САД подобри од Јапонија во финалето на женскиот кошаркарски турнир


Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио.

Американките утринава во финалето ја совладаа селекцијата на Јапонија со 90:75. Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која САД ја добија со 23:14. На полувреме предноста беше двоцифрена (50:39), доволна за конечен триумф.

Гринер со 30 и Вилсон со 19 беа најефикасни во победничкиот состав, Такада се истакна кај Јапонките со 17 поени.

За потсетување, Американците го освоија златото и во машка конкуренција.