Големиот унгарски режисер Бела Тар со онлајн – мастерклас на 20. Синедејс


Унгарскиот режисер Бела Тар, еден од највлијателните и најреволуционерни европски режисери ќе одржи мастерклас на 20. Синедејс.  Според организаторот, неговиот стил еволуираше со текот на годините, од раните филмови како Family Nest (1979) и The Outsider (1981) до неговите проекти Satantango (1994), Werckmeister Harmonies (2000), постепено оддалечувајќи се од она што тој го нарече „социјално […]

Слепите лица добија апликација „Кико“ која ќе им ги чита содржините


Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата „Кико“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, […]

Како да препознаете манипулатори – 7 сигнали кои ги издаваат


Како да препознаете манипулативно однесување кај други луѓе, објаснуваат експертите. Манипулацијата е еден од начините на кои луѓето се обидуваат да влијаат на животната средина, без оглед на нејзините потреби или чувствата на луѓето околу нив. Манипулаторите убедуваат, „извртуваат“ приказни, уцени, лаги, но не сите нивни тактики се толку очигледни. Ен Барнам, семеен и брачен […]

И бугарскиот премиер Јанев го нападна Трифонов


Стефан Јанев го обвини Слави Трифонов дека одбил да комуницира со своите гласачи   Некои имаат разбирање, некои се гневни од постапките на Слави Трифонов во Бугарија. Последниот во редот на оние коишто го нападнаа лидерот на партијата Има таков народ е службениот премиер Стефан Јанев, кој му забележа на Трифонов дека во една демократија […]

Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти „Холидеј ин“


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ каде што е предвидена изградба на висококатници, затоа што, како што вели, била формирана стручна комисија и Министерството нема надлежност да менува планови на која било општина. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната стручна дебата за новиот закон за […]

Ема Бантон и Џејд Џонс се венчаа по 23 години врска


Англија – Поранешната членка на поп-групата „Спајс грлс“, Ема Бантон се омажи за пејачот Џејд Џонс, по 23 години во љубовна врска. Таа објави фотографија од свеченоста на Инстаграм. Ема има кус бел фустан и букет во рацете, а Џејд е во маица, панталони и јакна од „Гучи“.   „Господин и госпоѓа Џонс“, кратко напиша Ема […]

(Видео) Бренсон за тензијата пред првиот негов лет во Вселената


Ричард Бренсон гостуваше во „Шоуто на Стивен Колберт“ вчера, неколку дена по неговото патување во Вселената. Имено, тој заедно со уште петмина, во неделата, во ракетниот брод „Единство“ на компанијата „Вирџин галактик“, извршија успешен пробен лет, па сподели дел од впечатоците со светската јавност. Така, Британецот стана првиот милијардер кој со суборбитален лет стигна до […]

В петок отворање на надворешно живеалиште за пингвини


Надворешното живеалиште за пингвини во Зоолошката градина – Скопје ќе биде отворено в петок, во 19:30 часот. Отворањето на живеалиштето, како што е најавено, ќе биде од затворен тип, односно само за медиуми. ЗОО Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. -Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а […]

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци


По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во […]

Од утре почнува аплицирањето за ,,Ковид 4”


Од утре започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија „Ковид 4“. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 7 јули 2021 година, а ќе трае 20 дена, соопштија од Развојната банка . За кредит со можност за грант компонента до 50 отсто, односно 15.000 евра, може да аплицираат трговски друштва од дејноста […]

ДЗС на 20 јули ќе објави конкурс за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис


 Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, ќе биде објавен на 20 јули и ќе трае до 5 август, информираа денеска од Државниот завод за статистика. Државниот завод за статистика ги интензивира организациските подготовки за претстојниот Попис 2021 кој ќе се […]

Место со отворена операција на срце, замена на валвули со катетер


На Клиниката за кардиологија кај сто пациенти е применета минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите и тоа е тренд секаде во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката. Тој рече дека со директорот на Клиниката за кардиологија, Жан […]

Филипче: Размислуваме на настани да се оди само со сертификат за вакцинација


Да се бара сертификат за вакцинација доколку некој сака да присуствува на некој настан на отворено или затворено, е темата на која размислуваат македонските здравствени власти да воведат од есен со цел да се спречи ширењето на вирусот.  Се размислува за евентуално воведување рестрикции од наесен за невакцинираните граѓани, рече министерот за здравство Венко Филипче […]

НБ: Монетарната политика и натаму е олабавена


Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови, движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамките на очекувањата, а неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму постојат. Тоа се главните заклучоци  од вчера одржаната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која […]

Има таков народ, нема таква иднина


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Слави Трифонов од Фејсбук арената треба да се симне во реалноста бидејќи не секогаш тоа што е добро за изборна кампања, е добро за било чија политичка иднина   Зошто токму тој? – е прашањето што го постави бугарски аналитичар, реагирајќи на победата на Слави Трифонов и на неговата партија Има таков народ […]

Досега поделени 30 илјади картички за патарините низ државава за српски државјани кои транзитираат


Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука […]

Светот врие, демонстрации со жртви на Куба и во ЈАР, на Авганистан му се заканува граѓанска војна


Со повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан, насилството е во пораст, а талибанците напредуваат, на Куба со денови се организираат протести против комунистичкиот режим, а во Јужноафриканската Република досега загинаа 72 луѓе, по протестите кои избија поради затворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума. Еден маж загина, а неколку граѓани и припадници на безбедносните сили се […]

Инфекциите во САД забрзано растат, се удвоија за две недели


Кривата на Ковид-19 во САД повторно се искачува по неколкумесечен пад, со бројот на нови случаи на ден двојно зголемен во последните три недели, водени од брзо-ширената Делта варијанта, забавувањето на вакцинацијата и собирите на 4 јули. Потврдените инфекции се искачија во просек на околу 23.600 на ден во понеделникот, од 11.300 на 23 јуни, […]

Во Холандија пораст на случаите со корона за 500 отсто


Утрово од Холандија се појави вест која е загрижувачки знак за тоа што може да и во другите земји. „Скај њуз“ известува дека: Холандија забележа огромен пораст на случаи со Ковид-19 откако ги укина речиси сите преостанати ограничувања и повторно ги отвори ноќните клубови кон крајот на јуни. Ноќните клубови се затворени повторно најмалку до […]

Заев: ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности


ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности: Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, а за 7,12 отсто е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година, објави […]