Во Хрватска 1.812 новозаразени, починаа 13 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.812 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 8.389. Од нив 706 се лекуваат во болница, а 87 се на респиратор.

Починаа 13 пациенти.

До вчера, вакцинирани се 44,10 отсто од вкупното население, односно 52,93 отсто од возрасните.