ОН: Поради короната занемарена е туберкулозата, милиони останаа без терапија


Големо е влијанието на пандемијата од корона вирус, а намалениот број здравствени работници кои работат со други болни се одрази врз лекувањето на туберкулозата, па во 2020 година 4,4 милиони луѓе повече останаа без соодветна терапија за таа болест, предупреди здружението поврзано со Обединетите нации, Стоп ТБ партнершип. Занемарувањето на случаите со туберкулоза значи речиси […]

Фестивалот „Друга приказна“ годинава посветен на сликовниците


На 1 и 2 октомври во Пионерскиот дом „Карпош“ по шести пат ќе се одржи книжевниот фестивал „Друга приказна“. Тема на овогодинешниот фестивал се СЛИКОВНИЦИТЕ, а мото е славната реченица на Леонардо да Винчи: „Сликата е нема песна, а песната е слепа слика.“ Фестивалот годинава се обраќа и на децата и на возрасните. Фестивалот ќе […]

„Поделби“ на сцената во МНТ – Гостување од Србија


На големата сцена во Македонскиот народен театар на 14 октомври со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ. Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина – со седиште во […]

Лажен геометар од Скопје зел 50.000 евра за да овозможи користење на државно земјиште


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје. Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, со намера да се стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда М.М., лажно […]

Истражување: Социјалните медиуми како извор на вести во 2021 година


Речиси половина (48 отсто) од возрасните Американци велат дека добиваат вести од социјалните медиуми „често“ или „понекогаш“, што претставува пад од 5 процентни поени од 2020 година, според студијата на  Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) спроведена во периодот од 26 јули до 8 август годинава. На прашањето дали корисниците редовно добиваат вести од социјалните […]

Сојуз на стопански комори: Да се продолжи грејс периодот за „Ковид 3“ заради одржување на ликвидноста на претпријатијата


Неопходно е да се донесе одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец, со цел одржување на кревката финансиска ликвидност на претпријатијата, соопштија денеска од Сојузот на стопански комори на Македонија. Оттаму посочуваат дека […]

Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората


Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората. Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности. […]

Шокирани гости од цените во ресторанот на турскиот готвач „Salt Bae“


Турски готвач кој е познат на социјалните мрежи како „Salt Bae“ отвори ресторан во Лондон, луѓе шокирани од цените! Нусрет Гокче, попознат како „Salt Bae“, е турски месар и готвач кој стана популарен, верувале или не, само поради начинот на кој го зачини месото. Откако ќе го исече стекот, го посолува свиткајќи ја раката во […]

Досега, 137 граѓани примиле трета доза вакцина против Ковид-19


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 се аплицирани како прва доза, 3.064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Од граѓаните над 40-годишна […]

Дневен хороскоп


Овен Лесно завршувате сe што треба да направите. Многу сте позитивни и ништо не ви е тешко. Обидете се да ги мотивирате соработниците да напредуваат. Бик Избрзувате со заклучоци за другите луѓе. Имај трпение. Обидете се да се фокусирате на работа со луѓе што ви се допаѓаат и веќе сте имале можност да работите. Близнаци […]

Утре истекува рокот за парична помош за првачиња


Утре истекува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром. Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 3.100.000 денари. „Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. […]

Фумио Кишида ќе биде идниот премиер на Јапонија


Поранешниот јапонски министер за надворешни работи Фумио Кишида е избран за лидер на Либерално-демократската партија (ЛДП) и ќе стане следниот премиер на Јапонија. Претседателството на Либерално-демократската партија беше спорно меѓу Фумио Кишида и актуелниот министер за административна и регулаторна реформа, Таро Коно, кој претходно беше министер за надворешни работи и министер за одбрана. Кишида освои […]

Шилегов: Скопје не е сопственост на ниедна партија туку на граѓаните


Вчеравечер во паркот „Ибни Пајко“ започна победничкиот карван на СДСМ и официјалното претставување пред граѓаните на кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Пред насобраните граѓани, покрај Шилегов, се претставија кандидатите за советници, а говор одржа и претседателот на Владата, Зоран Заев. „Во Скопје четири булевари се граделе истовремено само два пати, после […]

ЕУОбсервер: Повторно доведен во прашање слободниот визен режим со ЕУ


 ЕУОбсервер утрово објавува ексклузивен интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова доаѓа повторно додека претседателката на Европската Комисија го посетува регионот, како и брифингот на високи […]

Автобус влечел жена десетици метри, таа починала


Жена на возраст од околу 70 години починала откако автобус од приградскиот сообраќај ја влечел неколку десетици метри. Инцидентот се случил во Србија, во Бор, а жената излегувала од автобусот, но подвижините врати ѝ ја фатиле јакната, па возачот не забележувајќи продолжил да вози. Жената со тешки повреди префрлена е во болница, каде починала. Возачот […]

„Јунајтед ерлајнс“ отпушта речиси 600 невакцинирани работници


САД– Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани. Од вкупно 67.000 вработени во компанијата, помалку од три проценти (околу 2.000 луѓе) побарале да бидат ослободени од обврската […]

Кејт Мидлтон ѕвезда на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд во Лондон


Англија- Кејт Мидлтон беше главната ѕвезда синоќа на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ (No Time to Die) во Лондон со златната тоалета на Џени Пекам. Во стилот на божица, со деколте, драматична наметка и светкав материјал- го украде вниманието на медиумите и ги засени актерките кои глумат во филмот, […]

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“


За време на пленарна дебата во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ),  остро ги осуди така наречените „злосторства на честа“, кои можат да имаат форма на убиства, киднапирања, тортура, осакатувања, изгореници, принудни самоубиства, принудни бракови или терапија, јави дописникот на МИА од Стразбур. Во резолуцијата усвоена од ПССЕ, врз основа на извештајот на […]

Нејмар објави фотографија со Меси и Мбапе по триумфот над Сити


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар по синоќешниот триумф над Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите, на својот Инстраграм објави фотографија од соблекувалната. На сликата се Бразилецот, Лионел Меси и Килијан Мбапе. Меси беше стрелец на вториот гол по асистенција на Мбапе. Со оваа фотографија, Нејмар ги демантира шпекулациите кои се појавија во медиумите […]

Џон Кери во посета на Европа


САД – Американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери од денеска до 6 октомври ќе престојува во официјална посета на Швајцарија, Италија и Франција, соопшти прес службата на Стејт департментот. На средбите Кери ќе разговара со своите колеги околу мерките за надминување на климатската криза пред почетокот на 26-та Конференција на Обединетите нации за климатски […]