Денеска 36 новозаболени, нема починати


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на Ковид-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: […]

Објавени огласите за вработување 500 образовни асистенти за работа со ученици со попреченост


Огласи за вработување вкупно 500 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година, за кои од буџетот на МОН се обезбедени 59 милиони денари, објавија пет ресурсни центри кои ќе ги опслужуваат сите основни училишта низ државата во кои има ученици со атипичен развој. Асистентите ќе им бидат поддршка на наставниците и нивната улога ќе биде да […]

УНЕСКО им даде на Македонија и Албанија уште две години за „поправен“


Центарот и советодавните тела на УНЕСКО им дадоа на Северна Македонија и на Албанија дополнителни две години да постапуваат по препораките содржани во Реактивните мисии на Комитетот за Светско наследство на ОН, за да избегнат поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. Комитетот за Светско наследство при Организацијата на […]

Катица Јанева спроведена во затворот „Идризово”


Катица Јанева, од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија, денеска е спроведена во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, за повеќе медиуми потврдува дека Јанева е спроведена во затворот во Скопје, но дека спроводот е без упатен акт од судија за извршување на санкции, […]

Архангел и Филхармонија со бесплатен концерт во Градски парк на 25 јули


Во рамки на програмата за одбележување на 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 25 јули во 21 часот во Градскиот парк, ќе се одржи концерт на Филхармонија на РСМ и „Архангел“, насловен како „Филхармонија и Архангел за Скопје“. На денешната прес-конференција присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорката на Македонска филхармонија, Тина Иванова, […]

УНЕСКО оцени дека нема прогрес околу заштитата на Охридскиот регион, одлуката се чека


Комитетот за светско наследство при Организација на Обединетите нации, иако оцени дека имало напори од страна на Македонија и Албанија да се заштити регионот на Охрид за да не биде прогласен за загрозено културно и историско наследство, смета дека тоа што било направено – не е доволно. Затоа, од двете земји се бара да го […]

Пет намирници кои предизвикуваат воспаление во организмот


Воспалението во телото е еден од факторите кои придонесуваат за развој на разни хронични заболувања. На воспалението влијаат храната што ја јадеме, физичката активност, спиењето, но и стресот. Може да се манифестира на различни начини – висок шеќер во крвта, висок крвен притисок или холестерол … Намалувањето на воспалението во организмот го подобрува здравјето, а […]

МЗ: Вакцинацијата урива рекорди, вчера аплицирани речиси 20.000 дози вакцини


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а […]

Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вели дека во финалната верзија на законот за продажба на државно земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки на засегнатите страни, како и дека постапката за негова изработка ќе биде транспарентна и инклузивна. Од вчера одржаната јавна дебата за ова прашање, вели, произлегол заклучок дека ваков […]

Македонските спортисти на отворањето на Олимписките игри во Токио


Свеченото отворање на Олимписките игри во Токио почна со скромна и одмерена церемонија поради пандемијата со короната и пред речиси празен стадион. Во овој момент трае дефилето на учесниците. Осумтемина македонските спортисти веќе продефилираа. Знамето го носеше џудистот Арбреша Реџепи.

Компаниите бараат поскапување на парното, РКЕ ќе донесе одлука следната недела


Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги во текот на следната недела ќе ја донесе одлуката за цената што ќе ја плаќаат скопјани за парно греење во наредната сезона. Како што  истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски до крајниот рок, односно до 31 мај, трите компании на централниот систем за греење ги доставиле своите барања. […]

Рашковски останува во куќен притвор, одбиено барањето за ефективен притвор


Судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, донесе решение со кое го одби како неосновано барањето на обвинителот за замена на мерката куќен притвор со мерка ефективен притвор на осомничениот Д.Р.  во врска со  предметот за „Нелегална набавка на софтвер“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. -Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно […]

Јубилејниот 55. МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи на почетокот на октомври во Прилеп


Јубилејното 55-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи на почетокот на октомври, официјално одлучи Собранието на Фестивалот на последната седница. Ова јубилејно издание требаше да се одржи лани, во редовниот термин во почетокот на јуни, но пандемијата го одложи за годинава. Македонските театри треба до 30 август да го пријават учеството […]

Ордени за четворица врвни луѓе кои создадоа нови вредности во македонското општество (галерија)


Претседателот Стево Пендаровски денеска врачи Орден за заслуги за Република Северна Македонија за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими (постхумно) и за Живко Мукаетов   Пријатели, поддржувачи на нивното дело, членови на семејствата денес присуствуваа на свечената церемонија во вилата на Водно каде претседателот Стево Пендаровски  ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, […]

Светлан Стоев: Дa не се губи време околу преговорите со Македонија


Дијалогот меѓу Бугарија и Северна Македонија мора да продолжи и во иднина, за остварување на единствената и заедничка цел – земјата да започне преговори со ЕУ, изјави денеска вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев нагласи дека на средбите со претставници на земјава […]

Вучиќ на 28 и 29 јули во Скопје на Економски форум со претставници на над 175 српски фирми


Србија– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава. Како […]

Летно кино на отворено кај Школка со проекција на филмот „Пинокио“


Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот- кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20.30 […]

Десетгодишнината од смртта на Ејми Вајнхаус одбележана со документарец


Англија – Легендарната поп-пејачка Ејми Вајнхаус ги отпеа стиховите: „Се обидоа да ме натераат да одам на рехабилитација, но јас реков – не, не, не!“ Точно 10 години по смртта на британската пејачка, семејството и пријателите во соработка со Би-Би-Си, снимија биографски документарец чие прикажување ќе се случи денеска, на годишнината од нејзината смрт. Таа […]

Општина Центар ќе одредува колку ќе се пуштат терасите на кафулињата


Советот на Општина Центар ја усвои Одлуката за утврдување на условите, начинот и постапката за издавање одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор на територијата на Општина Центар. Со донесувањето на Одлуката, Општина Центар станува активен фактор во заштитата на јавните површини во реоните на Дебар Маало 1 и 2, Парк и Мал Ринг. […]

Игор Пачемски со нова колекција на долна облека: “Алиса во Еко Земјата на Чудата“ (галерија)


Колекцијата замислува одмор на брегот на локалното езеро при скусено ниво на јаглерод диоксид и зголемена возбуда предизвикана од добро локално вино, крваво портокалови зајдисонца и психоделични ноќни неба “Noblesse Oblige“ e специјализиран бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка “Yes Master“ Игор Пачемски кој се стекна со застапништво во […]