Новинарка на РТЛ отпуштена поради несовесно известување за поплавите во Германија


Новинарка од германската телевизија РТЛ доби отказ откако непрофесионално и несовесно известуваше за подрачје погодено од поплавите што ја зафатија западна Германија. „Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“ – е насловот на телевизискиот прилог на репортерката Сузана Олен. Но, наскоро се појави видео и од случаен очевидец, каде што […]

(Во живо) Отворање на Олимписките игри во Токио


На „Националниот стадион“ во Токио, денес со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020.   Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет […]

Израел регистрира пад на ефективноста на вакцината против коронавирус


Израел– Израелското Министерство за здравство соопшти дека ефективноста на вакцината против коронавирус е намалена на 39 проценти во спречување на инфекцијата, и на 41 процент кај симптоматска инфекција. Сепак, се додава дека вакцината сè уште е многу ефикасна во спречување на сериозни форми на болеста и таа изнесува 91 процент, и 88 проценти во спречување на хоспитализација […]

Крушево очекува да биде сертифициран како здравствено безбедна туристичка дестинација


Крушево очекува да добие потврда, како соодветен сертификат дека е  здравствено безбедна туристичка дестинација за европските туристи.  Експерти од Европскиот совет за туризам и за трговија ќе го посетат Крушево за да ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација и да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки. Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, […]

УХМР: Претстои стабилно време, особено топло кон средината на идната недела


Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец […]

Макрон: Уште од сега се подготвуваме за Игрите во 2024


Јапонија– Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио. Тој ќе биде еден од 15-те шефови на држави кои ќе присуствуваат на свечената церемонија. – Гледаме напред и уште од сега се подготвуваме за нашата земја да биде добар домаќин на Игрите во 2024 година. Не само нашите спортисти, туку […]

Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош


Олеснување на комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домaшаните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош за чија изработка е објавен јавен повик. На јавниот повик, […]

Удар за обвинителството: Мијалков и „алфите“ ослободени за апсењето на Љубе Бошкоски


Обвинителите од поранешното СЈО денеска го доживеаја еден од поголемите порази откако судот ги ослободи од вина поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на единицата „Алфа“ во процесот за апсењето на Љубе Бошкоски, лидер на партијата Обединети за Македонија. Ваквата пресуда на судијката Александра Ристеска на некој начин се очекуваше откако пред […]

Сингапур: Повеќето новозаразени се вакцинирани, со полесни симптоми


Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во изминатите четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема потешки случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци додека трае забрзана кампања за имунизација.   Во Сингапур, каде живеат 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се речиси 75 проценти од населението. Според западните медиуми, таа е втора […]

Инцко забрани негирање на воените злосторства во БиХ


Високиот претставник на ОН за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, денеска ги донесе измените во Казнениот законик на земјата со кои се забранува и со затвор се санкционира негирањето на воени злосторства, вклучувајќи го и геноцидот во Сребреница. Новообјавениот Закон за измени и дополнувања на Кривичниот законик на БиХ, во иднина на секого ќе му […]

Подолгиот интервал меѓу дозите ја зголемува ефикасноста на вакцината на „Фајзер“


ЛОНДОН – Подолг интервал помеѓу дозите на вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 доведува до поголеми вкупни нивоа на антитела, откриено е во британско истражување во петокот (23.07.), Но има голем пад на нивото на антитела по првата доза. Студијата може да помогне во информирање на стратегиите за вакцинација против варијантата Делта, со што се намалува […]

Краткиот филм „Соло Мод“ на Тамара Котевска премиерно на фестивалот во Сараево


Краткиот филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има светска премиера во официјалната селекција на кратки филмови на 27. Филмски фестивал во Сараево, кој ќе се одржува од 13 до 20 август. Како што соопшти „ОХО Продукција“, „Соло Мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19 и снимен во 2020 година за време на […]

Димитров го префрли проблемот со бугарското вето на ЕУ


Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на Европската Унија на Балканот, порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија. Тој рече дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата […]

(Во живо) Слушнете ја пресудата за „Тортура“


Првообвинет за тој предмет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Станува збор за предметот Тортура на поранешното Специјално обвинителство. До сега Мијалков е осуден на 12 години казна затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување, потоа 8 години затвор за набавка на британска опрема за следење на електронската […]

Унгарија: Вакцината ќе биде задолжителна за сите здравствените работници


Премиерот Орбан предложи училишните деца над 12 години да бидат вакцинирани пред почетокот на учебната година   Премиерот на Унгарија Виктор Орбан објави дека вакцинациите против корона вирусот ќе станат задолжителни за здравствените работници, а децата треба да се вакцинираат пред да се вратат на училиште, во обид да се зголемат стапките на инокулација. За […]

Црна Гора воведува привремена забрана за работа на дискотеки и клубови


Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки, објави подгоричкиот весник „Вијести“. Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории. Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе […]

Хелен Мирен го продава домот во Лос Анџелес -исклучителен стил и приватност за 18,5 милиони долари


САД- Оскаровката Хелен Мирен  и нејзиниот режисер сопруг – кои се во брак 24 години – го продаваат својот имот на Холивуд Хилс за 18,5 милиони долари. Тие исто така ја дозволија опцијата за закуп на имотот за 45 илјади долари месечно.  „Тоа беше првата куќа во која живеевме заедно“, изјави Мирен за „Волстрит журнал“. […]

(Видео) На натпревар наеднаш се појави пијавица, играчите побегнаа, храбриот судија остана средe вртлогот


Невообичаено видео доаѓа од еден фудбалски натпревар во Боливија. Локални фудбалски тимови од пониските лиги во главниот град на Боливија Ла Паз, инаку град кој се наоѓа на неверојатна надморска височина од дури 3.600 метри, имаа проблем со мала временска непогода кога на сред натпреварот на теренот се појави пијавица. За среќа, тоа беше краткатрајна […]

Бензема позитивен на корона вирус


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е позитивен на корона вирус. Кралскиот клуб соопшти дека францускиот напаѓач е позитивен на Ковид-19 и дека ќе биде надвор од тимот. Бензема ќе мора најмалку една недела да биде во карантин. Прашање е дали 33-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за почеток на сезоната. Неодамна, тој со Франција играше […]

Лавров: Русија подготвена на взаемно признавање на вакцините со ЕУ


Русија – Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Неодамна Европската комисија предложи:„ Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите“. Ние сме отворени за тој дијалог, истакна Лавров на […]