Кипчоге го освои златото на олимпискиот маратон


Кениецот Елиуд Кипчоге е победник на маратонот на Олимписките игри во Јапонија. Тој најдолгата атлетска дисциплина одржано утрово низ улиците на Сапоро, ја заврши со време 2 часа, 8 минути и 38 секунди.

Кипчоге беше бранител на златото од Игрите во Рио пред пет години.

Покрај двете злата, Кипчоге има и сребро од Пекинг 2008 на 5.000 метри, како и бронза од Атина 2004 исто така на 5000 метри.

Сребрениот медал му припадна на Абди Нагеје кој трчаше во дресот на Холандија, со заостанување од минута и 20 секунди зад победникот.

Трет на целта пристигна Башир Абди кој настапува за белгиската репрезентација.