Утре почнува саемот на книгата на отворено и со сертификат


Под мототот „Читањето може да биде опасно…добро“ утре започнува саемот на книгата на кој ќе бидат организирани 33 промоции на нови изданија.На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%. Во периодот од 8 до 13 септември, во […]

Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе продолжи со водењето олабавена монетарна политика


Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре пред време, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст. Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во […]

„Инвеститорски ден“ по вторпат на Берзата


Со цел зголемување на знаењето на финансиските инструменти и подобрување на инвестициската култура во Северна Македонија, на 13 септември вторпат се организира настанот „Инвеститорски ден“. -Одржувањето на „Инвеститорскиот ден“ значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што […]

Царот ја судеше Бугарија во Стразбур


Бугарскиот цар Симеон Саксобургски  и неговата сестра Марија Луис Хробок покренаа судска постапка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради мораториумот за нивниот имот наметнат во 2009 година од Парламентот. Судот ја објави долгоочекуваната одлука, која не додели надомест на поранешниот цар и премиер, туку само 5.000 евра за трошоци настанати во случајот. […]

Трет човек почина во Јапонија откако прими контамирана вакцина на „Модерна“


Третиот човек почина во Јапонија по инјекцијата од една од трите серии на вакцини „Модерна“, откако се идентификувани како контаминирани, иако властите велат дека сѐ уште не е пронајдена причинска врска. 49-годишниот маж ја имаше својата втора доза на 11 август и почина следниот ден. Неговото единствено познато здравствено прашање беше алергија на леќа, соопшти […]

Пендаровски: Без инвестирање во човечкиот капитал, економскиот развој не може да биде одржлив


Без солидна и континуирана инвестиција во човечкиот капитал, економскиот развој не може да биде одржлив, порача денес претседателот Стево Пендаровски на вториот ден од Меѓународниот економско финаниски форум што се одржува во Скопје. Тој нагласи дека за таа цел предуслов е да се даде поддршка на младите кои се образуваат и создаваат во земјава. „Тие […]

Симовски: Се работи на пронаоѓање багови на системот за пописот


Денеска од сабајле системот за попишување не работел, затоа што се работело на отстранување на багови, информира директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој беше во посета на Средното техничко училиште во Куманово. Според него, вакви проблеми се очекувани кога се работи за технологија и тоа таква што прв пат се употребува кај […]

Во исчекување на стилска есен со новите колекции на „Fashion Group“


Сега кога полека се збогуваме со можеби највозбудливото годишно време, ништо не треба да нè спречи да уживаме во сите убавини што со себе ги носи есента. Познати по модерните класици, брендовите на „Fashion Group“ и оваа есен повторно ни овозможија вистинско уживање во ултра тренди парчиња за студената сезона што доаѓа, а кои знаеме […]

Бугарија се пребројува, хакери го урнаа системот


Националниот институт за статистика на Бугарија денес го започнува пописот кој се одвива и електронски и на класичен начин, со одење од врата до врата. Треба  да се пополнат 70 прашања, но од институтот уверуваат дека тоа е брзо и лесно. Од синоќа во 23 часот системот не е функционален поради, како што тврдат институциите […]

Јапонија се врти кон традиционалните вакцини, купува 150 милиони дози од „Новавакс“


 Јапонија ќе купи 150 милиони дози од вакцината на Новавакс против Ковид-19. Јапонската компанија Такеда се очекува да развие шема за дистрибуција на лекот кон почетокот на следната година. Вредноста на договорот не е соопштена, бидејќи зависи од тоа дали вакцината ќе биде одобрена од Јапонија. Такеда ќе спроведе локални испитувања на препаратот. Досега, Јапонија […]

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација


Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Секој кој ќе се обиде или ќе успее […]

Аерофлот отпушти шестмина пилоти оти одбиле да се вакцинираат


Руската авиокомпанија „Аерофлот“ отпушти шестмина пилоти во различни периоди и ги испрати на неплатено отсуство, бидејќи одбија да се вакцинираат против коронавирус, изјави за РБК Максим Демин, портпарол на авиокомпанијата. Тој додаде дека авиокомпанијата вработува 2.300 пилоти. Претходно, претседателот на Синдикатот на авио персоналот на „Шереметјево, Игор Делдужов упати апел до шефот на авиокомпанијата Михаил […]

Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на  настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“. Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера. – Следејќи ги промените во начинот на кој […]

„Песталоци“ ќе добие нов покрив


Утринава, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша договорот за санација на покривот на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој градежен зафат ќе се решат проблемите со покривот на училиштето, кој не е реконструиран повеќе од 10 години. Реконструкцијата ќе опфати вкупна површина од 2389 метри квадратни, ќе биде енергетски ефикасен, засилен […]

АИ: Сириските бегалци кои се враќаат се соочуваат со тортура и насилство


Десетици Сиријци кои се враќаат дома од странство се приведени, исчезнати и измачувани од безбедносните сили, соопшти Амнести интернешенл, предупредувајќи дека Сирија се уште не е безбедна за враќање назад. Во извештајот со наслов „Враќање во смрт“, организацијата документираше серија прекршувања на безбедносните сили против 66 Сиријци, вклучувајќи 13 деца кои се вратија од 2017 […]

МЗ: Формирани се две нови комисии за туѓа нега


Министерството за здравство сооопшти дека за прв пат формирани се две нови комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот. Покрај постоечките комисии, во државата новоформираните ќе одговорат […]

Уреден уште еден маалски парк во Карпош


Засадени се 72 нови украсни растенија во маалскиот парк во урбаната заедница „Владо Тасевски“ спроти хотел „Карпош“. Имено, локалната самоуправа на општината го комплетира изгледот на овој јавен простор кој се уредуваше во текот на летниот период. Претходно беше засадена нова тревна површина на 2.000 м2, а поставен е и систем за наводнување со цел […]

Брегу: Северна Македонија прва ја спроведе „Гаранцијата за млади“


 Северна Македонија е пример како може да се помогне да се намали невработеноста на младите на Западен Балкан, спроведувајќи ја прва програмата „Гаранција за млади“, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу. -Невработеноста на младите во сите шест земји од Западен Балкан во 2020 година изнесуваше 35,1 отсто, во споредба со […]