Во Тетово возеле 70 километри на час над дозволеното


Денеска во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово.Притоа, санкционирани се 60 возачи. Од нив, 45 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 […]

Франција и Велика Британија ќе предложат „безбедна зона“ во Кабул


Франција и Велика Британија ќе поднесат заедничка резолуција на итен состанок на Обединетите нации во понеделник, со која се предлага воспоставување безбедна зона во Кабул. Безбедната зона ќе биде под контрола на ОН и ќе нуди засолниште за луѓето што се обидуваат да го напуштат Авганистан, јави Би-Би-Си. – Не можам да видам кој би можел да се спротивстави на овозможување безбедност на хуманитарните операции, […]

Вакцинација: Што да прават оние кои примиле вакцина која не е признаена во ЕУ?


Откако во Германија се воведуваат нови ограничувања за невакцинираните, некои луѓе се најдоа во чудна ситуација- целосно вакцинирани, но непризнаени. Наталија Смоленцева е една од нив. Пред шест месеци, додека престојував дома во Русија, го сторив она што сметав дека е одговорно: се вакцинирав против ковид-19 со руската вакцина Спутник V. Во февруари, Германија не нудеше вакцина […]

Рама: Албанија и Северна Македонија, станаа како ликовите во „Чекајќи го Годо“, а ЕУ многу личи на Семјуел Бекет


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама, во врска со континуираните одложувања на отворањето на пристапните преговори за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, двете земји ги споредува со ликовите од драмата „Чекајќи го Годо“, а ЕУ со нејзиниот автор Семјуел Бекет. -Нашите две земји, Албанија и Северна Македонија, станаа како ликовите во „Чекајќи го […]

Поети учесници на Струшки вечери на поезијата го посетија Вевчани


Поети од земјава и странство кои се учесници на Струшките вечери на поезијата денеска предводени од директорот на манифестацијата, Тодорче Тасевски го посетија Вевчани. Поетите биле пречекани од градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски, а потоа ја посетиле поставената изложба на фотографии и факсимили насловена „Вевчани за Блаже Конески“, по повод стогодишнина од неговото раѓање. Изложбата […]

Почина поранешниот прв човек на Олимпиското движење Жак Рог


Поранешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Жак Рог, почина на 79-годишна возраст, соопшти денеска МОК. Белгиецот Рог, кој настапи на три последователни олимписки игри (1968, 1972, 1976) во дисциплината едрење, а во младоста беше и рагби играч, застана на чело на олимпиското движење во јули 2001 година, наследувајќи го на функцијата Бразилецот Хуан […]

Етиопјанката Јехуалав го собори светскиот рекорд во полумаратон


Етиопјанката Јалемзерф Јехуалав денеска во северноирскиот град Ларне го собори светскиот рекорд во полумаратон со време од 1:03:43 со што стана првата жена во историјата која ја истрча полумаратонската патека за помалку од 64 минути. Новото најдобро време во сопственост на Јехуалав е за речиси 20 секунди подобро од стариот светски рекорд што во април […]

Од Ковид-19 починаа 27 лица, најмладите на возраст од 36 и 37 години, регистрирани се нови 674 позитивни на корона вирусот


Во последните 24 часа регистрирани се нови 674 случаи на Ковид 19, оздравени се 403 пациенти, а пријавени се 27 починати лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Направени се 4.618 тестирања, а од новите случаи во Скопје се 253, Тетово 105, Гостивар 44, Куманово 36, Струмица 32, Кичево 26, […]

Даштевски: Употребата на терминали за отпечаток на прсти влева поголема сигурност на изборите


Терминали за отпечаток на прст се користат во 50 држави, пред се од третиот свет. Земјава е дел од НАТО, се стреми кон ЕУ и не може да си дозволи експерименти, како гласање за неколку секунди, како на претходни избори, вели претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. -Во светот има 50 држави каде што […]

Филипче: Засега препорака за трета доза само од компанијата Фајзер, но за имуно компромитирани пациенти


Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се, како што рече, пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа. Филипче посочи дека според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува […]

Американската армија изврши напад поради „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул


Американската војска денеска соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави ДПА. Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти армијата на САД. Со […]

ВМРО-ДПМНЕ стави „печат“ на кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје


Она што со денови се зборуваше во политичките кругови, денеска беше официјализирано – ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, соопшти денес лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Во партиското соопштение се вели дека одлуката била донесена на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет. На Скопје […]

Тепачки низ целата земја, се тепале малолетници но и полицајци


Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен на територијата на целата држава.  Утрово, во 11.15 часот во ОВР Кавадарци, 17- годишен малолетник од село Дреново, Кавадаречко пријавил дека ноќеска, половина час пред полноќ во селото бил физички нападнат од Ф.Б. и Х.Ј. двајцата од истото село. Во саботата, околу 15.45 часот во СВР Скопје било […]

ДИК: Досега 18 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи


Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписите за учество на локалните избори ги собрале 18 кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Како што соопшти ДИК, во истиот период во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги […]

Рекордни 36 починати во 24 часа од Ковид-19 во Косово, Курти свика итна седница на Советот за безбедност


 Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 36 смртни случаи на заболени од Ковид-19, што е двојно повеќе од досегашните највисоки бројки од по 18 починати, забележани вчера и завчера, како последица на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во истиот извештаен период, уште 1.630 лица, од 11 илјади извршени тестирања, резултирале позитивни на коронавирусот, додека како излекувани се евидентирани нешто повеќе […]

ДИК: Вкупно 7.909 лица се провериле во избирачкиот список


Вкупно 7909 лица се провериле во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).   Поднесени се вкупно 17 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во избирачкиот список.   Исто така, Државната изборна комисија информира дека […]

Мареј за средбата со Циципас: Ќе биде многу добар тест за мојата игра, мојот напредок


САД– Поранешниот прв рекет на светот Енди Мареј ја процени својата состојба пред настапот на Грен слемот УС Опен. – Во последните неколку месеци, добро е што ништо не ми пречеше на тренинзите. Успеав да работам како што сакав. Но, сега треба да покажам резултати на натпреварите, а во последните недели имам проблеми со тоа, изјави […]

Заев во Вевчани: Руинираното училиште стана најсовремен туристички центар според европски стандарди


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициите Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.   Туристичкиот центар „Вевчани“ е модерен мултифункционален објект чија корисна површина е 1.400 метри квадратни. Опремени […]

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул


Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници. Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при […]

Меси прв пат во составот и може да дебитира за ПСЖ денес против Ремс


За прв пат, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси беше вклучен во составот на тимот за натпреварот од шампионатот на Франција. Триесет и четиригодишниот Аргентинец може да дебитира за парижаните вечер во 4. коло против Ремс. Напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе исто така се вклучени во составот од 22 луѓе. Дефанзивецот Серхио Рамос продолжува да […]