Во Србија над 200 новозаразени за еден ден, се препорачува трета доза вакцина


Во последните 24 часа во Србија биле регистрирани 202 новозаразени од 8.853 тестирани, а тројца пациенти починале. Во моментот има 323 хоспитализирани, од кои 10 пациенти се на респиратори. Од почетокот на пандемијата, 7.098 лица починаа од последиците на вирусот во Србија, додека 719.664 лица беа заразени. Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните […]

Рекорден број на новозаразени во Турција


Бројот на нови инфекции со коронавирус во Турција се искачи на над 10.000 денес за првпат од средината на мај, достигнувајќи 11.094, додека 60 лица починаа, соопшти тамошното Министерство за здравство. „Ако сакате утре да биде подобро од денес, држете се до мерките. Вакцинирајте се “, напиша министерот за здравство Фахретин Коча, објавувајќи ги податоците. […]

За исплатената еврообврзница плаќавме 20 милиони евра годишна камата, со најновата 12 милиони евра помалку


Со репрограмирање на каматната стапка од 3,975 отсто за еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата еврообврзница, годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на својот Фејсбук. – Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на […]

Премиерот со нов имиџ: Заев пушта  брада


Промена на имиџ, фаза во животот или премногу обврски, премиерот Зоран Заев деновиве е со нов изглед. Секогаш избричен, со неколкудневната брада предизвикува внимание и позитивни коментари. Новиот имиџ на премиерот му одговара на стилот на облекување – елегантен, секогаш во костум и во кошула, со вратоврска или без вратоврска . Заев не сме го […]

Во Приштина откриен споменик на косовската фудбалска легенда Фадиљ Вокри


Во главниот град на Косово денеска попладне беше откриен споменикот на легендата на косовскиот и југословенскиот фудбал, поранешиот претседател на Фудбалската федерација на Косово (ФФК), Фадиљ Вокри, кој почина од срцев удар во 2018 година, на 58-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина. Споменикот висок три метри, подигнат на влезот на стадионот во Приштина […]

Австрија: Се повеќе заразени кои короната ја донеле од одмор, најмногу од Шпанија и Хрватска


Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од одмори во странство, а најзаразени се оние кои летувале во Хрватска и Шпанија Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на […]

Власта и опозицијата спорат околу ребалансот на Буџетот


Собранието на Република Северна Македонија попладнето ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во рамки на 47-та седница. Пратениците од опозицијата рекоа дека ребалансот на Буџетот не е развоен, дека се кратат капиталните расходи, а се зголемуваат материјалните трошоци. Тие забележаа дека Владата води погрешни економски политики, која ќе ги донесе граѓаните […]

Од Армани до Ралф Лорен: Олимписките игри во Токио во знакот на високата мода


Јапонија- Олимписките игри во Токио свечено се отворија денес, кога спортистите на светот маршираа зад своите носители на знаме. По отварањето, луѓето ќе почнат да коментираат и за тоа што носат. Олимписката облека носи многу разговори на социјалните мрежи, почнувајќи од парадата на нациите што трае со часови. Чекањето, кое траеше една година поради пандемијата, […]

Шахпаска: Со законската мерка „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците


Целта поради која го носиме законот за работни односи со кој се дефинира дека недела е ден за одмор се работниците и работничките права. Работниците се основниот човечки капитал којшто учествува во процесот на производство, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Шахпаска, во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, потенцира дека […]

Хаос во Словачка: Граѓаните на улица, полицијата со солзавец ги растеруваше


  Интервентната полиција испали солзавец на стотици демонстранти кои го блокираа влезот во зградата на парламентот на Словачка. Некои демонстранти извикуваа: „Предавство“, а еден носеше натпис „Стоп за корона фашизмот“, поради законот со кој на вакцинираните против Ковид-19 им се овозможува полесен пристап до настани и простории, така што и во треговски центри може да […]

САД купиле 200 милиони дополнителни дози на вакцината Фајзер/Бионтек


 Американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ денеска соопштија дека американската Влада купила 200 милиони дополнителни дози од нивната вакцина против „Ковид-19“ и оти имаат опција да се купи нова верзија на вакцината против Делта сојот. Во соопштението се наведува дека вкупниот број на дози што ќе бидат доставени до САД е 500 милиони, од кои, според податоците […]

Почина работник во кочанска фабрика


 Вчера околу пладне на работното место починал работник во фабрика во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 13:02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12:30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на […]

Почна изградбата на брана на река Отиња, шест децинискиот сон на штипјани


Изградбата на брана на реката Отиња, шест дециниски сон на штипјани, денеска официјално започна во присуство на високи владини претставници. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните две и пол години. „За само две и пол години општината направи подвиг за реализација на проект заглавен во процедури децении наназад. Општината го подготви основниот проект со […]

Агенција за филм: Поддршка за долгометражни играни филмови на младите автори Косара Митиќ и Марјан Гавриловски


Агенцијата за филм денеска ги соопшти резултатите од првиот рок од мартовскиот конкурс за поддршка на филмските проекти за 2021 година. Според резултатите, финансиска поддршка ќе добијат шест краткометражни играни филмови, три краткометражни документарни филмови, и два краткометражни анимирани филмови. Исто така, Управниот одбор на Агенцијата за филм одлучи да финансира два проекти во делот […]

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години, и тоа е втора вакцина препорачана за адолесценти. Употребата на вакцината Спајквакс (Spikevax) на Модерна ќе биде иста како кај адолесцентите на возраст од 18 до 25 години. Компанијата „Модерна“ уште во мај објави дека […]

Денеска исплатени 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година


Министерството за финансии информира дека Република Северна Македонија денеска во целост ја исплатила еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжила за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 процентни поени. Од Министерството за финансии велат дека ја докажуваат својата цврста заложба […]

Грешката на Светлан Стоев околу Данска и Норвешка


Данска не беше една земја со Норвешка до 1905, како што тврди бугарскиот шеф на дипломатијата, туку Норвешка беше во унија со Шведска. На чело на таа унија беше шведскиот крал   Службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, обидувајќи се да поентира околу барањето на Софија македонија да го промени Уставот и […]

САД за инвестирањето во Македонија: ИКТ секторот е зрел за вложување, корупцијата е главен проблем


Пандемијата има големо влијание врз македонската економија и способноста да ги апсорбира странските инвестиции, оценува Стејт департментот   Македонија продолжува да биде погодна за комерцијални инвестиции на САД, особено во делот на информатичката и комуникациската технологија, но иако водењето бизнис е лесно, а правната рамка е добра, сепак, корупцијата во земјата останува еден од главните […]

Бочварски: Експресниот пат Штип-Кочани е пат кој ќе даде економски бенефит и развој на целиот источен регион


 Експресниот пат Штип-Кочани или Крупиште-Кочани, е пат за да даде економски бенефит и развој на целиот источен регион и на граѓаните кои што живеат во Чешиново-Облешево, Кочани и во целиот регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот дополни дека овој пат е за поголема безбедност, за, како што рече, „да спасиме […]

Д-р Гочевска: Од патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција, 20 се во изолација од кои четворица се позитивни


Од патниците кои пред неколку дена се вратија со автобус во државава по летувањето во Грција, досега 20 има во изолација од кои четири се позитивни, а останатите се контакти. Изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите кои ги имале. Тоа се млади луѓе кои биле на летување во Грција. Ова денеска го […]