Париз: Ограничување на брзината на движење на 30 км/ч


Ограничување на брзината на автомобилите од 30 километри на час, од денеска ќе се применува скоро во целиот град Париз. Одредбата не се однесува на периферијата и неколку од најважните булевари во француската престолнина. Мерката е поддржана од мнозинството парижани, но остро се спротивставуваат жителите на облласта Ил-де-Франс, пишува „Ле Паризиен“. И пред воведувањето на […]

На граничниот премин „Евзони“ откриени 90 килограми канабис во камион од Македонија


Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. […]

Царината на Сардинија заплени незаконски собран песок, школки и камења


Царината на Сардинија соопшти дека запленила неколку килограми незаконски собран песок, школки и камења, од туристи кои се обидувале да понесат спомени од нивниот одмор на италијанскиот остров. Сардинија е надалеку позната по своите плажи, но мора да се бори со влијанието на туризмот врз животната средина, бидејќи посетителите ги игнорираат повиците да ја остават […]

Меси на дебито за ПСЖ – 20 прецизни додавања и една загубена топка


Килијан Мбапе беше двоен стрелец во синоќешната четврта последователна победа на ПСЖ во француското првенство од 2:0 на гостувањето кај Ремс, но ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси со својот дебитантски настап за парискиот клуб. Меси (34), кој летово по две децении ја напушти Барселона и премина во ПСЖ, пречекан со овации пред 21.000 гледачи […]

Израел одобри употреба на трета доза на вакцина против Ковид-19


Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле две дози, во обид да го спречат ширењето на делта варијантата. Од синоќа – секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза. Во претходните недели само одредени возрасни категории граѓани […]

Ураганот Ида ја опустоши Луизијана, милион луѓе останаа без електрична енергија, едно лице загина


Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, големи дождови и високи бранови што преплавија голем дел од брегот, ослабе до категоријата 1 на скалата Сафир-Симпсон. Најмалку едно лице загина, јавија новвинските агенции. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи […]

Во Мексико еден загинат во тропската бура Нора, седум лица се сметаат за исчезнати


Во налетот на ураганот Нора, што ослабна до тропска бура, загина еден човек во Мексико, а седум лица се сметаат за исчезнати, јавија локалните медиуми. Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Властите во државата Халиско соопштија дека едно момче од Шпанија загинало откако делумно  се урнала зграда во туристичкиот град Пуерта Валарта по поројните дождови […]

Недвижностите во Израел за десет години покапеле повеќе од тројно


Цените на недвижностите во Израел се зголемени за 345,7 проценти во претходната деценија, што е најголем пораст во светот. Во истиот период, платите во Израел се зголемија за 17,5 проценти, а инфлацијата порасна за 0,92 проценти годишно, објави „Џерусалим пост“, кој ги пренесе проценките на британскиот портал „Мани“ за земјите со најголем раст на цените […]

Американскиот одбранбен систем пресретна неколку ракети испукани кон аеродромот во Кабул


Неколку ракети беа испукани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми. Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американски државјани. САД се во […]

Во американски напад во Кабул против ИД, загинале девет членови на едно семејство


Девет членови на едно семејство загинаа, меѓу кои и шест деца, во синоќешниот напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИД-К во станбена област во Кабул. Американската војска призна дека експлозијата „веројатно предизвикала дополнителни жртви”. Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените […]

Пратениците се враќаат на работа, активностите во Собранието во сенка на локалните избори


Пратениците се враќаат на работа во Собранието на Репубика Северна Македонија, на речиси месец и половина пред локалните избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе има прва средба со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, по што најверојатно ќе се знае какви активности ќе има Парламентот во текот на неделата и во текот на […]

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури на локалните избори


На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје. Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а […]

Се полнат ковид одделенијата во државата, препорака за трета бустер доза засега само од „Фајзер“


Не се намалува бројот на заболени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 674 случаи, а почнаа да се полнат и ковид одделенијата. Надлежните посочуваат дека вакцини има доволно, а засега препорака за трета бустер доза има само од компанијата Фајзер, но за имуно компромитирани пациенти. Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со […]

Учениците се враќаат на настава во клупите, задутре почнува учебната година


Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница.  Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисјата за […]

Нема подолги задржувања за влез и излез од земјава


На граничните премини утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива непречено по суви коловози.

Сончево со локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени. Како што соопшти УХМР, од денеска ќе биде претежно стабилно […]

Завршија 60. Струшки вечери на поезијата: Нови извишени сведоштва, нови возвишени стихови


Со врачување на наградите „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на македонската поетеса Лидија Димковска за книгата „Гранична состојба“ и „Мостови на Струга” за најдобра дебитантска збирка на млад автор, на српскиот поет Владан Кречковиќ за збирката „Париз, Тексас“, синоќа на летната тераса во хотелот „Дрим“, заврши 60. јубилејно издание на […]

Ураганот Ида го сопре текот на реката Мисисипи


Ураганот Ида, кој се смета за „екстремно опасен“, денеска ги погоди бреговите на Луизијана. Според американските метеоролошки служби, ветровите се движат со брзина до 240 километри на час. „Ида“ удри во близина на Форт Фуршон, јужно од Њу Орлеанс, шеснаесет години откако ураганот Катрина го опустоши овој регион во јужниот дел на САД. 3pm CDT […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево – Пехчево


Поради сообраќајна несреќа вечерва во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во близина на село Црник.   Сообраќајката како што информираат возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистарски таблички и две со македонски регистарски таблички.   Возачите очевидци како причина за сообраќајката […]

И Бугарија не стави на црвената листа


Вршителот на должноста министер за здравство во Бугарија, Стоичо Кацаров, издаде наредба за изменување на списокот на странски држави класифицирани како црвени, портокалови или зелени зони според нивните ситуации  со „Ковид-19“. Промените стапуваат на сила од 1 септември. Со оваа измена на листата на земји од црвената зона се најде и Македонија, а додадени се […]