Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени


Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови.    Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека Јелен, претставникот за клима во Белата […]

Стејт департмент: САД и Кина имаат заеднички интереси во политиката кон Северна Кореја


Стејт департментот соопшти дека интересите на Вашингтон и на Пекинг околу прашањето за Северна Кореја во голем степен се совпаѓаат. Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс истакна дека „американската администрација е убедена оти интересите на САД и Кина во однос на нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја барем делумно се совпаѓаат“. – Севернокорејската политика […]

Се запали имотот на Џеј Зи и Бијонсе во Њу Орлеанс (видео)


Пожар избувна во шпанско-барокната палата од 2,4 милиони долари во луксузната населба Гарденс во Њу Орлеанс, сопственост на познатата двојка Џеј Зи и Бијонсе. Сведоци велат дека биле потребни 22 пожарникари и повеќе од два часа за да се спречи пожарот. Обемот на штетата сѐ уште не е одреден, но според очевидци, работите можеле да […]

Русија ги казни Фејсбук и Телеграм за неотстранета спорна содржина


Рускиот суд ја казни социјалната мрежа Фејсбук со шест милиони рубли или 81.350 американски долари и апликацијата за пораки Телеграм со 11 милиони рубли затоа што не отстраниле нелегална содржина. Во последните месеци Москва презеде чекори за регулирање и ограничување на моќта на социјалните мрежи и технолошките гиганти, воведувајќи помали казни за нелегална содржинаистовремено обидувајќи […]

ЕУ (повторно) против перење пари


Европската комисија подготвува нови, шести насоки против перење пари, а ќе има и специјална агенција затоа што, и покрај постојните регулативи, перењето пари во ЕУ продолжува. – Нашите регулативи против перење пари се меѓу најострите во светот, но тие мора и доследно да се спроведуваат. Затоа што, многу земји на Унијата – вклучувајќи ја и Германија – немаа премногу […]

СБ на ОН ја отфрли руската резолуција за укинување на функцијата Висок претставник на ОН во БиХ од 2022 година


Советот за безбедност на Обединетите нации вчера ја отфрли руската резолуција, со која се поддржува именувањето на германски дипломат Кристијан Шмит за меѓународен Висок претставник за БиХ, но треба да се затвори неговата канцеларија на 31 јули 2022 година, што претходно беше одбиено од западните земји. Предлогот за резолуција доби само два гласа, на Москва […]

Венеција избегна да се најде на списокот на загрозено светско наследство


Венеција во четвртокот за малку избегна да се најде на списокот на загрозено светско наследство, како што беше предложено од УНЕСКО, непосредно пред одлуката на владата да забрани влегување на крузери во историскиот дел на градот.   На состанокот во Фужоу, Кина, Комитетот за светско наследство ја забележа забраната, која ќе стапи на сила од […]

Од „Хавана синдромот“ заболеле 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства


Околу 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства се наоѓаат меѓу околу 200-те американски службеници кои страдаат од мистериозниот „Хавана синдром“, изјави вчера директорот на ЦИА, Вилијам Барнс. Барнс, кого американскиот претседател Џо Бајден како прв дипломат од кариера го постави на челното место на разузнавачката служба, во интервју за Националното јавно радио […]

Целовечерен концерт на пијанистот Дарко Костовски вечерва на „Охридско лето“


Прекрасната акустика на Катедралната црква „Света Софија“ вечерва во рамки на „Охридско лето“ е резервирана за концертот на нашиот уметник на пијано, маестро Дарко Костовски. Костовски е роден во 1978 година во Скопје и првите знаења од областа на пијаното ги добива од професорите Аида Ислам, Марија Писинова и Борис Романов во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“. […]

Изложба на артефакти, документи, фотографии и снимки од работењето на Младинското радио „Клуб 100“ во Куршумли Ан


Во Куршумли Ан во Скопската чаршија вечерва, како дел од програмата на Скопско лето ќе биде отворена изложба на артефакти, документи, фоторграфии и снимки од работата на Младинското радио „Клуб 100“, првото независно радио во скопскиот и македонскиот етер. Изложбата е по повод 35 години од започнувањето и 30 години од згаснувањето на работата на […]

Денес ќе бидат отворени Олимписки игри во Токио


На „Националниот стадион“ во Токио, денес со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020. Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). […]

УНЕСКО денеска ќе расправа за Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство


Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство […]

За СДСМ прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ локалните избори да се одржат на 17 октомври


СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде 17 октомври, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, ако за тоа се договорат сите партии, порача вчера премиерот Зоран Заев, откако во средата опозициската партија се спротивстави на неговата идеја изборите да се одржат на 31 октомври и инсистраше терминот за нивно одржување да биде 17 октомври. – […]

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот


Во рамки на 47. седница денеска во Собранието треба да продолжи расправата за дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. […]

Активни 214 случаи на Ковид-19, теренската вакцинација продолжува на 60 населени места


Епидемиолошката состојба со Ковид-19 засега останува стабилна. Како што соопшти вчера Министерството за здравство во деноноќието меѓу средата и четвртокот биле регистрирани 17 нови случаи на заболени од Ковид-19, а во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која денеска ќе се одвива во 60 населени места во државата. Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на […]

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со „Орден за заслуги за државата“


Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“ ќе ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и […]

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. […]

Реџепи во делумна изолација, нема да го носи македонското знаме на ОИ во Токио


Македонската олимпијка во џудо, Арбреша Реџепи, е во делумна изолација по близок контакт со заразено лице со коронавирус на летот кон Токио и нема да го носи македонското знаме на утрешното свечено отворање на Игрите во Токио. Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри требаше да го носат Реџепи и таеквондистот Дејан Георгиевски, но, Реџепи […]

Во Грција потврдени 219 нови случаи од Делта сојот


 На 1.087 се зголеми вкупниот број на потврдени Делта случаи во Грција, откако Националната организација за јавно здравје денеска соопшти 219 новозаразени со конкретниот сој, што претставува 5,42 отсто од мутациите во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на новите случаи, повторно се регистрирани над 2.500, односно 2.604 новозаразени, а починаа пет […]

Италија воведе „зелен пасош“ и ограничувања за невакцинираните лица


Владата се обидува да ја зголеми стапката на вакцинација среде повторното појавување на коронавирусни инфекции   Италијанскиот премиер, Марио Драги, ги повика сите Италијанци да примат вакцина против Ковид-19, откако неговата влада одобри ограничувања за невакцинирани граѓани обидувајќи се да ја ограничи повторната појава на инфекции. Драги на прес-конференција во четвртокот рече дека земјата треба […]