Ида прерасна во категорија 4, Луизијана го очекува најсилниот ураган во последните 150 години


Луизијана го очекува ударот на ураганот Ида, кој прерасна во категорија 4 и како што велат тамошните функционери, ќе биде најсилниот кој ја погодил оваа сојузна држава во САД, во последните 150 години. Најновата бура доаѓа на годишнината на исто така смртоносниот ураган Катрина, кој беше од категорија 5 и ја погоди Луизијана пред 16 […]

УХМР: Попладне во планинските подрачја пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од […]

Сингапур изби на врвот според бројот на вакцинирани против Ковид-19


Во Сингапур 80 проценти од 5,7 милиони жители се вакцинирани со две дози против Ковид-19, објави на Фејсбук министерот за здравство Онг Је Кунг. Со тоа Сингапур е прва земја во светот со најголем процент на вакцинирани луѓе. Сингапурските власти претходно најавија дополнително намалување на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19. 

Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенетргетска мрежа, вредна 50 милиони евра


Најголема инвестиција во македонската преносна електроенергетска мрежа, вредна 50 милиони евра, која е од огромно регионално значење, вака премиерот Зоран Заев ја најави изградбата на трансформаторската станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Северна Македонија и Елбасан, Албанија. Проектот се очекува да биде завршен во […]

Во дел од Јапонија сопрена вакцинацијата со „Модерна“ откако починаа двајца мажи


  Јапонската префектура Окинава ја сопре употребата на вакцината „Модерна“ против Ковид-19, откако беше забележана уште една контаминација, соопшти локалната влада. Ден порано јапонското министерство за здравство објави дека ја истражува смртта на двајца мажи кои починале откако примиле контаминиран примерок на вакцината „Модерна“, иако причината за смрт е непозната. Префектурата Окинава објави дека програмата […]

(Видео) Обраќање на премиерот Зоран Заев


Проследете го обраќањето на премиерот Зоран Заев на почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.

Алегри: Јувентус загуби пет бода на почетокот на сезоната, но ние мора да учиме од ова


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги кажа своите впечатоци по првите две кола во новата сезона во Серија А. Неговиот тим во првото коло одигра нерешено, а синоќа во втората рунда загуби дома од Емполи (0:1). – Мораме да бидеме трпеливи, да играме како тим и да не се обидуваме да ги решаваме проблемите изолирано. […]

МОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк


На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата. Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), се очекува ова право да го искористат околу 40.000 студенти. До сега се пријавени 15.627. -Тековните студенти, денеска и утре да го […]

Бајден задрема на средбата со премиерот на Израел


Американскиот претседател Џо Бајден задремал на средбата со премиер на Израел, Нафтали Бенет во Белата куќа за усогласување на ставовите кон Иран. Средбата Бајден – Бенет се одржа пред два дена, од која се очекува да се намалат тензиите помеѓу САД и Израел настанати за време на мандатите на поранашниот американски претседател Доналд Трамп и […]

Радовишките рудници „Бучим“ и „Боров Дол“ го одбележаа Денот на рударите


Рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ во Радовиш синоќа го одбележаа Денот на рударите. Официјалната свеченост се одржа во новоотворениот рудник за бакар Боров Дол, со почитување на КОВИД мерките и протоколите. Раководството на рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ на сите свои вработени им доделија парични награди во чест на нивното залагање […]

СВП: Промовирано монографското издание посветено на Блаже Конески


Во рамки на одбележувањето 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески на „Струшките вечери на поезијата“ беше промовирано монографско издание за великанот на македонската книжевност. Предговорот на Монографијата го напиша македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар Атанас Вангелов, кој посочи дека оној што не влегол досега […]

Делови од Блискиот Исток остануваат без вода и се неповолни за живеење


Траектите со кои некогаш се пристигнувало на малите острови во иранското езеро Урмија, сега се полни со ‘рѓа и насукани во област која повеќе личи на солена рамнина отколку на езеро.   Пред само две децении, Урмија беше најголемото езеро на Блискиот Исток, а локалната економија се базираше на просперитетен туристички центар со хотели и […]

Повторно протести ширум Франција поради ковид пропусниците


Франција – Во поголем број француски градови вчера се одржаа протести поради воведување на така наречените здравствени ковид пропусници. Седум саботи по ред во Франција се одржуваат протести, а вечра имаше околу 200 собири од кои четири во Париз, на кои граѓаните покрај ковид пропусниците се изјаснија и против вакцинацијата. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти […]

Бајден: Можен е нов напад врз аеродромот во Кабул


САД – Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека нов екстремистички напад врз аеродромот во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа. Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно висока“ и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока“. Бајде посочи и дека вчерашниот […]

Симоновски : Во 2022 планираме сериозна набавка на опрема и возила за ТТПЕ Скопје


Пожарникарските екипи беа на висина на задачата во гаснењето на пожарите што во август ја зафатија земјава, но недостигот на опрема за локализирање на вакви пожари е огромен на цела територија, оценува во интервју за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Во интервјуто кое целосно ќе биде објавено подоцна, Симоновски […]

Бројот на нови случаи близу илјада, се апелира на вакцинација


Здравствените власти регистрираа нови 978 случаи на Ковид-19 во едно деноноќие и 24 починати пациенти од кои двајца на 39-годишна возраст. Лекарите апелираат на што помасовна вакцинација како единствен начин за намалување на ширењето на вирусот. – Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен […]

Сончево со мала облачност, попладне можен краткотраен пороен дожд и грмежи


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната […]

СВП: Омажи посветени на Богомил Ѓузел и на Георги Старделов


Oмаж посветен во спомен на култниот македонски поет Богомил Ѓузел беше претставен на третиот фестивалски ден на „Струшките вечери на поезијата“. За ликот и делото на Ѓузел говореше литературната критичарка, теоретичарка и претседателка на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева. – Богомил Ѓузел, заедно со Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски […]

Специјална награда за „Сестра“ на Дина Дума на фестивалот во Карлови Вари


„Сестра“ – дебитанскиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума, во продукција на Лист продукција ја освои престижната Специјална награда од жирито во програмата „Источно од Западот“ (East of the West) на 55. издание на Карлови Вари. Како што соопштија од Агенцијата за филм на РС Македонија, фестивалот во Карлови Вари е најголемиот фестивал во […]

Во Хрватска пристигнаа 19 бегалци од Авганистан, кои работеле во мисијата на ЕУ


Вечерва, 19 авганистански државјани пристигнале на аеродромот во Загреб кои работеле во делегацијата на ЕУ во Кабул, објавило Министерството за внатрешни работи. Во знак на европска солидарност, Хрватска одговорила на повикот на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) и одлучила да прифати 20 лица чии животи и безбедност биле загрозени со доаѓањето на талибанскиот режим. […]