Приведен криминалец баран со потерница за издржување затворска казна од седум години


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, вчера околу 17 часот во Гевгелија го привеле З.Ј. (41) од село Миравци, баран со меѓународна потерница. – З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од […]

Винскиот музеј Кавадарци за една година посетен од над четири илјади гости


Винскиот музеј во Кавадарци го посетиле над четири илјади гости од земјава и странство за една година, во услови на пандемија. Ова го соопшти директорката Весела Честоева, на синоќешното одбележување една година од постоењето на културната институција. -Музејот има една од главните цели и задачи кои се основни за секој музеј: истражување, собирање, стручна и […]

Мајка од Демир Капија пет месеци трага по синот


Снежана Лазаревиќ од Демир Капија пет месеци очајно трага по својот син Љубиша, кој е исчезнат од април годинава. Таа бара помош од надлежните органи, граѓаните, односно секој кој има било каква информација за нејзниот син. „Јави ми се кај и да си дете, се уништив веќе. Јави ми се да знам дека си жив […]

Дигитализацијата меѓу приоритетите на поддршката од Светска банка


Партнерството со Светска банка идниот период ќе се фокусира на дигитализацијата како една од системските мерки за борба против корупцијата, паралелно со поддршката на програмите за справување со сивата економија. Ова го истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и со директорот на […]

ЕМА ги проценува податоците за третата доза на вакцината Фајзер


Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ги проценува податоците за третата или засилувачка доза на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, која се дава шест месеци по втората доза кај луѓе над 16 години. Во врска со барањето на Бионтек, ЕМА објави дека ќе направи брза проценка на податоците, а резултатот се очекува „во следните неколку недели“. […]

Можно е руски претставници да присуствуваат на заклетвата на новата влада во Авганистан


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека официјални лица од неговата земја може да присуствуваат на церемонијата за свечена заклетва за новата влада на Авганистан, доколку таа ги вклучи сите етнички групи во земјата. – Сакаме да го поддржиме процесот на формирање влада доколку оваа влада го одразува целиот спектар на авганистанското […]

Поголемите компании ги „голтаат“ помалите – рекорден број спојувања и преземања


Судејќи според динамиката со која поголемите компании ги „голтаат“ оние помалите, 2021 е година за преземање на конкурентите и за консолидација на бизнисите. Многу динамично лето ја направи годинава потенцијално рекордна според вредноста на спојувањата и преземањата во светот. Според Фајненшл тајмс, од почетокот на годината до сега веќе е договорени спојувања и превземања за […]

Тројца млади повредени во сообраќајка во Кавадарци, девојка и момче потешко


Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.   -Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на […]

Бајден во посета на Њујорк да ја види штетата од ураганот Ида


Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе гi посети Њујорк и Њу Џерси за да ја види шетата која ја предизвика ураганот Ида, кој на истокот на САД усмрти најмалку 57 лица, додека четири се исчезнати. Бајден ќе ги посети квартовите Квинс во Њујорк и Менвил во Њу Џерси, сопшти Белата куќа. Тој одобри декларација за […]

Седница на Влада – ќе се разговара за просветната инспекција


Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена […]

Невакцинираните словенечки војници се жалат на дискриминација, не можеле да одат на меѓународни мисии


Словенечкото Министерство за одбрана не ги дискриминира војниците кои не можат да одат на меѓународни мисии затоа што не се вакцинирани против Ковид-19, објави народниот правобранител. Одлуката на Министерството стапи на сила кон крајот на јули и има за цел да го зголеми процентот на вакцинирани во војската што ќе послужи како пример за другите […]

Ѓоковиќ избори четвртфинале на УС Опен


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ноќеска во четвртото коло на УС Опен го порази Американецот Џенсон Бруксби со 3:1. Србинот го изгуби првиот сет 1:6, а потоа доминираше на теренот (6:3, 6:2, 6:2). Мечот траеше безмалку три часа. Ѓоковиќ направи девет аса и една двојна грешка, а исто така реализираше шест брејк топки од 12 […]

Во Израел успешно раздвоени сијамски близначки – можат да се видат за прв пат, неврохирурзите пресреќни


Лекарите во Израел успеале да раздвојат сијамски близначки. Едногодишните сестрички успешно закрепнуваат по долга и комплицирана операција. Живееја една година како едно, а сега се разделени по најважната операција. „Очекувањата за целосно раздвоените бебињата е и двете да бидат здрави како што се денес. Тоа е тимска работа, не е работа на една личност, работа […]

Пендаровски: Имунизацијата клучнa за излез од кризата


Глобалната економија се уште е многу фрагилна, а предизвиците се големи. За разлика од лани, општата економска прогноза е подобрена, иако, закрепнувањето, според очекувањата се одвива бавно, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот „Скопје економски и финансиски форум“ на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, организирана од Министерството за финансии. Пендаровски смета дека […]

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци


Канадските власти од денеска ги отвораат државните граници за целосно вакцинирани странци кои сега можат и туристички да патуваат во земјата. Според соопштението на канадското Министерство за надворешни работи, државјани на други земји кои се целосно вакцинирани само со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Астра Зенека“, можат да пристигнат во Канада најмалку 14 дена после втората […]

Блинкен во посета на Катар, земја-посредник во разговорите со талибанците


Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен синоќа пристигна во Катар, земја која стана главен соговорник на талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан кон средината на август. Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска треба да разговараат со претставници на Катар за ситуацијата во Авганистан и можната хуманитарна криза, која ќе бара […]

Лондон предвидува продолжување на грејс -периодот за царинските контроли


Британските власти соопштија дека планираат да го продолжат грејс – периодот за царинска контрола на стоката преку Северна Ирска, во рамките на мерките договорени со повлекување на земјата од членството во Европската унија (ЕУ). Лондон сака повторно да преговара за договорот со ЕУ, кој е на сила од почетокот на годината, но и натаму се […]

Претседателот Пендаровски ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“


По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, вечер во претседателскиот кабинет, претседателот на државата Стево Пендаровски свечено ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ на која ќе бидат претставени автори и дела кои се приказ за виталноста и автохтоноста на историското колективно постоење и дејствување. На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела […]

Сто години од раѓањето на Блаже Конески во Кинотека – кратки документарни филмови и откривање на мурал во чест на великанот


По повод 30 години независност Република Северна Македонија и 100 години од раѓањето на Блаже Конески вечер со почеток од 20 часот во Кинотеката ќе бидат проектирани документарни филмови и ќе биде откриен муралот посветени на великанот на македонскиот јазик и култура Блаже Конески. Муралот е дело на уметникот Дејвид Стоилковски-Молерај (Куманово, 1997), кој има […]

Ликовните дела „Моите омилени нешта“ од Менсур Бојда изложени во Окајама


Серијалот на ликовни дела насловени „Моите омилени нешта“ од уметникот Менсур Бојда денеска ќе бидат изложени во галеријата „2-16“ во Окајама, Јапонија. Изложбата е организирана во соработка со галеријата „2-16“ и јапонскиот куратор Риота Сато и е овозможена од културните органи од градот Окајама. Изложбата насловена „Моите омилени нешта“ на уметникот Бојда четврти пат ја […]