Нинова: Без БСП нема стабилна влада


Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, неколку часа пред да се сретне со раководството на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за БНТ изјави дека без нејзината партија не може да има стабилна влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа ја оцени како лицемерна можноста „партиите на […]

Во Драч запленети 6,5 килограми кокаин


Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со јужно овошје натоварен во Еквадор, откриени и запленети се 6,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Тирана. Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена […]

Британија може да го изгуби и Стоунхенџ од листата на УНЕСКО


Еродира глобалната репутација на Британија како земја која се грижи за заштита на своите највредни културни добра   Велика Британија ја уништува својата глобална репутација за зачувување на своите „неспоредливи“ историски добра, предупредуваат органите за култура, при што се очекува Стоунхенџ да биде следниот во редот за да го изгуби статусот на светско наследство по […]

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Традиционално во понеделник, на 26 јули, во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување, соопштија од политичката партија. „Ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат […]

Отворен нов Тинекс маркет во населба Аеродром


Тинекс и понатаму ја реализира визијата за ширење на ланецот на маркети со цел задоволување на потребите на потрошувачите со одлична услуга и широк асортиман на производи. Денес (24.07, сабота) беше отворен нов Тинекс маркет на ул.23 Октомври бр.7 во населбата Аеродром и се наоѓа во непосредна близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. […]

За четири до шест недели повеќе од четири милиони луѓе во Либан може да останат без пристап до вода


Обединетите нации (ОН) предупредија дека повеќе од четири милиони луѓе во Либан, вклучително и еден милион бегалци, се изложени на ризик да го изгубат пристапот до безбедна вода, бидејќи недостигот на средства, гориво и залихи влијаат на црпењето вода. „УНИЦЕФ проценува дека повеќето пумпања на вода постепено ќе престанат низ целата земја во следните четири […]

Зибери: Функционерите треба јавно да објаснат зошто не постапуваат по препораките на Народниот правобранител


Ресоцијализацијата и образовниот систем за малолетниците сместени во Воспитно поправниот дом Тетово е најголем проблем, вели Зибери   Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за МИА вели дека најголем проблем е ресоцијализацијата и образовниот систем за малолетниците сместени во ВПД Тетово. Парцијалното решавање на овој проблем или народски кажано обезбеденото образование колку да се каже […]

Балканскиот танцов проект „Сви марш на плес“ на „Охридско лето“


Свежо и иновативно театарско искуство со музиката на „Бијело Дугме“ и кореографската поставка на танцовите на Игор Киров вечер е на програмата на Фестивалот „Охридско лето“. Сцената „Долни Сарај“ ќе биде исполнета со танц и музика што ги носи претставата „Сви марш на плес“, во измислен свет во кој познатите хитови на култниот екс-ЈУ бенд […]

Во поплавите во Германија загинаа 180 лица, а околу 150 се водат за исчезнати


Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули, според новите владини податоци, загинаа 180 лица, а околу 150 се уште се водат за исчезнати или недостапни. Според првичните податоци, имаше 177 жртви. Германските метеоролошки служби повикаа на претпазливост поради новите врнежи од дожд викендов на западот на земјата. Најпогодениот регион Рајнска […]

Климатските трошоци во САД можат да им помогнат на руралните заедници да ја прифатат зелената агенда


Насочување милијарди долари на федерални трошоци за борба против климатските промени во руралните делови на САД би генерирале значителен поврат на инвестицијата, велат истражувачите од Институтот за светски ресурси (WRI), повикувајќи ги креаторите на политиките да се залагаат за регионална еднаквост при преминот кон чиста енергија. Инвестиции од околу 15 милијарди долари годишно во текот […]

Јавниот долг во еврозоната прв пат го надмина нивото на БДП


Јавниот долг на еврозоната надмина 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал на 2021 година, прв пат досега. Ова е поттикнато од потребата земјите-членки да продолжат со мерките за финансирање за ублажување на економските и социјалните последици од пандемијата и мерките за закрепнување од коронавирусот. Според податоците на агенцијата за статистика на […]

Првиот златен медал во Токио за Јанг од Кина


Кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг го освои денеска првиот од вкупно 339 златни медали на Олимписките игри во Токио, откако троиумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.   Јанг до златниот медал дојде буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 261.8 погодени кругови, поставувајќи, притоа, и нов олимписки рекорд. Сребрениот медал го освои […]

Министрите од Г-20 не успеаја да се договорат за поамбициозни климатски цели


Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор. – Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто […]

Овчеполието станува мека на зелената енергија


Овчеполието станува центар за производство на зелена енергија. Ветерот и сонцето, кои ги има во изобилство, ќе се искористат за производство на електрична енергија. Стартуваше и официјално изградбата на „Ветропарк Богословец”. Првиот приватен македонски инвеститор „Тхор импекс“ ќе вложи 61 милион евра за поставување осум ветерници со капацитет од 36 мегавати електрична енергија. Со стартот […]

Земјотрес од 6,6 степени на Филипини


Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините. Земјотресот е регистриран меѓу островот Миндоро и главниот град на Филипините, Манила, објавија светските агенции. Епицентарот бил на длабочина од 173 километри. Сè уште нема информации за опасност од цунами.

Eвропските вредности и критериуми да се применат и во случајот со Северна Македонија


Случајот на Северна Македонија е сериозен тест за европската перспектива на регионот и за постулатите на Унијата како заедница на вредности, што ја слави јазичната и културната различност на континентот. Влогот е огромен, и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети критериумите за пристапување кон […]

Бајден одобри 100 милиони долари од Фондот за итни случаи за авганистанските бегалци


Американскиот претседател Џо Бајден во петокот одобри до 100 милиони американски долари од Фондот за итни случаи за задоволување на „неочекуваните итни“ потреби на бегалците што произлегуваат од ситуацијата во Авганистан, вклучително и апликанските баратели на имигрантска виза, соопшти Белата куќа. САД се подготвуваат да започнат со евакуација на илјадници апликанти за авганистанска специјална имигрантска […]

Рекорден број вакцинирани во еден ден, активни 265 случаи на Ковид-19


Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови. Воедно, апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот. Од Министерството за здравство информираа дека во изминатото деноноќие биле регистрирани 36 нови случаи на заболени од Ковид-19. Во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која […]

Сончево со мала облачност, температури до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево со […]