Во Холандија пораст на случаите со корона за 500 отсто


Амстердам ноќе по олабавувањето на мерките (Фото: ЕПА)

Утрово од Холандија се појави вест која е загрижувачки знак за тоа што може да и во другите земји. „Скај њуз“ известува дека:

Холандија забележа огромен пораст на случаи со Ковид-19 откако ги укина речиси сите преостанати ограничувања и повторно ги отвори ноќните клубови кон крајот на јуни. Ноќните клубови се затворени повторно најмалку до 13 август и баровите ќе мора да се затворат на полноќ.

Речиси 52.000 луѓе во Холандија биле позитивни на Ковид-19 во текот на изминатата недела – што се зголемување за повеќе од 500%. Официјални лица изјавија дека од инфекциите што може да се следат до нивниот извор, 37 отсто се случиле во бар или клуб.

Еден позитивен знак е сепак дека приемот во болница во Холандија е зголемен само за 11%, што е еднакво на само 60 пациенти. Како и да е, ова сугерира дека клацкалицата помеѓу повторното отворање и ограничувањата може да продолжи низ цела Европа уште некое време.