Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски


Апелацискиот суд Скопје ја потврдил затворската казна за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, но ја прифатил неговата жалба и ја преиначил од три години и шест месеци на две ипол години. – Ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со […]

Нови 467 случаи на Ковид-19, починале 14 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 467 случаи на Ковид-10, од направени 3.512 тестирања. Оздравени се 496 пациенти, а починале 14 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи, во Скопје се 245, Куманово 47, Велес 27, Прилеп 21, Кавадарци 17, Кичево 13, Кочани 12, Битола 11, […]

Министерката за финансии на САД не сака веќе да зборува со Кристалина Георгиева


Американската министерка за финансии Џенет Јелен одби да одговори на повиците на извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, објави Блумберг. Кон средината на септември, Светската банка го суспендираше своето рангирање „Дуинг бизнис“, откако независна истрага откри дека Георгиева се залагала за подобрување на рејтингот на Кина, додека во 2018 година била директор […]

Јорданова од „Ремедика“ си ја купува црквата „Св. Константин и Елена“ за да си пали свеќи за здравје


  Директорката на болницата Ре-медика и сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов, Елица Јорданова, во изјава за Телма околу префрлањето на долгот за изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ од Бетон во болницата, вели дека „си купува црква и ќе си пали свеќи за здравје“. Јорданова го коментираше преземањето на долгот од 4,4 милиони евра […]

Романија со апсолутен рекорд на нови случаи од Ковид-19, во Бугарија 149 починати


Бројките на заразени и починати кај соседите драматично се зголемуваат. Бугарија во последните 24 часа забележа 149 починати, а Роминја регистрираше најголема бројка новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 11.049 случаи. Претходно, највисокиот број беше во ноември 2020 – 10.629 случаи. Во Романија починаа 208 лица. Хоспитализирани се 11.431 чице, од кои […]

Пленковиќ се заблагодари на САД за изземањето на Хрватска од визниот режим


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја поздрави одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во програмата за изземање од обврската за визи, велејќи дека тоа дополнително ќе ги зајакне врските меѓу двете земји. „Ја поздравувам одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во Програмата за изземање од […]

Лажна пријава за бомба пред Влада, лицето е веднаш откриено и приведено


Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.   – Лицето И.М. […]

Ќе се воведува бесплатен WiFi на јавни површини


Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. Како што информираат од владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата ќе препорача на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ – Скопје, како носител на реализацијата на проектот за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес […]

САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со  Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари


Владата на Република Северна Македонија на денешната 108.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман […]

Дер Лајен: Имајте верба, целта ми е до крајот на годината да ги почнете преговорите


„Целосно, со цело срце, го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори, и тоа што е можно побрзо“, порача претседателката на ЕК. Заев верува во поговорката дека договор куќа гради, а не во оценките на Црвенковски за преговорите со Бугарија     Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска по средбата со премиерот на […]

Во Србија денеска најмногу заразени од почетокот на пандемијата – 8.467, починаа 45 лица


Србија-Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 8.467 нови случаи на коронавирус и 45 смртни случаи. Ова е најголем број на новозаразени за еден ден, од 1 декември минатата година, кога беа регистрирани 7.999 новозаболени, јави дописникот на МИА од Белград.. Во последните 24 часа, 45 лица починаа од последици од коронавирусот, така што […]

Повеќе од 4,75 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус


Швајцарија – Најмалку четири милиони и 752.875 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 231 милион и 273.010 лица беа заразени. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман. Соединетите Американски Држави беа најтешко погодени […]

Забрчанец: Македонија го задржа првото место по транспарентност во регионот


Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност. Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да […]

Скопје-Битола-Штип: 24.Моден викенд во знакот на одговорната иднина и одржливоста (фото)


Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво. Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на […]

Регионалната програма за Западен Балкан GEFF продолжува со финансирање од 135 милиони евра


За помалку од четири години, повеќе од 9.000 домаќинства во Западен Балкан инвестираа над 45 милиони евра во технологии за заштеда на енергија како што се изолација, топлински пумпи, нови прозори или соларни панели, благодарение на регионалната Програма за финансирање на зелената економија (GEFF), соопшти Европската банка за обнова и развој. Овие подобрувања доведоа до […]

Судиите не се чувствуваат доволно поврзани со работата на Судскиот совет


Судиите не се чувствуваат доволно поврзани со работата на Судскиот совет. Се чувствуваат отуѓени и не чувствуваат дека Судскиот совет е тој, којшто ги застапува и брани нивните интереси, ниту дека ја унапредува генерално независноста на судство. Судскиот совет во иднина се очекува да биде носител на најавената реформа, во надеж дека реформираниот судски систем […]

Владеење на правото, интеграција и развој на претприемништвото се клучни за опстанокот на земјите од Балканот


И после 30 години од стекнувањето на својата независност, повеќето земји од Западен Балкан не успеаја да креираат и спроведат ефикасни решенија за своите проблеми и стратегии за одржлив развој преку кои ќе фатат приклучок со развиените земји, туку напротив се соочуваат со уште поголеми проблеми кои ги зголемуваат поделбите во нивните општества и ги […]

„Санофи“ се откажа од мНРА вакцината против Ковид-19


Француската фармацевтска компанија „Санофи“ ги откажа плановите за производство на сопствена вакцина темелена на mRNA технологија против Ковид-19, поради доминантната пазарна улога на корпоративниот сојуз меѓу БиоНТек/ Фајзер и Модерна во борбата против пандемијата, соопшти денеска париската дирекција на компанијата. Британските медиуми пренесуваат дека француската фармацевтска групација место тоа ќе се фокусира на напорите со […]

Димитров ја пречека Фон дер Лејен на аеродромот во Скопје


– Добредојде во Северна Македонија за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен!, напиша вицепремиерот Никола Димитров на неговиот Фејсбук профил. – Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во […]

АВМУ: Радиодифузерите лани со приход од 2.382,61 милион денари, најнизок во последните пет години


Не се забележани прекршувања на одредбите од Изборниот законик во тек на првиот мониторинг на медиумското известување за Локалните избори, што го изврши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во период од 7 до 31 август, информираше  Зоран Трајчевски, директор на АВМУ на третиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски […]