Нови 37 случаи на Ковид-19, најмногу во Тетово


 Во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19, од направени 4.264 тестирања. Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи во Тетово се 13, во Скопје 12, во Велес 3, во Гостивар, во Прилеп и Струмица по […]

Австрија ги засилува граничните контроли поради мигрантите


Австрија ги засилува граничните контроли бидејќи се повеќе мигранти се обидуваат повторно да влезат во земјата, изјавија денеска министрите за внатрешни работи и за одбрана, Карл Нехамер и Клаудија Танер. Околу 400 дополнителни војници првично ќе бидат испратени на границата. – Сведоци сме дека повторно се зголемува бројот на луѓе што ги приведуваме на австриската […]

Брнабиќ: Најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 до Македонија


Србија – Српската премиерка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот огруг, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА […]

Илјадници на протести во Сиднеј поради рестриктивните мерки, реагираше полицијата


Австралија – Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени. Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата. Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание […]

Заев: Каква и да е одлуката на УНЕСКО Охрид и Охридското Езеро се нашето богатство што мора да го чуваме


Независно каква ќе биде одлуката на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, тоа е нашето културно наследство, природно богатство кое што мораме да го чуваме. Тоа го истакна претседателот на Владата Зоран Заев кој денеска беше во работна посета на Охрид. […]

Фич го потврди позитивниот кредитен рејтинг на Бугарија


Бугарија– Бугарското Министерство за финансии соопшти дека меѓународната агенција „Фич“ го потврдила долгорочниот кредитен рејтинг на земјата ‘БББ’ со позитивна перспектива. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според меѓународната агенција, краткорочните негативни ризици поврзани со пандемијата и несигурноста од изборите се компензираат со можноста за значителни финансиски средства од ЕУ и Планот за обновување […]

Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза


Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини […]

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен


УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места ќе биде 40 степени. Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24. За денеска […]

Џил Бајден ги врати туфните на голема модна врата во Токио


Јапонија- Туфните се вратија на голема модна врата. На најгледаниот спортски настан во светот –Олимписките игри во Токио од највлијателната прва дама во светот. Д-р Џил Бајден на церемонијата на отварањето избра црно –бел фустан со туфни што ги искомбинира со црни сандали на висока потпетица, црна чантичка , бисери и црна маска со знамето […]

СЗО Европа-ЕЦДЦ: Делта-варијантата доминатна во Европа, да се зајакнат напорите да се спречи трансмисија


Швајцарија– Делта-варијантата на Ковид-19, која ги загрижува властите, се шири брзо низ Европа и веќе е најдоминантниот сој во голем дел од регионот, покажуваат најновите податоци. Според податоците пратени до СЗО Европа и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), помеѓу 28 јуни и 11 јули 2021, Делта-варијантата била доминантна во повеќето (19 […]

Бранковски го освои 21 место, не стигна до финалето на Олимписките игри во Токио


На Летните олимписки игри во Токио, утрово во 6 часот наутро по средноевропско време настапи првиот македонски олимпиец, Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Во квалификациите нашиот натпреварувач успеа да го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи. Бранковски успеа да погоди вкупно 573 кругови, во третата серија (од вкупно шест) беше најдобар […]

Фаучи: Се движиме во погрешна насока, Ковид-19 ги напаѓа невакцинираните


САД – Се движиме во погрешна насока, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи и изрази загриженост бидејќи САД непотребно се најдоа во ситуација кога бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 се зголемува поради невакцинираните Американци и ширење на многу заразниот Делта сој. Фаучи потврди дека владините службеници „активно ја разгледуваат“ препораката вакцинираните лица да […]

Од понеделник пријавување за вакцинирање против Ковид во домашни услови


Министерството за здравство соопшти дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против Ковид на вакцинален пункт, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. […]

Димитров на средби со министри од ЕУ: Поддршката силна, датум нема


Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на неформалниот состанок во Брдо крај Крањ оствари повеќе засебни средби со министрите за европски прашања и надворешни работи на земјите-членки во ЕУ како претставници во Советот за општи прашања на кој се дискутира и одлучува по однос на политиката на проширување. Како што соопшти СЕП, средбата со францускиот […]

Ѓоковиќ лесно ја мина првата олимписка пречка


Србинот Новак Ѓоковиќ со рутинска победа го почна настапот на олимпискиот тениски турнир, совладувајќи го во 1. коло Уго Делијен од Боливија со 6:2, 6:2. За пласман во 2. коло на Игрите во Токио на најдобриот светски тенисер му беа потребни 61 минута. Следен противник на Ѓоковиќ биде 48. тенисер во светот, Германецот Јан Ленард […]

Во Русија се урна мал авион, двајца загинати


Две лица загинаа при пад на мал авион во близина на селото Каљинка, во регионот Хабаровск, во Русија. Претходно, регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации ја потврди оваа информација, наведувајќи дека едно лице загина, а другото е тешко повредено. Прес-службата на регионот Хабаровск за ТАС потврди дека повредената е 40-годишна жена која претрпела […]

Кина веќе освои два златни медали на Олимпијадата


Кинеската олимпијка Хоу Џихуи (24) го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 48 килограми, поставувајќи нов олимписки рекорд. До златниот медал, втор за Кина на првиот натпреварувачки олимписки ден, Џихуи дојде со вкупно кренати 210 килограми, осум килограми повеќе од „сребрената“ Индијка Чану Мирабаи. Бронзениот медал и припадна на Винди Кантике Аисах од Индонезија […]

Монсунски дождови во Индија, најмалку 125 загинати


Спасувачките екипи во Индија се обидуваат да стигнат до десетици куќи уништени во поплавите предизвикани од монсунски дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, во кои загинаа 125 лица. Државата Махараштра е најтешко погодена од најновото невреме. Ова се најобилните дождови во јули во последните неколку децении, велат научниците. Тие траеја неколку дена и погодија […]

Казнети и исклучени од сообраќај 91 пијан возач


 Вкупно 91 возач се санкционирани синоќа зашто возеле под дејство на алкохол, соопшти МВР. Акцијата е спроведена синоќа од 21 од 03 часот на територијата на целата држава. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта., апелира […]

Мицкоски реагира: Советничка на Заев предложена за член на Судскиот совет


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира на предлогот за член на Судски совет тврдејќи дека станува збор за советничка на премиерот која сега се преставува како независен експерт. -Еве зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство. Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа. И […]