Иновативните решенија на стартапите стануваат профитабилни бизниси со поддршка од Акцелераторот УКИМ


Бизнис акцелераторот УКИМ (Акцелератор УКИМ) го објави повикот за Акцелераторска програма BAU APA2021 за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар. Новиот повик за апликации, отворен до 12 септември, е одговор на актуелната состојба и потребата за развој на екосистемот за стартапи и иновации. Осумнеделната програма ќе биде поделена […]

Посебно музичко доживување со џез-музикантите од „ZZ Quartet“ на „Охридско лето“


Музичко доживување малку поразлично од вообичаеното кога станува збор за „Охридско лето“ нуди вечерашниот концерт на „ZZ Quartet“ во Предворјето на „Света Софија“. Музичкиот идентитет на овој квартет рефлектира и апсорбира различни музички стилови, но една од неговите најзначајни карактеристики е индивидуализмот и неверојатната умешност на неговите членови кој може да креира интимна или исклучително […]

Во годината на пандемија, Хрватите заштедија повеќе од кога и да е


Годината на пандемијата во Хрватска ќе биде запаметена по драматичниот пад на БДП, но и по рекордниот раст на заштедите на граѓаните, пренесува Хина. Според податоците на Хрватската национална банка (ХНБ), стапката на штедење на домаќинствата во Хрватска во 2020 година изнесувала 14,4 проценти, што значи дека Хрватите ја оставале настрана секоја седма куна заработена […]

И натаму активни седум пожари, во гаснењето се вклучија авион и хеликоптер од Романија


Во текот на изминатите денови на повеќе места во земјава избувнаа пожари кои уништија огромна површина шума, но и имоти. За жал, се уште има активни пожари кои претставуваат опасност за целата држава. Поради лошата состојба со пожарите во земјава, од Романија пристигнаа авион „Ц-27 Спартан“ и хеликоптер „Канадер Т21“, кои се специјализирани за гаснење […]

Големиот пораст на активни ковид случаи го вклучија алармот – колку ќе бидат ефикасни новите рестрикции


Бројот на заболени од Ковид-19 секојдневно расте. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 7.647 тестирања, регистрирани се 378 нови случаи со Ковид-19, 25 оздравени и едно починато лице. Со ова вкупниот број активни случаи достигна 1.618 од кои најголем број има во Тетово и тоа 486 и во Скопје 474, […]

Северна Кореја продолжи да развива програми за нуклеарни и балистички ракети


Северна Кореја продолжи да развива програми за нуклеарни и балистички ракети во првата половина на 2021 година, кршејќи ги меѓународните санкции и покрај влошената економска ситуација во земјата, се вели во извадок од доверлив извештај на ОН во кој Ројтерс имал увид, пренесува Гласот на Америка. Во извештај на панел на независни набљудувачи, надгледуван од […]

Продолжува топлото време – температури до 38 степени, УВ индексот 9


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималните температури ќе се движат од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со дневна до 38 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и […]

Изгаснат пожарот во скопскиот ресторан „Рагуза“


Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража „26 јули“ на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“. Засега нема инфромации за евентуални повредени лица и за причинетата материјална штета. Според […]

Пожар на кровот на катната гаража „26 јули “, гори ресторанот „Рагуза 360“


Пожар го зафати кровот на катната гаража „26 јули“, во непосредна близина на надвозникот во центарот на Скопје, при што гори делот каде што се наоѓа познатиот ресторан „Рагуза 360“.  Не е познато дали и колку е оштетен ресторанот и дали пожарот се заканува да ги зафати и другите катови каде што има паркирани возила. […]

Смртта на претседателот на Атинската трговска и индустриска комора, Михалос, ги шокираше бизнисмените во Грција и во регионот


Константинос Михалос, претседателот на Атинската трговска и индустриска комора (АЦЦИ), беше пронајден мртов во неговата канцеларија во фабрика во Крионери, североисточно од Атина, пишуваат грчките медиуми. Михалос (61) бил пронајден во несвест од неговата сопруга и бил однесен во болница каде што била констатирана смрт. Причината за неговата смрт е срцев удар, пренесе Катимерини. Крионери […]

Меѓународниот олимписки комитет донира 120.000 долари за македонските спортисти


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе издвои 120.000 долари со кои ќе се финансираат подготовките на најдобрите македонски спортисти во квалификациите за настап на следните Олимписки игри во Париз. Договорот со Маркетинг одделението на ИОК во Токио го потпиша претседателот на Македонскиот олимписки комитет – МОК, Даниел Димевски. Договорот, како што соопшти македонската страна, предвидува MOK […]

Дирекцијата за заштита и спасување ќе добие 50 илјади литри керозин без надомест


Дирекцијата за заштита и спасување за употреба и управување со ресурси од Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе добие 50.000 литри течно вештачко гориво керозин, без надомест, доколку постои потреба, одлучи вечерва Владата.  Како што е вели во соопштението од владината седница, одлуката е донесена врз основа на анализи и процена на […]

Во Германија се намалува интересот за вакцинација, се повеќе вакцини завршуваат во отпад


Се повеќе германски провинции ги фрлаат вакцините во ѓубре, а сега планот е да се донира вишокот на посиромашните земји, наведува Дојче веле. Од почетокот на пандемијата, провинцијата Баварија фрли 53.000 дози, од кои повеќе од половина беа пријавени како „одбиени“, и тоа само во јули. „Зголемувањето на количината на фрлени вакцини во текот на […]

Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак


Владата денеска го отпочна одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година. Како што информираат од владината прес-служба, надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски со положување свежо цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, им оддаде почит на загинатите бранители […]

Од 16 август без настани и прослави во затворено, влез во објект за над 30 лица само со потврда за имунизација


Владата вечерва донесе повеќе одлуки чија цел е спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19. На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: – До […]

Спајсер: Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година


САД – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер. „Тој ќе учествува“, рече Спајсер за време на интервјуто за неговата книга, која наскоро ќе биде објавена под наслов „Радикална нација: Опасниот план на Џо Бајден и Камала Харис за Америка“. […]

ЦУК: Активни се седум пожари, другите се локализирани


Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -За рационализација на времето, за намалувањето на потребното време на гасење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од […]

Во Италија уапсена шефицата на Неаполската мафија


Шефицата на мафијата во Неапол, Марија Личарди, е уапсена денеска додека се обидувала да избега во Шпанија, објавија италијанските медиуми. Позната по прекарот „Пиколета“ (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол. Марија Личарди помина осум години во затвор и беше ослободена […]

Олимписко злато за француските ракометари


Јапонија– Француската машка ракометна репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио совладувајќи го попдланево во финалето бранителот на титулата Данска со 25-23 (14-10). Ова е трето олимписко злато за Французите на последните четири Олимписки игри, по Пекинг 2008 и Лондон 2012, додека во Рио де Женеиро 2016 беа сребрени. Данците, пак, го […]

Бразилските фудбалери го одбранија олимпиското злато


Јапонија– Бразилската машка фудбалска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак совладувајќи ја попладнево во финалето во Јокохама селекцијата на Шпанија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот за златниот медал во регуларниот дел заврши 1:1. Стрелци за Бразил беа Куње (45+2) и Малком (108), додека голот за Шпанија го постигна Ојарзабал (61). За Бразил ова е […]