Снепчет со најголем раст во споредба со последниве неколку години


Бројот на дневни активни корисници на Снепчет се зголеми на 293 милиони, што е зголемување за 23 отсто во однос на истиот период лани. Ова е всушност најголемиот раст изминативе неколку години. Растот на Снепчет го надмина и Твитер, кој бележи 206 милиони активни корисници дневно во второто тримесечје. Вкупните приходи на компанијата се зголемиле […]

„Донда“ во чест на мајка му- Канје Вест го објави десетиот студиски албум пред публика во Атланта


САД– Канје Вест едвај кажа збор за време на неговата сесија за слушање синоќа, но публиката го слушаше секој збор раперот-милијардер сепак ги имаше повеќето присутни кои стоеја на нозе додека висеа на секој збор од неговиот нов проект. Вест го претстави својот 10-ти студиски албум „Донда“ пред преполната публика на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта. […]

(Видео) Прес конференција на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на ФИТР, Коста Петров


Проследете ја прес конференцијата на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на ФИТР, Коста Петров,  на која го презентираат јавниот повик за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија реализирани преку планот за економски раст, кој е објавен од ФИТР.

Реџепи излезе од карантин, ќе го носи македонското знаме


Одлична вест од Токио, која беше потврдена и од членовите на нашата делегација на Олимпијадата. Имено Арбреша Реџепи откако беше во каратин 24 часа, излезе од изолација и ќе биде наш знаменосец, заедно со Дејан Георгиевски на свеченото отворање на Олимпијадата, кое е закажано за денеска со почеток во 13 часот, јавува Sportmedia. Таа на […]

Лето со мирис на книги: Кои наслови да ги читате на плажа?


Во средината на летото и на Летниот книжевен фестивал, од Издавачки центар ТРИ пристигнуваат новитети и книжевни препораки за секого и секаде. За сите кои сакаат лето за уживање, но полно со емоции и длабоки приказни, тука се новите ексклузивни наслови од Брит Бенет и Кристи Лефтери – „Половината што ми недостига“ и „Пчеларот од […]

Ѓоковиќ: Најдобрите тенисери на светот дојдоа на Олимпијадата


Јапонија– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го коментираше фактот дека Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе ги пропуштаат Олимписките игри. – Во текот на изминатите 15 години, јас не играв многу турнири на кои ги немаше Роџер и Рафа. Затоа е малку чудно, бидејќи навикнав да гледам барем еден од нив. Но, и онака најдобрите играчи […]

Дел од населбата Припор без вода


Корисниците од прва зона во населбата Припор денеска од 10 часот имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев – крак 20“ бб, во близина на училиштето. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до отстранувањето на дефектот.

Боки 13 спроведен во затвор, се чека Јанева


Бојан Јовановски – Боки 13 вчера околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“,Јовица Стојановиќ. Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите […]

Пожар беснее во Јакутск, се шири отровен чад


Топлотниот бран во една од најстудените области во светот предизвика шумски пожари и му се закани на сибирскиот град Јакутск со „воздушна апокалипса“. Најголема опасност претставува густиот отровен чад, предупредуваат службите за набљудување на атмосферата. Високото ниво на честички, а можеби и хемикалиите, вклучувајќи озон, бензен и водород цијанид, се причина за едно од најлошите […]

„Гнездо“ и „Интермецо“ казнети за бучава


Кафулињата „Гнездо“ и „Интермецо“ во Центар, предизвикувале бучава поголема од дозволеното, па Општина Центар им издаде Решение за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар.  Овластените општински инспектори за животна средина, […]

Запленета дрога вредна околу 150.000 евра, пресечен меѓународен канал, приведени пет лица


Почнувајќи од минатиот месец, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  беше спроведена  истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана […]

Минијатурниот остров Покоњи Дол – украс на Јадранското Море


Хрватска– На само два километри од хрватскиот остров Хвар се наоѓа Покоњи Дол, мало островче кое привлекува сѐ поголем интерес кај домашните и странските туристи… А, како што вели околното уверување, ова мало копно може да се обиколи во само 600 чекори. Припаѓа на групата острови Паклени / Паклински, а неговата должина и ширина се […]

Вонредна состојба во Сиднеј поради Ковид-19, властите ги засилуваат мерките


Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска објави најголем дневен пораст на заразени со корона вирус оваа година, што предизвика посилни мерки за затворање во Сиднеј, а австралиските власти соопштија дека државата е во вонредна состојба што го попречува закрепнувањето на економијата.   Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, најави дека во најголемиот град во […]

Владо Калембер на „Охрид-фест“ во септември: Никаде не отидовме за да се вратиме


Музичката ѕвезда од некогашните југословенски простори, фронтменот на групата „Сребрени крила“, сега веќе 68-годишниот Владо Калембер, повторно ќе учествува на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2021“ на 11 септември. Тој Македонија отсекогаш ја сметал за своја втора татковина, бидејќи е роден во Струмица. Годинава, хрватскиот пејач и фронтмен на легендарните „Сребрени крила“, ќе настапи на првото […]

Автобусите на ЈСП од „Веро Џамбо“ до железничка ќе возат преку Феријален


Ве информираме дека денеска, петок (23.07.2021 година) по 17 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од семафорите кај „Веро Џамбо“ до семафорите пред Транспортен центар, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока на Транспортен центар/Ново Лисиче/населба Лисиче и слично, ќе имаат […]

Изложба „Неправилен ритам“ на Билјана Билбилоска во Белград


Самостојната изложба на слики од македонскиот уметник Билјана Билбилоска е отворена во куќата на поетот Ѓура Јакшиќ во Белград. На изложбата се претставени слики изработени во последните три години, во техника масло и акрил на платно и на картон. За оваа изложба, д-р Александар-Андрија Пејовиќ вели дека моќта на бојата и силата на колоритот најмногу […]

Северна Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната


Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета. Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на […]

Протести на Хаити пред погребот на убиениот претседател


Протестите на гневните приврзаници на убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз (1967-2021), врз кого беше извршен атентат на 7 јули, продолжија втор ден по ред, додека работниците синоќа работеа да ја завршат импровизираната сцена за неговиот погреб кој ќе се одржи денеска. По неговата смрт, се случи политичка криза во карипската земја, која се бори […]

Конфликт меѓу Полска и САД околу обновување на лиценца за ТВ канал


Идните американски инвестиции во Полска би можеле да бидат загрозени доколку таа земја не ја обнови лиценцата на 24-часовниот информативен канал ТВН24. Тоа го изјави советникот на Стејт департментот, Дерек Колет, осврнувајќи се на потенцијалните нови полски закони против сопственоста на американската медиумска компанија „Дискавери Инк“. Телевизијата е во процес на обновување на својата лиценца, […]

Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска Влада со „Има таков народ”


Бугарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори „Има таков народ“ ја поздравува нивната одлука за отворање дијалог со другите партии. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка […]