Виетнамец доби пет години затвор за ширење на корона вирусот


Маж од Виетнам осуден е на пет години казна затвор затоа што заразил неколкумина со корона ворус. Ле Ван Три (27) е осуден дека ширел опасна заразна болест, јави Би-би-си. Тој патувал од една во друга провинција и го прекршил 21-дневниот карантин. Заразил осум луѓе, а еден од нив починал по еден месец лечење, пренесуваат […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат 12 закони ако бидат носени со европско знаменце


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска обвини дека владејачкото мнозинство во Собранието има намера, како што рече, да протне 12 нови закони злоупотребувајќи го повторно европското знаменце на законите. Тој побара законите да бидат разгледувани во редовна постапка, во спротивно најавија дека ќе ја блокираат работата на Собранието. -На тој начин, власта […]

Меркел ги моли Германците да гласаат за конзервативците


Молбата на Ангела Меркел искажана во говорот пред пратениците доаѓа откако последната анкета покажа дека унијата на ЦДУ/ЦСУ има најмала поддршка забележана во историјата   БЕРЛИН – Канцеларката Ангела Меркел упати страсна молба до германските гласачи во вторникот за нејзиниот наследник Армин Лашет на националните избори овој месец, бидејќи откако анкетата на јавното мислење покажа […]

Сардинија ги казнува туристите кои ќе земат песок со 3.000 евра


Сардинија, позната по прекрасните плажи, тешко се справува со влијанието на туризмот врз животната средина и со игнорирањето на предупредувањата плажите да  останат недопрени. Затоа, таа одлучи да преземе строги мерки против оние кои одлучуваат да земат со себе и најмала количина песок или школки. Доколку ги откријат, „шверцерите“ би можеле да бидат казнети помеѓу […]

Росица Мршиќ специјален интернационален гостин на фестивал за мода


Модната дизајнерка Росица Мршиќ ја претстави својата најнова колекција „Dreamy passage” на “Festivalul de Moda” во Крајова, Романија. На 16-тото издание на модниот фестивал, дизајнерската беше поканета како специјален интернационален гостин на настанот од Македонија. Секоја година организаторите канат по еден интернационален гостин дизајнер претставник на различна земја, а до сега на фестивалот учествувале реномирани […]

(Видео) Канадскиот премиер погоден со чакал при посета на фабрика


Канадскиот премиер Џастин Трудо беше погоден со чакал со кој го гаѓаа демонстрантите за време на посета на пиварница, како дел од неговата предизборна кампања, објави Би Би Си Њуз. Тој се враќал во својот автобус по посетата на пиварницата кога бил погоден, но не бил повреден. Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, […]

За да инвестираат, компаниите бараат внимателно дизајнирање на мерките и помалку бирократија


За да може приватниот сектор да ги реализира најавените инвестиции, освен внимателното дизајнирање на мерките за борба против пандемијата, треба да се решат и децениските системски слабости кои влијаат врз конкурентноста на македонската економија. Доцниме со инвестиции во инфраструктурата, со реализација на автопатите, железниците. Многу сме блиску до другите главни градови во регионот, но во […]

Неготино и Кавадарци на врвот по број на вакцинирани


Македонија полека се приближува кон 50 отсто вакцинирано полнолетно население барем со една доза. Според денешната информација на Министерството за здравство 44,6 отсто од населението примило барем една доза од вакцините. На врвот на имунизирани граѓани со една доза се Неготино и Кавадарци со 63,4 и 62,3 отсто. По нив следуваат Охрид, Гевгелија, Берово, Ресен, […]

24. Моден викенд Скопје води кон кружна иднина


Дваесет и четвртата сезона на најголемото модно случување во земјата, овојпат e во знакот на мултимедијалниот проект #NоWаsteMК, со богата тридневна програма што ќе се реализира од 1 до 3 октомври, и тоа на три различни македонски локации: Скопје, Битола и Штип. Дигитални модни презентации и ексклузивен шоурум со новите колекции на млади и докажани […]

ССМ ги потсетува работодавците од приватните и јавните сектори да исплатат регрес за годишен одмор


Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавците – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавците целосно да ја исполнат обврската која доброволно […]

Раст за 16,2 отсто на БДП на Грција во вториот квартал од годинава


Бруто домашниот производ на Грција бележи зголемување од 16,2 отсто во вториот квартал од годинава споредено со истиот период лани и раст од 3,4 проценти во споредба со првиот квартал од 2021 година, согласно привремените податоци објавени од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас […]

Њујорк тајмс: Вирусот во САД се прошири до нивото забележано во јануари


Бројот на нови Ковид-19 случаи во САД минатата недела достигна највисоко ниво последен пат забележано во јануари. Просечните неделни бројки за првпат се зголемија до повеќе од 160.000 случаи. Податоците за болеста, следени од Ковид-19 тракерот на Њујорк тајмс, покажуваат дека просечниот број во периодот од 31 август до 5 септември се искачил до нивото […]

Заев уште не ги знае деталите за уапсениот дипломат


Не можеме никого да прогласиме виновен додека не се докаже вината. Но секој што го прекрпил законот треба да одговара, изјави денеска премиерот Зоран Заев за случајот на уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски во Србија каде е во екстрадициски притвор по барање на Ерменија. Тој рече дека сѐ што државата ќе добие како информација, а […]

Биткоинот стана официјална валута во Салвадор


За користење биткоин е неопходен пристап до Интернет, а само 45 проценти од земјата е поврзана, а 70 проценти од населението не користи банки    Пркосејќи на предупредувањата на големите економии и финансиски регулатори, но и несогласувањето на мнозинството население на таа централноамериканска земја, Салвадор стана првата земја во светот во која биткоинот се користи […]

Царовска: Сместувањето во ученичките и студентските се одвива во најдобар ред согласно протоколите


Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска одржа средба со директорите на ученичките и студентските домови. Од Министерството информираат дека сместувањето во ученичките и студентските домови тече во најдобар ред согласно планот и протоколите за сместување во овие установи. – Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија […]

МОН: Родителите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на децата на училиште


Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк. Неделните извештаи содржат […]

Општина Аеродром домаќин на Меѓународниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“


На иницијатива на Општина Аеродром, претстојниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи Меморијален кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“. На турнирот кој се игра во чест на човекот кој целиот свој живот го посвети на кошарката и работа со млади категории, ќе настапат осум екипи составени од кошаркари до 16 години. Покрај македонските […]

Заев: Никој нема да биде оставен без учебници


Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници. Никој нема да биде оставен без учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека […]

Реконструкција на патот до Бојане


Увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во Општината Сарај, што е во тек, денеска извршија градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. – Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната Општина Желино и долги […]

Последни подготовки за прославата на 30 години независност


До зградата на Собранието во Скопје, денеска е поставена бина на која утре ќе се одржи централната прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Годинава прославуваме 30 години од независноста на Македонија, а по тој повод се одржуваат повеќе настани. Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од нашиот композитор Живоин Глишиќ и […]