Неготино и Кавадарци на врвот по број на вакцинирани
Македонија полека се приближува кон 50 отсто вакцинирано полнолетно население барем со една доза. Според денешната информација на Министерството за здравство 44,6 отсто од населението примило барем една доза од вакцините.
На врвот на имунизирани граѓани со една доза се Неготино и Кавадарци со 63,4 и 62,3 отсто. По нив следуваат Охрид, Гевгелија, Берово, Ресен, Битола… сите со над 50 отсто. Скопје има вакцинирано меѓу 40 и 50 отсто. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во Гостивар – 30,5% и Дебар – 31,7%, наведува Министерството за здравство.
Вчера биле администрирани 14.159 вакцини, од кои прва доза примиле 3.621 граѓани. Две дози од вакцината досега имаат примено 579.359 лица. Се зголемува и опфатот на оние што се вакцинирани барем со една доза, а имаат над 40 години – тој процент сега изнесува 54. А бројката на лицата од 18 до 39 години кои имаат добиено една доза изнесува 29 отсто.