Кралска премиера на „No Time to Die“: Даниел Крег му кажа збогум на Џејмс Бонд (фото)


Англија– По три одложувања поради пандемијата на ковид-19, новиот филм за Џејмс Бонд, 25. по ред,  „Не е време за умирање“ (No Time to Die) синоќа ја имаше светската премиера во Лондон. По традиција, на премиерата дојдоа членовите на кралското семејство-од Кејт и Вилијам до прицот Чарлс со Камила, елегантни и блескави. „Пред една година […]

Дебата за предизвиците во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)


Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска на платформата Зум, ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“, во организација на Европското движење. На темата воведни обраќања, […]

Северна Кореја истрела нова хиперсонична ракета


Северна Кореја – Официјален Пјонгјанг соопшти дека вчера успешно е тестирана нова хиперсонична ракета, наречена Хвасонг-8, објави Би-Би-Си. Севернокорејските државни медиуми објавија дека новата ракета е една од „петте најважни“ нови оружени системи, утврдени во националниот петгодишен план за воен развој. Тие ја опишаа новата ракета како „стратешко оружје“, што обично значи дека има нуклеарни способности. […]

Меѓународна изложба „Гледај тука сум без простор“ во МСУ


Во трите галериски простори на Музејот на современата уметност во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена меѓународна изложба „Гледај тука сум без простор“. Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова, кои селектираа 40 дела од севкупната уметничка колекција – 249 дела. Со оваа колекција располага Дојче Телеком, во чие депо се […]

Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба


Седмата меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи денеска и утре во Музејот на македонската борба за самостојност. – Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на […]

Изложба на еколошка мода и дизајн „Slowscapes“ во „Центар – Јадро“


Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ од денеска до недела ќе се одржи изложба на македонска мода и дизајн „Slowscapes“. Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има […]

Втор ден кампања за Локалните избори


Кандидатите за градоначалници, политичките партии и коалициите со собири и средби со граѓаните денеска ја продолжуваат кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера од Скопје порача дека упорноста, храброста и визијата на Петре Шилегов се причината што Скопје денес има модерен, европски лик, и е на вистинскиот правец […]

Еврокомесарот за проширување Вархеи во Скопје


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денеска треба да  допатува во Скопје. Предвидено е Вархеи да има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе стане збор за напредокот во процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Се очекува во фокусот да биде надминувањето на бугарската блокада за старт на пристапните преговори на Северна Македонија […]

Пописот во завршна фаза, засега нема формален предлог за продолжување


Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 199.819 граѓани од дијаспората. Денеска е 25-тиот, претпоследен ден од Пописот 2021. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, […]

Досега вакцинирани 784.244 граѓани, најголем интерес во Охрид и Кавадарци, најмал во Струмица и Гостивар


Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против Ковид-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш. Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Согласно последните податоци, на […]

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе достигне од […]

Сензација во Мадрид – Шериф го совлада Реал, во Париз прв гол на Меси за победа на ПСЖ против Сити


Дебитантите во Лигата на шампионите ја продолжуваат својата чудесна приказна меѓу европската елита. Шериф го победи Реал Мадрид со 2:1 среде Мадрид со еден од најубавите голови сезонава и по две кола ги има сите шест бода! Молдавскиот клуб, кој во квалификациите го исфрли хрватскиот шампион Динамо, до победата дојде со спектакуларен гол во 89. […]

Вашингтон пост: Нема влез во САД за посетителите вакцинирани со руската вакцина Спутник В


САД планираат мерки и се подготвуваат да забранат влез за луѓето имунизирани со вакцини кои не се одобрени од Светската здравствена организација или од Администрацијата за храна и лекови на САД. Една од вакцините што немаат добиено такви сертификати е руската Спутник В. Вашингтон минатата недела најави скоро отворање на гранците за странски посетители вакцинирани […]

Во последните три дена од Пописот, се вклучуваaт и дополнителни попишувачи


 Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопшти вечерва Државниот завод за статистика. Во одредени […]

(Фото) Пожар во галијата кај Холидеј Ин


Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот Холидеј Ин. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат. Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија. […]

СЕФФ прераснува во форум на размена на идеи – Препораките од Конференцијата, прифатени од Владата


Препораките за забрзување на растот, фискална консолидација на среден рок, добро владеење и социјална кохезија, развој на човечкиот капитал, намалување на неформалната економија и др., а кои произлегоа од Конференцијата што Министерството за финансии ја организираше на почетокот на овој месец во рамки на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), денеска беа усвоени од Владата на […]

Рајот на Ричард Бренсон на Карибите се шири: Островот Москито е новиот скапоцен камен (фото)


САД-Сер Ричард Бренсон бил една зафатена пчела кога станува збор за изградба на својата патувачка империја. Не само што неодамна го испорача својот прв брод „Virgin Voyages“ во Њујорк, туку сега, тој објави дека има и сосема нови вили за изнајмување, исто така. Во септември, Бренсон објави додавање на две нови имоти на островот Москито, […]

Персонал на СЗО обвинет за сексуално насилство во Конго


Конго- Светската здравствена организација (СЗО) е цел на сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата која го истражува случајот ги осуди „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата. Сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на […]

Заев во скопски Чаир: Еснафот ќе добие нови шанси за бизниси


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Петре Шилегов кандидатот за градоначалник на Град Скопје, на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и носителките на листите за советници на Град Скопје, Софија Пејкова и на Општина Чаир, Марија Кондовска имаше попладнево средба со жители на Чаир.   Луѓе во поголем број излегоа по улиците на Чаир […]

ЕУ веќе не гарантира дека ќе има членство за балканските земји


Повеќе европски дипломати изјавиле за Ројтерс дека земјите-членки на ЕУ не можат да се договорат ни за декларацијата на самитот со Западен Балкан, а камоли да ги отворат вратите за земјите од регионот. Холандија, Данска и Франција се главни кочничари   БРИСЕЛ – Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, повеќе не може […]