Етиопјанката Јехуалав го собори светскиот рекорд во полумаратон


Етиопјанката Јалемзерф Јехуалав денеска во северноирскиот град Ларне го собори светскиот рекорд во полумаратон со време од 1:03:43 со што стана првата жена во историјата која ја истрча полумаратонската патека за помалку од 64 минути.

Новото најдобро време во сопственост на Јехуалав е за речиси 20 секунди подобро од стариот светски рекорд што во април минатата година го постави Кенијката Рут Чепнгетич (1:04:02)

Јехуалав не успеа да настапи на неодамнешните Олимписки игри во Токио, откако во етиописките квалификации на 10.000 метри заврши четвртопласирана.