Министерот Спасовски во посета на граничниот премин „Табановце“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, во рамки на кампањата „Вози одморен“, ќе го посети граничниот премин „Табановце“. Како што најави МВР, при посетата Спасовски ќе биде придружуван од претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска. По посетата, најавени се изјави на министерот Спасовски и претседателката РСБСП, Кожуваровска.

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат собраниските комисии за финансирање и буџет и за европски прашања и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи 25 седница на чиј дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, во второ читање. Членовите на Законодавно-правна комисија […]

30 години Канал 103: Концерт на Крсте Роџевски


Музичкото радио – Канал 103, актуелно по неговата борба за враќање на ФМ фреквенцијата и конечно легализирање на сопствениот статус, го започнува физичкиот дел од прославата на својот 30-ти роденден со соло концерт на Крсте Роџевски, еден од највозбудливите, најинтересните и најсуптилните вокалисти, композитори и гитаристи во македонската музика воопшто. Овој настап на Роџевски, кој […]

Сончево и многу топло со јужен ветер


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9 Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура […]

Италија им забрани на крузерите да пловат низ Венеција


Италијанската Влада им забрани денеска на крузерите да пловат низ Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден“. Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера. – Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање […]

Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Авганистан


 Франција ги повика своите државјани да го напуштат Авганистан поради „развојот на безбедносната состојба во таа земја“, соопшти денеска Амбасадата во Кабул. – Француската Влада ќе организира специјален лет утрото на 17 јули, со поаѓање од Кабул, така што целата француска заедница ќе може да се врати во Франција, соопштија од амбасадата, додавајќи дека тоа […]

Конечни резултати во Бугарија – ГЕРБ загуби 195 илјади гласови


Главни губитници се ГЕРБ на Бојко Борисов и бугарските социјалисти, а големи добитници Има таков народ и Демократска Бугарија   Централна изборна комисија ги објави конечните резултати од изборите, но не соопшти која партија колку мандати ќе освои. Според резултатите, победник на изборите е партијата Има таков народ со 24,08 отсто од гласовите. По неа […]

СДСМ почна пред сите – ги објави првите кандидати за градоначалници


Петре Шилегов и официјално ќе се бори за втор мандат во Скопје. Од поголемите градови решено е и сегашните градоначалници на Штип и Охрид да ја добијат поддршката на партијата   На три месеци пред локалните избори владејачкиот СДСМ веќе одбра дваесетина кандидати за градоначалници за кои во структурите на партијата веруваат дека имаат големи […]

Утврдена Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот


Членовите на Владата на денешната седница ја разгледаа и усвоија Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план, која истовремено е и дел од мерките од Планот за борба против корупција. – Основна заложба е наведената стратегија да придонесе за зајакнување […]

Коронавирус во светот: Зголемување на бројот на смртни случаи и инфекции


Високата стапка на смртност од последиците на Ковид-19 потврдија Велика Британија и Русија. Здравствените експерти предупредуваат дека луѓето не треба да се опуштат, иако коронавирусот се чини дека е потиснат, а нивните стравови се поткрепени со зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи во неколку земји во светот. Велика Британија денеска соопшти дека […]

Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за концесии и јавно приватно партнерство


Владата на денешната 87-ма седница на предлог на Министерството за економија го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство. – Предложените измени и дополнувања се со цел продолжување на роковите на одредени концесии склучени во одредено време под одредени услови, а поврзано со реализацијата на мерките […]

Предлог-законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце


Владата на денешната 87-ма седница на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, во кој вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце. Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој […]

Кризен штаб на Србија: Третата доза нема да обезбеди колективен имунитет


Министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, по седницата на Кризниот штаб, чиј член е, изјави дека во Србија има мало зголемување на бројот на заболени, но дека ситуацијата сепак и понатаму е стабилна, јави дописникот на МИА од Белград. – Кога станува збор за хоспитализирани пациенти последните месеци, над 99 отсто од нив не биле […]

Се гледа ли крајот на тунелот


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Мерките што ќе се преземаат во наредниот период можеби нема да ја вивнат македонската економија „во вселената“, но секако ќе придонесат да се фати чекор со поуспешните стопанства, како и да се забави одливот на квалификувана работна сила   На прв поглед звучи парадоксално, во време кога светот се бори да излезе од […]

(Фото) Првата дама на „Охридско лето“ во зелена тоалета со неколку слоеви симболика


Вечерна тоалета без ракави во смарагдно зелена боја, која носи во себе неколку слоеви на симболика, но и потсетува на нијансите на езерото избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на 61. Охридско лето што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски. Во услови на намален број на публика, Ѓоргиевска пак блесна […]

Проекција на концертот „Раде Шербеџија и Западни колодвор бенд“ во Кинотека


На 15 јули (четврток)  во Кинотека на Р.С.Македонија, на летната сцена „Мирно лето“, во 20:30 часот, со проекција на концертот „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“, продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. Додека животот во времето на т.н. светска „пандемија“ навидум се враќа во некоја „нормала“, а концертната сезона полека […]

„Доживувањата на двајца селски учители“ – нов роман од Паскал Гилевски


Во јубилејната програма – по повод триесетгодишнината од основањето, Матица македонска го објави романот „Доживувањата на двајца селски учители“ од Паскал Гилевски. -Најновото прозно остварување на истакнатиот македонски писател е возбудливо четиво  за младите занесеници, кои во питорескното село Кучевиште ја бараат смислата на животот. Во романот централно место зазема љубовта меѓу учителот Спасо и […]

Кан: Шерон Стоун домаќин на гала-вечерта на АМФАР за борба против сидата


Франција– Глумицата Шерон Стоун ќе биде домаќин на 27-то издание на добротворната гала-вечер, организирана од американската фондација АМФАР за борба против сидата, во рамките на Канскиот филмски фестивал, објави „Варајети“. Настанот, кој традиционално вклучува вечера, аукција и модна ревија, ќе се одржи на 16 јули во дворот на луксузната вила во Кап д’Антиб. Претседателот на […]

Општина Аеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза


Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. „Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи […]

Залихите на нафта се очекува да паднат, цената се зголеми на 76 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија на меѓународните пазари на 76 американски долари, поддржани од тесните залихи и очекувањата за намалување на залихите во САД и светот. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 41 цент во споредба со претходното затворање, на 75,57 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 28 центи повисоко, […]