Државата мора да ги мапира секторите во кои таа е застапена и да работи на нејзино искоренување, порачаа денеска панелистите на конференцијата […]

Во Хрватска 1.812 новозаразени, починаа 13 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.812 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 8.389. Од нив 706 се лекуваат во болница, а 87 се на респиратор. Починаа 13 пациенти. До вчера, вакцинирани се 44,10 отсто од вкупното население, односно 52,93 отсто од возрасните.  

Заев најави бришење на зборот бугарски од описот за „фашистички окупатор“


Патоказот, краткото и долгото име на државава, немешањето во внатрешните работи и преговарачката рамка, којашто е работа на ЕУ со Бугарија, се конкретните чекори на коишто работиме и верувам ќе ги сработиме до крајот на годината, изјави денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање кои се конкретните чекори што бугарскиот државен врв вчера […]

Протест против сечењето 100 дрвја во Аеродром, од градот тврдат дека ќе засадат трипати повеќе


Коалицијата на невладини организации Зелен хуман град денес организираше протест во Аеродром за да спречи, како што тврдат, да се исечат околу сто здрави дрвја кои веќе се обележани , а со цел да се прошири улицата Васко Карангелески.    – Овој  масакр е платен со наши пари. На прагот сме на носење нов ГУП […]

Општините ќе добиваат повеќе пари, но од нив ќе се бара поголема финансиска дисциплина и транспарентност


Со Предлог измени на Законот за финансирање на општините ќе се подобри фискалниот капацитет и ќе се зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, најавија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, претставувајќи ги предложените законски измени што ги усвои Владата. -Приходите […]

Заев: Што ќе смени на изборите ако се одблокира законот за недела неработен ден?


Не сакам да обвинувам никого, сакам само да апелирам на одговорност пред граѓаните. Ние сме бирани, земаме плата да им служиме. Не е коректно да се блокираат законите. Јас разбирам кога има политичка цел, кога има аргумент за тоа нека се соопшти, но навистина нема никакви аргументи ваквите законски решенија да бидат блокирани. Ниту влијаат […]

Само што почна, Милошоски го прекина претставувањето на новите амбасадори


Преставувањето на новите амбасадори на Македонија на Комисијата за надворешна политика во Собранието само што почна, застана. Претседателот на Комисијата Антонио Милошоски даде пауза бидејќи некои од пратениците „имале работа“. Каква, не е јасно, со оглед на тоа дека работата на Собранието речиси целосно е парализирана. Успеал да се престави само кандидатот за амбасадор во […]

СЗО регистрира пад на новите случаи на Ковид-19 во светот


Швајцарија– Бројот на нови случаи на Ковид-19 во светот и во текот на изминатата недела продолжи да опаѓа, кога на глобално ниво беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции, во споредба со четири милиони новозаразени претходната недела, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Минатонеделниот пад на новозаразените случаи е прво значително намалување за повеќе од два месеци. […]

Највисокото дрво на светот обвиткано со алуминиумско ќебе за да не изгори


Гигантската секвоја во Калифорнија, наречена Генерал Шерман, е висока 84 метри и нејзиниот обем во основата е 31 метар   Пожарникарите ја завиткаа основата на најголемото дрво во светот во ќебе отпорно на пожар, додека се обидуваат да ја спасат позната шума со гигантски стари секвои од пожарите што горат во калифорниската Сиера Невада. Колосалното […]

Отворена изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“


Седумдесет и шест културни добра од националната листа на Словенија беа презентирани на денешната изложба во Музејот на Северна Македонија насловена „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“. Со ова, се означи почетокот на одбележувањето на Европските денови на културното наследство во нашата земја. Манифестацијата Европските денови на културното наследство ќе […]

Законот за употреба на јазиците останува ист и не се менува во зависност од Пописот


Податоците од Пописот, нема ретроградно да влијаат на Законот за употреба на јазиците, туку целта на оваа статистичка операција е да се знае колку граѓани има во Македонија, колку се надвор, за да се димензионираат економските, социјалните, културолошките и другите ресурсни политики.   – Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните […]

Заев не гледа логика Парламентот да го истражува пожарот во Тетовската болница


Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство. – Како што реков, ред е да ја почекаме истрагата. Така да јас би […]

(Галерија) Скопјани на велосипед и на тротинет за Денот без автомобили


Низ улиците во центарот на Скопје се одбележа настанот „Ден без автомобили“, во организација на Град Скопје по повод Европската недела на мобилност. Учесниците тргнаа од паркот Ибни Пајко-улица „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Партизански одреди“, десно по булевар „8 Септември“ и десно по булевар […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за несреќата во Тетово и обвинение за случајот


 ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара морална одговорност и оставки за несреќата во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, во изјавата за медиумите во Собранието, посочи СДСМ и ДУИ, обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, технички прием, ниту атестирани материјали, што […]

Царовска го искара Жика Стојановски за брзите тестови во училиштата


Откако Општина Илинден, вчера соопшти дека набавила брзи ковид-тестови за сите училишта на нејзина територија, министерката за образование мила Царовска, денеска порача дека таква препорака од здравствените власти нема, па нема потреба да се спроведуваат такви дополнителни мерки. – Не станува збор за желби и можности. Станува збор за препораки од здравствени власти. Ако Комисијата […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги кочи во Собранието законските измени за недела неработен ден  


Пратеничката група на СДСМ обвини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови ги кочи во Собранието измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, со што посочуваат, продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси.   – Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени? Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените […]

МЗ: Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“


Министерството за здравство соопшти дека денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои државава ги купила преку Ковакс механизмот. До крајот на годината, како што се посочува, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за […]

Почина Ричард Бакли, истакнат моден новинар и сопруг на Том Форд


САД– Долгогодишниот моден новинар Ричард Бакли почина на 72 -годишна возраст. „Со голема тага Том Форд ја објави смртта на неговиот сакан сопруг по 35 години, Ричард Бакли“, се вели во соопштението на дизајнерот. „Ричард почина мирно во нивниот дом во Лос Анџелес со Том и нивниот син Џек покрај него. Тој почина од природна […]

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван


Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и […]

Бектеши: Во иднина ќе бидеме транзит за гас за другите земји


За Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за […]