Мишел Фајфер ги продава недвижностите во САД и Канада


САД- Мишел Фајфер и Дејвид Е.Кели решија да се разделат со својата палата во Лос Анџелес помалку од две години откако ја купија во договор надвор од пазарот за 22,25 милиони долари. Според Dirt, долгогодишната двојка, која е во брак од 1993 година, го продава имотот за 25 милиони долари. Сместена во посакуваната населба Пацифик […]

Од почетокот на годинава над 100 милиони евра странски инвестиции во државава


Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. На новинарско прашање колкави се очекувањата да достигнат бројките […]

Општина Аеродром ќе поставува фотоволтаици и ќе компостира биоотпад


Општина Аеродром денеска го промовираше Јавното претпријатие за развојни проекти и првите два проекта за фотоволтаични термални системи и за управување со органски отпад. Целта за формирање на ова претпријатие е реализација на проекти во рамки на стратегијата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Како што информира в.д. директорот, Владимир Стевков, станува збор за […]

„Македонија 2025“ презентираше мерки за намалување на бирократски товар


Во организација на „Македонија 2025“ вчера се одржаа консултации во врска со т.н. Финален патоказ за мерки и реформи за намалување на бирократскиот товар, кој е подготвен врз основа на истражувањето кое го спроведе „Македонија 2025“ за мерење на товарот кој бирократијата го наметнува на претпријатијата. -Патоказот дава приказ на сегашната состојба со бирократскиот товар […]

Во Мексико пронајден фосил од риба стар 95 милиони години


Фосил на риба за кој се претпоставува дека е стар над 95 милиони години, е пронајден во Мексико, поточно во провинцијата Чијапас, на југоистокот на земјата. Се претпоставува дека таа живеела на северноамериканскиот континент во времето на диносаурусите. Научниците сметаат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје. – Рибата имала голем број боцки […]

Дејвид Гир: Европската перспектива на Македонија не е доведена во прашање


Амбасадорот на Европската унија во Скопје, Дејвид Гир, вели дека европската перспектива на Македонија не е доведена во прашање по блокадата на Бугарија, туку се случува токму спротивното. Во интервју за „Јуропиан вестерн балканс“ (EWB) Гир вели: „Го разбирам разочарувањето во земјата на ова последно одложување на почетокот на пристапните преговори. Луѓето разбираат дека Европската […]

Обвинение за Миле Јанакиески и за двокатните автобуси – штетата е 4,77 милиони евра


Поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, доби уште едно обвинение, овој пат за набавката на двокатните автобуси во Скопје. Истрагата за оваа набавка од 2008 до 2010 година покрена поранешното Специјално јавно обвинтелство, а сега Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по истражната постапка поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд за […]

Момче и девојка се обесија во Штип поради недозволена љубов


Двојна трагедија го потресе штипскиот регион, откако момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење. Дваесет и пет годишното момче се обеси вчера на локалитетот „Баргала“, а утринава и неговата 21-годишна девојка од селото Аргулица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот […]

Турција очекува Северна Македонија да и предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен


 Турција очекува од Северна Македонија да и бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години. – Во изминатите четири години зголемен е бројот на барањата за депортирање и екстрадиции до […]

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени едеб пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една […]

Почна превентивната сообраќајна кампања „Вози одморен“ на ГП Табановце


Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска ја почнаа кампањата за превенција во сообраќајот, „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, претставници од МВР и екипите на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот поделија летоци, вода за […]

Тилда Свинтон и Тимоти Шаламе-најстилско дуо на Кроазета


Франција- По една година одлагање на премиерата во Кан,  “The French Dispatch” на Вес Андерсон конечно се појави на фестивалот . Андерсон и големата екипа пристигнаа на црвениот килим во Кан во автобус. Филмот, елаборатна и фантастична ода на Андерсон за „Њујоркер“, ја има можеби најѕвездената екипа на фестивалот оваа година. На премиерата беа Бил […]

Ќе се носи нов закон за градење, стариот бил премногу пати менуван


Ќе се донесе нов закон за градење за кој веќе е изработена нацрт-верзија и во тек се консултации со стручната јавност. Во него, меѓу другото, се предвидува скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување обединета постапка за сите видови акти, укинување на прекумерниот број позитивни мислења и согласности за градење, како […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“


Одбраната и обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ денеска во Основниот кривичен суд во Скопје даваат завршни зборови. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле […]

Новата „феминистичка“ влада на Шпанија почна со работа


Новиот „феминистички“ кабинет на Шпанија официјално започна со работа по реконструкцијата на премиерот Педро Санчез, а на врвот на агендата беше економското закрепнување. Санчез во саботата претстави темелна реконструкција на кабинетот, заменувајќи ги министрите од тешка категорија во областите за надворешни работи и правда, истовремено зголемувајќи ја застапеноста на жените и намалувајќи ја просечната возраст […]

Хрватски лекар вакцинирал на црно?! Наплаќал по 250 евра доза


Лекар од Хрватска, М. З. (60) е обвинет за неовластено обезбедување на медицински услуги, бидејќи наводно вакцинирал неколку граѓани на БиХ „на црниот пазар“ и наплаќал 300 до 500 марки по доза.  Полициското одделение Градишка соопшти дека М.З. се сомнева дека, спротивно на важечките прописи на РС, тој обезбедувал медицински услуги во областа Кобаш во […]

Муцунски: Власта намерно не го става Законот за намалување на ДДВ на струјата на собраниска седница


Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја заради неспособноста на владејачкото мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште власта не го носи Законот за намалувањето на ДДВ на струјата, а веќе […]

Имунолозите изолираа антитело кое реагира на делта сојот


Меѓународна истражувачка група научници, меѓу кои и вирусениот имунолог Лука Шичин-Шаин од Хрватска, успеа да изолира антитело кое реагира на нов делта сој на корона вирусот. – Тоа е лек што спречува коронавирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот синџир на ширење низ телото. Тестиравме и докажавме дека нашиот лек […]

УПОЗ: Противзаконски е работата на службениците да се регулира со видео надзор


Предлозите на Владата преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните се нехумани, против законски и  дискриминаторски сметаат од Синидкатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ. Владата, нагласуваат од УПОЗ, е […]

На преминот „Морина“ уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница


 Македонски државјанин баран со меѓународна потерница распишана од белгиските власти е уапсен на преминот Морина на албанско-косовската граница, кај Кукс. -На влез на граничниот премин Морина, службите на граничната полиција, како резултат на зголемени мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа лицето Џелал Ферати (38), жител на Скопје, Северна Македонија, баран со […]