„Гугл“ забрани 25 апликации за „Андроид“


Корисниците на „Андроид“ уште еднаш беа предупредени на низа малициозни и штетни апликации што „Гугл“ ги забрани. Овојпат, забранети се 25 апликации за незаконска заработка. Се работи за програми за „рударење“ криптовалути, со плаќање месечна претплата. Врз основа на анализа на „Локаут“, се проценува дека на овој начин програмерите криминално измамиле над 93.000 луѓе и […]

Објавен конкурсот за прием на студенти во студентските домови


Министерството за образование и наука ги известува студентите запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Согласно Конкурсот, за академската 2021/2022 година за студентите се обезбедени […]

Во Осло забранети се електрични тротинети навечер


Жителите на Осло, главниот град на Норвешка, повеќе нема да можат ноќе, од 23 до 5 часот наутро, да изнајмат електрични тротинети, поради високиот процент повреди поврзани со тоа превозно средство. Според одлуката на градското собрани, мерката стапува на сила на почетокот на септември, пренесе норвешката агенција НТБ. Осло има најмногу електрични тротинети по глава […]

Северна Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар


Во новата листа со категоризација на земјите за кои е дозволен влез на Кипар, објавена од Министерството за здравство, Северна Македонија и понатаму е во портокаловата зона, односно за патување на островот, задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Државите членки на ЕУ, како и третите […]

Шилегов по потврдувањето на кандидатурата: Скопје го заслужува најдоброто


На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори., потврди актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. „Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи. #ЧекорПоЧекор“, напиша Шилегов.

Европски суд за човекови права: Русија да ги признае истополовите бракови


 Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се повикува Русија да ги признае истополовите заедници. Кремљ реагираше веднаш, наведувајќи дека истополовите бракови во Русија „не се дозволени“, согласно уставните измени усвоени минатата година. Судот пресуди во тужбата покрената од три руски истополови двојки откако руските власти не им дозволија да се венчаат. Судот […]

СЗО: Околу три милиони нови случаи на коронавирус за една недела


Минатата недела ширум светот беа пријавени околу три милиони случаи на инфекција со коронавирус и над 55.000 смртни случаи што е зголемување за 10 проценти во бројот на заразени, и три проценти во бројот на починати во однос на претходните седум дена, соопшти СЗО. Претходно, смртноста се намалуваше повеќе од два месеци. Од 5 до 11 јули […]

Скопски „Водовод“ апелира водата да се користи рационално


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. – Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови […]

Средовечната Кери Бредшо пак диктира трендови: Што ќе се носи сезонава?


САД- Ако мислевте дека новата серија на „Сексот и градот“ насловена „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That) ќе вклучува само трендови на враќање назад од годините на емитување на серијата ХБО (1998 до 2004 година), згрешивте. Според новите фотографии направени на снимањето на новите 10 епизоди треба да очекуваме да видиме и […]

Пушењето при поголеми жештини е поштетно


Русија– Пушењето за време на потоплите периоди е особено штетно, поради зголемениот токсичен ефект, изјави Евгениј Брун, одговорен нарколог во руското Министерство за здравство. – Пушењето е штетно во кое било време од годината. Но, при жештините, пушењето е особено штетно и тоа се должи на фактот дека кога е многу топло, има поголем товар […]

Директорка на СТО: Програмата КОВАКС засега не ја исполни целта


Швајцарија – Програмата КОВАКС за рамномерна испорака на вакцини против Ковид-19 низ целиот свет не успеа да ја исполни целта, бидејќи некои земји беа во можност да понудат повеќе пари и да направат резерви, смета генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала. – Недостигот во набавката го одреди однесувањето, истакна Окоњо-Ивеала за време на […]

Џоди Тарнер-Смит ограбена во Кан: Ми украдоа накит со сентиментална вредност


Франција-На Џоди Тарнер-Смит , која на Канскиот филмски фестивал го промовираше својот нов проект After Yang, ѝ украле накит вреден десетици илјади евра од нејзината хотелска соба. Според „Варајети“, едно парче од украдениот накит имал посебна сентиментална вредност: венчалниот прстен на мајката на Тарнер-Смит. Актерката која престојувала во хотелот„ Мериот “ на Кроазета, била на […]

Донарума напиша проштално писмо на навивачите на Милан


Италија– Поранешниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој е близу до трансфер во ПСЖ, објави проштално писмо до навивачите на „росонерите“. – Понекогаш е тешко да се направи избор, но тоа е дел од развојот на една личност. Дојдов во Милано скоро како дете. Осум години со гордост го носам овој дрес. Се боревме, издржавме, победувавме, […]

Во Сиднеј продолжен локдаунот за уште најмалку 14 дена


Франција– Австралиските власти го продолжија заклучувањето во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули, наведувајќи дека во изминатите […]

Данијела Мартиновиќ со концерти во август на Хераклеа и во Охрид


  По долга пауза, патиштата помеѓу хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето. Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ја донесеме навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Битола и во Охрид на […]

Голем пожар во магацин во Белград


Србија– Во белградската населба Дорчол рано изутринава се запали магацин. Густ црн чад се издигна над населбата и може да се забележи од голема оддалеченост. Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи, засега нема повредени во инцидентот. Станува збор за приватен магацин во кој главно се складира хартија и картони. Повремено пука стакло и […]

САД спречија киднапирање на новинарка во Њујорк


САД– Четворица Иранци се обвинети за заговор за киднапирање на новинарка во Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД. Новинарката и активистка, Масих Алинеџад, која има иранско потекло и е отворен критичар на владата во Техеран, потврди на Твитер дека била цел на наводен заговор. Алинеџад исто така го основа движењето Моја скриена слобода (My Stealthy Freedom), […]

Скопје очекува формирање политичка влада во Софија и исчекор на патот на земјава кон ЕУ


Премиерот Зоран Заев очекува формирање политичка влада во Софија заради, како што вели, потребите на бугарските граѓани, но и затоа што ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот. Но, според аналитичарите, исклучително се мали шансите за промена на ставот на Софија кон Скопје во однос на усвојувањето на нашата преговарачка рамка и почеток на преговорите […]

Промоција на аудиочитачот за слепи лица „Кико“


На терасата на Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе се одржи промоција на дигиталната апликација – аудиочитач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид, на која ќе присуствуваат и премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Аудиочитачот е креиран првпат на македонски јазик, […]

Зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19 во Тетово, надлежните апелираат заразените да даваат точни податоци, а останатите да се вакцинираат


Бројот на активни случаи во земјава вчера изнесуваше 197, од кои 66 во Скопје, а 65 во Тетово. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 3.227 тестирања, регистрирани се 21 нов случај со Ковид-19 од кои 11 во Тетово, по три во Скопје и во Куманово, два во Струга и по […]