Во Драч запленети 6,5 килограми кокаин
Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната
контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена и запленета дрогата, пакувана во неколку пакетчиња.
кокаин. Тогаш беше уапсен менаџерот на компанијата Бајрам Гумени, додека по сопственикот Едуарт Даути се трага.
Даути, тогаш за албанските медуми изјави дека со семејството се наоѓа во Франција, дека нема никаква поврзаност со тоа и оти веднаш ќе се врати во Тирана за да ја потврди својата
невиност.
– Не сум одговорен за тоа што е ставено во контејнерот по пат. Албанските шверцери ја користат мојата стока за транспорт на нивната дрога, изјави тој.
Според медиумте, ова е третпат оваа компанија да ја користат шверцерите со кокаин од Еквадор во Албанија.
Во Драч на 1 април беа откриени 49 килограми кокаин, а на 10 април 140, скриени во контејнери со банани натоварени во Еквадор. На 18, минатиот месец, пак, во ова пристаниште беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо, а крајна дестинација била Италија. Возач на камионот беше македонскиот државјанин Н.А.