Претежно облачно и посвежо, со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, а на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и […]

Уште два дена попис, попишани 1.619.857 лица во земјава и 198.589 од дијаспората


Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се […]

Oбјавена Антологија „Мостови на пријателство“ со песни на 138 автори од 17 земји


По повод одбележувањето на „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“, по претходните четири изданија на „Диван“ со ист наслов, од печат излезе изборот на најдоброто од претходните изданија: Антологија „Мостови на пријателство“. -Во Антологијата се застапени песни на 138 автори од 17 земји, од Америка до Австралија со што се потврдува нејзиниот меѓународен карактер […]

Заев го спореди Мицкоски со шоферот со врзани очи од филмот „Ко то тамо пева“ 


БИТОЛА – „Знам дека вие битолчани сте добри познавачи на филмска уметност и сигурно се сеќавате на филмот ‘Кој тоа таму пее’. Се сеќавате на сцената кога синот на возачот на стариот автобус седнува зад воланот со врзани очи и познатата реплика ‘Вози Мишко’. Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години играат во свој филм, само […]

ДУИ ја почна „зелената кампања“ од Гостивар


ДУИ ја почна кампањата за локалните избори во Гостивар, каде ги претстави кандидатите за градоначалници. „Со овој тим засилен со стручни луѓе од нивните области, за кој ќе гласаме на 17 октомври отвораме нова страница и со нив започнува третата декада со победи“, изјави лидерот на партијата Али Ахмети. На предизборниот собир, одржан пред паркингот […]

Шолц ги шокираше германските медиуми зборувајќи на англиски


Досега беше незамисливо еден германски врвен политичар да одговара на англиски на прашања поставени на англиски јазик   Gott im Himmel! Човекот што сака да биде следниот германски канцелар веќе зборува англиски во јавноста. Олаф Шолц, социјалдемократот кој се бори да ја предводи следната германска влада по изборите во неделата, ги шокираше германските медиуми во […]

Кондовски: Во Битола ќе се скија и без снег


  Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски, на вечерашната промоција порача дека Битола ја замислува како развиена и перспективна општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее, град полн со живот, чист и раздвижен, економски […]

Георгиевски за Гази Баба: Касата е полна, долговите се вратени


Кандидатот и актуелен градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ја почна кампањата со тврдење дека, и  покрај светската пандемија, реализирал над 80 проценти од програмата за која доби доверба во 2017-та.  -Наследив заборавена општина, со долг од над 2 милиони евра. Места без вода и канализација. Овие четири години, за прв пат во историјата […]

Бајден ја прими третата, засилувачка, доза од вакцината против Ковид-19


САД–  Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, со надеж дека со тоа ќе им даде силен пример на Американците да ја прифатат дополнителната доза, додека некои од нив допрва треба да ја примат дури и првата. Во САД, минатата недела беше одобрена третата доза на Фајзер / БиоНТек […]

Заев од Демир Хисар: Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет (видео)


“Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава. А, од другата страна, ДПМНЕ огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато, изјави премиерот Зоран Заев од Демир Хисар, каде започна кампањата „Најдоброто за мојата општина“, на владеачката СДСМ. Според него, најдобрата […]

СДСМ му порача на Црвенковски да мисли пред да зборува


Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот, порача вечерва СДСМ реагирајќи на дебатата во МАНУ каде што се обратија поранешните претседатели Бранко Црвенковски […]

Шерон Стоун почестена во Цирих со наградата „ Златна икона“


Швајцарија– Дискутирајќи за нејзината кариера на филмскиот фестивал во Цирих, Шерон Стоун го коментираше и референдумот што се одржа истиот ден во Швајцарија, при што речиси две третини од швајцарските гласачи го поддржаа воведувањето истополови бракови. „Треба да биде повеќе затоа што кога некој друг сексуален живот е ваша работа? Можеби не ви се допаѓа, […]

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид: Доаѓа време на промени, проекти и победи


Доаѓа времето на промени, проекти и победи- порача од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, засилен со присуството на кандидатите за градоначалници, освен Данела Арсовска која се декларира како независна и затоа седеше во публиката. Според него Охрид заслужува повеќе од ова сега.  Откако предупреди на „тројански елементи во опозицијата“ на кои не треба да […]

Фајзер почна тестирање на орален антивирусен лек против коронавирус


САД – Компанијата Фајзер денеска објави дека почнала големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со Ковид-19 кај лица кои биле изложени на вирусот, пренесуваат британските медиуми. Истражувањето од средината до доцната фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332 врз најмногу 2.660 здрави возрасни лица, на возраст од 18 и […]

Федерер: Во иднина ќе се појави играч кој ќе освои повеќе од 20 Грен слема


Англија– Дваесеткратниот грен слем шампион Роџер Федерер одговори на прашањето дали некој може да ги надмине рекордите што тој, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ги поставија во последните години. – Мислам дека да. Не сакам да ги омаловажувам заслугите на Рафа, Новак и моите, но сега е полесно да доминирате на различни површини. Претходно, разликата меѓу […]

Средба на Заев со Јацек Олчак, извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“: Бизнис климата овозможува фер услови за сите компании


Северна Македонија е земја со одлична деловна клима каде компаниите имаат можност за долгорочно планирање и развој на инвестициите, е заклучокот од состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на „Филип Морис Интернешанал“, Јацек Олчак. Ова е прва посета на Олчак во Северна Македонија, каде оваа мултинационална компанија има партнерски однос со „Тутунски […]

Почина Драган Попоски-Дада, доајен на македонската скулптура


Доајенот на македонската скулптура Драган Попоски-Дада почина денес на 88 години, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи. Роден е во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, […]

Бугарија за амбасадор во ЕУ го испраќа досегашниот заменик министер за надворешни работи, Румен Александров


Бугарија– Досегашниот бугарски заменик министер за надворешни работи, Румен Александров, ја презеде функцијата постојан претставник на земјата во ЕУ. Веста ја соопшти дипломатската мисија на Бугарија во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Александров ја презема функцијата од  Димитар Цанчев, кој беше бугарски претставник во ЕУ од 2012 година. Од 1 септември, […]

Татко го избодел својот син во Скопско


МВР информира дека 53-годишниот З.Ц вчера во нивниот дом со остар предмет му нанел повреди на 22-годишниот син Ј.Ц. Момчето било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за инцидентот било известено и Основното јавно обвинителство. Се додава и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Посетата на Урсула фон дер Лајен ќе го измести сообраќајот во Скопје


Утре и во среда ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Секторот за внатрешни работи Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје поради официјална посета на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. […]