Србија подобра од Грција за второ олимписко злато во ватерполо


Ватерполо репрезентацијата на Србија по втор пат во историјата на Олимпијадите го освои златниот медал. Србите на крајот на последниот натпреварувачки ден иа Игрите во Токио, ја победија Грција со 13:10. По три гола во победничкиот тим постигнаа Душан Мандиќ, Никола Јакшиќ и Андрија Прлаиновиќ. Пред финалниот меч се одигра средбата за третото место во […]

Народна банка од утре ќе овозможи споредливи информации за кредитите и депозитите за граѓаните


Во првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, којашто беше донесена неодамна, се предвидени повеќе активности за олеснување на пристапот на граѓаните до финансиите, но и за нивна поголема заштита, коишто ќе се преземаат од страна Народната банка и другите финансиски регулатори, во соработка со финансиските институции и граѓанскиот сектор. „Овие активности и мерки […]

Заев за „Политика“: Отворен Балкан е засилувач на нашата европска агенда


„Отворен Балкан“ е комплементарен, а не спротивен на Европската унија. Тој е засилувач на нашата европска агенда, при што сите три земји остануваат посветени на своите агенди и обврски за влез во ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев во својот авторски текст „Нашите народи имаат ист пат“ објавен во српскиот весник „Политика. Во текстот, Заев нагласува […]

Најмалку 145 лица загинаа, откако се преврте автобус во Турција


Најмалку 14 лица загинале, а 18 биле повредени во сообраќајна несреќа која се случила во западната турска провинција Балиекесир. Несреќата се случила кај дистриктот Ердемит, каде се превртел патнички автобус кој возел на релација Измир – Зонгулдак. На местото на несреќата животот го загубиле 11 лица, а уште три повредени лица починале на пат до […]

Франција ги обедини олимписките титули во ракомет


Женската ракометна репрезентација на Франција утрово ја победи Русија со 30:25 во финалето на Олимпијадата 2020 во Токио. Најзаслужна за триумфот на Французинките беше голманката Клеопатра Дарло која одбрани 9 удари од 21 обид на Русинкте. Полет Фопа и Алисон Пино постигнаа по 7 гола за победничките, исто толку реализации во рускиот тим забележа Полина […]

Пожарите во Грција уништија илјадници хектари шума, загина пожарникар


Две лица загинаа, од кои едниот пожарникар, а најмалку 20 лица беа префрлени во болниците поради повреди, додека беше наложена дополнителна евакуација на населението. Во земјата и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури во Грција Во преградие на Атина загина […]

Најопасен пожарот во Беровско, донесени одлуки за рационално распоредување на силите


Владата донесе неколку одлуки поврзани со пожарите кои ќе важат и за беровско-пехчевскиот регион и во Старо Нагоричане, каде иако пожарот беше угаснат со засилување на ветерот повторно стои огнот. Премиерот Зоран Заев кој од утрово е во беровскиот регион очекува денес или најдоцна до утре пожарот кај Будинарци да биде угаснат. -Сепак тлеат, боровите […]

ЦУК: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола


Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот. Оттаму нагласуваат дека според известувањето […]

Трамп се нарече голем „обожавател“ на вакцините против Ковид


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан“  на вакцините против новиот коронавирус. – Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз. – Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто […]

Градот Скопје ќе го процесуира и рециклира градежниот отпад


Град Скопје, Смарт Ап (НВО во склоп на Скопје Лаб ) и ЈП Дрисла се добитници на ИПА Проект за Управување со градежен отпад и негова повторна употреба. Вкупната вредност на проектот 800.000 евра, а ќе се реализира две години, соопштија од градската администрација. Со оглед на фактот што градежниот сектор претставува значителен столб во […]

Кипчоге го освои златото на олимпискиот маратон


Кениецот Елиуд Кипчоге е победник на маратонот на Олимписките игри во Јапонија. Тој најдолгата атлетска дисциплина одржано утрово низ улиците на Сапоро, ја заврши со време 2 часа, 8 минути и 38 секунди. Кипчоге беше бранител на златото од Игрите во Рио пред пет години. Покрај двете злата, Кипчоге има и сребро од Пекинг 2008 […]

Варијантите на корона вирусот ќе се именуваат по соѕвездија ако грчката азбука не биде доволна


Експертката на Светската здравствена организација Марија Ван Керхове рече дека, доколку има потреба, во иднина новите варијанти на коронавирусот ќе бидат именувани по соѕвездија кога буквите од грчката азбука повеќе нема да бидат доволни. Кон крајот на мај, СЗО објави дека имињата на новите варијанти на САРС-КоВ-2 ќе ги користат буквите од грчката азбука. Употребата […]

Американците го обезбедија првото место во поредокот на медалистите на Олимпијадата во Токио


Спортистите на САД обезбедија победа во пласманот на медалисти на Олимпијадата во Токио. На последниот ден од Игрите, 39-от златен медал на САД му го донесоа американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките со резултат 3:0. Претходно, женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија и освои злато. Уште едно злато донесе велосипедистката Џенифер […]

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати


Американските власти соопштија дека се во потрага по пет исчезнати лица, откако голем пожар ја зафати Северна Калифорнија и зафати два града. Пожарот Дикси, која зафати голем дел од градот Гринвил, уништи повеќе од 180 домови и се заканува на повеќе од 10.000 згради во северна Сиера Невада.  Дикси, најголемиот активен пожар во САД, стана […]

ИОК: Полесно ќе може да се исклучи спортска дисциплина од програмата на Олимписките игри


Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе може да исклучи некој спорт од програмата на Олимписките игри без одобрување на седницата на организацијата. Одлуката е донесена денес на седницата на ИОК во Токио. – Спортска дисциплина може да биде исклучена од олимписката програма ако соодветната Меѓународна федерација што раководи со спортот не делува во […]

Огнената стихија ги погоди атарите на над 100 македонски села, потребно е одговорно однесување на секој од нас


Атари од над сто македонски села се жртви на огнената стихија која деновиве гори шуми, плевни, животни, посеви, куќи. Не постои место чие небо не поцрни од чадот што неумоливо се возвишува над огнот, кој ја согорува земјата и сè што во моментот се наоѓа на неа. Пожарите не стивнуваат, државата во кризна состојба, силите и […]

САД подобри од Јапонија во финалето на женскиот кошаркарски турнир


Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио. Американките утринава во финалето ја совладаа селекцијата на Јапонија со 90:75. Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која САД ја добија со 23:14. На полувреме предноста беше двоцифрена (50:39), доволна за конечен триумф. Гринер со 30 и Вилсон […]

На Табановце се чека по околу 30 минути за влез и излез во државава


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце се чека по околу 30 минути за влез и излез од државата, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Сè повеќе богати земји воведуваат трета доза од вакцината против Ковид


Додека светот се бори со делта варијантата на коронавирусот, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза од вакцината против Ковид-19. Обединетите Арапски Емирати им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство откако во вторникот воведоа насоки со кои се препорачува трета доза на вакцина против ковид за постарите лица. Израел минатата недела […]