Макрон: Уште од сега се подготвуваме за Игрите во 2024


Јапонија– Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио. Тој ќе биде еден од 15-те шефови на држави кои ќе присуствуваат на свечената церемонија.

– Гледаме напред и уште од сега се подготвуваме за нашата земја да биде добар домаќин на Игрите во 2024 година. Не само нашите спортисти, туку целото наше општество. Ние сакаме да имаме совршени игри во однос на спортот и вредностите. Продолжуваме да учиме да живееме со вирусот, но истовремено и да го негуваме олимпискиот дух, заснован на тимска работа која е толку потребна сега, истакна Макрон.

Според најавите Макрон ќе присуствува на натпреварите во џудо и во баскет 3х3.

Церемонијата на отворањето во Токио ќе биде без публика, а на настанот ќе присуствуваат околу 950 службени лица.

Свеченото отворање на Олимписките игри во Јапонија ќе почне во 13 часот.

Следните летни Олимписки игри ќе се одржат во Париз во 2024 година.