Бензема позитивен на корона вирус


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е позитивен на корона вирус.

Кралскиот клуб соопшти дека францускиот напаѓач е позитивен на Ковид-19 и дека ќе биде надвор од тимот.

Бензема ќе мора најмалку една недела да биде во карантин.

Прашање е дали 33-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за почеток на сезоната.

Неодамна, тој со Франција играше на Европското првенство, каде испаднаа од Швајцарија во осминафиналето по пенали.